Од темава повеќе гледам дека нема никаква критика, а тоа е загрижувачко. Испаѓа транс дека е секој што сабајлево ќе се разбуди како транс. Можеби јас погрешно сфаќам што е транс, личноста ваљда треба да сака да се вклопи, прилагоди со спротивниот пол - оној за кој тврди дека се чувствува така. И ок, ама во оваа приказна не можам да сфатам сериозно некој што сам себе се дијагностицирал или идентификувал како транс, некако постои потреба да биде докажано дека навистина е од плејада професионалци, а потоа и да се преземат конкретни чекори за таа транзиција. Некритичкото прифаќање на "сабајлево се разбудив како астроџендер, вчера бев сељоџендер, а лани бев нон бајнари" нема никаде никако да донесе позитивна промена. Мислам дека луѓето кои реално имаат проблем и на кои реално треба да им се помогне се губат покрај овие непронајдениве. Не можеме да знаеме дали рандом Трајко стварно е транс и нема подли намери или опнал сукња и ајме транс жена сум. Мора да постои линија, структура, зошто вака на големо се отвори врата за секакви патологии што прво на психијатар се лекуваат, па после се размислува за останатото. Пак, живееме во Македонија и ова уште не е наша реалност, ама зад мутилирањето на малолетни деца и пукање со хормони за кои и те како ќе имаат трајни последици, не е алтруистичка побуда.
Ами јас многу пати прашувам како да разликуваме безопасни транс жени од опасни или од мажи што се преправаат жени и освен - па верувај му на збор, друг одговор не добив. Оти има и неколку што и транзитирале ама пак си биле манијаченца. А наводно и не морале да осеќаат дисфорија, да не им сметале доле органите, камо ли па за транзиција да се замараат. Или ќе набутаме све - и транс жени и небинарни и микроџендери и штознамвише ја у женски простории, случајно да не увредиме некој, па сеа ако настрада некоја ЖЕНА, тоа е, живи здрави да сме, шо е една силувана менструаторка наспроти погрешна заменка. А многу па ми е јак аргументот кога ќе настрана жена од транс жена дека аа ама тоа не е транс жена, маж е. Пошто транс жена не може да е насилна или шо е работа?
Си размислувам. Зошто мора општо трансродовоста да изгледа и да промовира изопаченост. Еве ќе го земам хрватскиот модел кој е транс жена. Доколку истата учествуваше на Олимписките игри како плесачица, воедно имаа нормален настап, без мадиња, без исмевање на религија, кој воопшто ќе коментираше во негативна конотација. Најверојатно немаше ни да биде забележана. За мене ова треба да биде пример за трансродовост. Ама маж облечен како жена со брада, не е ниту транс жена. И токму тоа беше поентата, да се покаже колку недијагностицирани луѓе шетаат на светот.
Ако Андреја Пејиќ како трансродна жена, добие подобар ангажман како модел од биолошка жена, некаква поголема титула или што и да е, дали би тврдела дека на останатите биолошки жени им е извршена неправда? Или да ја земеме Рики Валери Кол, мис Холандија (на фотка подоле). Еве овие не промовираат ,,изопаченост". Зошто онда и овие ги ставаат на тапет? Во случајов со Рики Валери Кол имаше огромна фама поради тоа што транс жена освоила титула за мис. Дали смеат овие да ви влезат во соблекувална? Дали смеат овие да ви земат професија ако се вработуваат жени по бадентеров принцип (лол)?
Апсолутно ништо не ми е смешно. Предвидливо и тажно. Спорно е што во перформансот шета Марија Антоанета и си ја носи сопствената глава. Плукаат на сите свои кралеви и ритери, повторно ги убиваат оние кои веќе еднаш ги убија. Каде е Јованка Орлеанка? За мене е таа симбол на Франција, симбол на убавина, храброст, родољубие....го нема ни Наполеон... Што остана од славната Франција? Никакви естетски ни етички вредности, дури и семантичките исчезнаа... Запрашај се дали Франција ќе беше она што е, да немаше толку славна историја...за жал не е битно веќе...
Не заборавајте дека дрег кралици не се транс жени туку се најобични геј мажи кои се облекуваат така за да настапуваат. Многу луѓе не го разликуваат ова. Геј мажи како типични мажи се исто многу проблематична група на ЛГБТ заедницата. Гледав кој го организирал сето тоа за Олимписки и се ми беше јасно. Епа, sorry, ама се приметува кој е навистина транс жена, а кој не е. Кој навистина осеќал непоимлива дисфорија, а кој не. Всушност затоа тука е битен поимот трансСЕКСУАЛНА жена, а не трансџендер. Особа што планира да се преправа дека е транс за да манијачи жени нема да се труди да транзитира во другиот пол, тоа ќе биде многу површно. Не можеш да ми кажеш дека личности како Jamie Clayton, Hunter Schafer, Blaire White, NikkiTutorials, јутуберката Николина од Србија (ако ја знаете) не се најнормални личности кои одлучиле дека ќе ги прави среќни да транзитираат и веројатно живеат најнормално.
Пак, како се приметува? Патем и оној Џонатан Јанив имаше направено транзиција, а братот беше манијак со тапија.
Така што или си трансексуална жена или си маж. Значи не постои транс жена која е во процес на транзиција, туку кога веќе транзитирала и почнува да личи на жена од далеку, по дефиниција е транссексуална жена. А за да се дојде до тој степен треба многу труд, пари, хормони и хирургија. Се надевам разбираш што сакам да кажам. Пиши ми го името на англиски да видам што се случило.
Ама како се вика темава, трансродови или транссексуални? Зошто мешате поими не ми е јасно. Кој е/што е транс особа? Мора ли да има дисфорија? (Не). Мора ли да транзитира? (Не) Еве, оваа комшикава твоја, какво транс е и за што уствари збори? За потреба за културна едукација за родови и полови во градинките. Сите вие сте трансфоби, вклучително и таа Блер од погоре. Све некои згодни, убави, ок биле жени. А Rachel Levine шо? Бонус-полот бил нон-бајнари а родот стооо https://theheroines.blogspot.com/2023/05/interview-with-lea-aymard.html Па и јазикот бил бинарен, пу јазк
Jonathan (Jessica) Yaniv. Е ај да речеме све тоа е океј ама транс движењето не вика така. Во Шпанија им донесоа закон кај што секој полнолетен може да промени пол во документи без било каква транзиција да има отпочнато. Дури и малолетници можат ако одобри суд. А и кај нас законот што пробуваат да го изгласаат наведува(ше) исто - само со административна постапка да смениш род, пол што год да е. И невладиниве даваат и поддршка на оној Лео што вика не осеќал дисфорија, ама после превртуваат очи оти обичните луѓе им се мешало во глава што е род, пол, што дисфорија, што транс. И молим те, некој што е опен мајндед и сака да разбере повеќе и да ги поддржи РЕАЛНИТЕ транс личности, кого да слуша?
Кога маж ќе истепа жена надвор од Олимписките игри, тоа е криминал за кој би требало да има нулта толеранција. Но, кога маж ќе истепа жена на Олимписките игри, тоа е РОДОВА ЕДНАКВОСТ и голем цивилизациски исчекор! Овие олимписки се бетер и од евровизија.
За мене лично можам да кажам, ако доволно долго (по професионална проценка) трае транзицијата, СО вистинска транзиција а не само умствена, тогаш ќе ја прифатам транс жената како и секоја жена, освен ако не е Карен, Каренс не прифаќам никаде и од ниеден пол. Не е доволно некој да се чувствува како жена за да можам да го примам во inner circle. Нон бајнари не рачунам.
Imane Khelif на сликата е цис жена (да преведам - родена е жена, не е транс личност) со високо ниво на тестостерон. Верувам дека го знаеше ова пред да пишеш, ама намерно одлучи да спинуваш. Дај опрај се, жити мене.
Pa ova e maz Bo fustan, a ne zena, liceto e masko I nasminkano и ако е овој /а мис и тој термин мис отишол во неповрат, и не толку убава жена е подобна да биде мис од ова , што и да е
@Biljarkata @Munchmallow20 Јас не реков дека целата транс заедница така функционира и размислува, ама ги има нормалните што го тоа мислат. И според мене таа определба е единствена. И кога веќе некоја жена транзитирала до степен што навистина изгледа женствено сувишно е да се дискутира дали е чичко во фустан, дали да се обраќаме во машки род или дали може да е во соблекувална со нас... не го велам тоа на некој woke начин, туку ти ке изгледаш смешно и лудо намерно да нарекуваш таква транс жена, маж.
Бај д веј, имам и уште едно име за тебе. ИСТ случај - цис жена. Да не се избрукаш пак со тврдењава. Lin Yu-ting. Е сега, уште поинтересно за тебе - и двете горенаведени жени ги имаат поминато сите тестови за учество во Олимпијадата во 2024. Страшно што ви направи трансфобијава.
Аман со ова цис, преку тасета Жена е жена, и толку. Се друго што не е жена е маж, или сака да биде жена. Дајте имајте усул малце, кој сака нека мења пол, све ок, али не го правете нормалното ненормално и обратно. Тенкју вери мач