Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    Не се споредливи едно со друго. За натпревар на убавина, се бира по една претставничка од земја. Значи од милиони биолошки жени, они даваат предност на транс жена. Воедно изборот е токму за жени. Секогаш и бил. Сега им текна нешто инклузија им прават, ама на погрешно место центрираат. Додека пак да бидеш модел, распонот на ангажмани е огромен, и побарувачката е поголема.
    Исто така, пропорциите на горенаведената ама воопшто не соодвестуваат на биолошките карактеристики на една жена. Па се прашувам, по кој критериум е бирана.
    Професија може да ми земе било кој, ако е поквалификуван од мене. Тоа никогаш не е спорно.
     
    На LiquidLuna и Gosh им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Дали цис жена, дали жена, дали биолошка жена, пак не е транс жена, ниту маж - како што се тврди во цитираното мислење мадам. Мислам, тоа е поентата на писанието, не терминот. :wasntme:

    Ако не ти се допаѓа цис, не се опишувај себе како цис никогаш и проблемот е решен.

    Нешто @EvAngelos ни е тивок. Сигурно спрема папка со докази од IBA да ми докаже дека сепак се мажи. :lol:
     
    На Angie1432 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Срамота ми е во твое име. Зошто шириш дезинформации? Не си видел жена со мускул?
     
    На Angie1432 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.062
    Пол:
    Женски
    Разбрав што е поентата, и што сакаш да кажеш, во ред во право си, жена и жена се тепале ок.
    Не се опишувам, не можам да се опишам затоа што постојам како жена, можам да се декларирам. И да, секогаш се декаларирам како жена, затоа што само жена и маж постојат. Све остало е како се осеќа. Не постои цис, постои трас жена, нема потреба да се додава збор пред "жена" што се родила како жена, тоа се подразбира. А "жена" што не се родила како жена, односно била маж пред да стане жена си бара објаснување, или опишување ако така милуваш, треба да си носи придавка трас. Мислам дека се разбираме паметно човече си ти по постовиве ко шо гледам :)
     
    На Feminka22, Mumoftwo30, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Типката се клукала со тестостерон на велико и затоа и се има пореметено и фаца и тело. Па затоа помислив дека е машко. Греота, се унаказила.

    На претходните олимписки ја дисквалификувале поради зголемено ниво на тестостерон у крвта:
    https://www.bbc.com/sport/olympics/articles/c4ngr93d9pgo
     
    На Mumoftwo30 и Viveki им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Океј, сепак тестираат и ако не ги исполнуваат критериумите, дисфаликуваат. Не е многу поразлично од пола таму што цела година клукаат стероиди и дроги за да вежбаат па се веројатно малце прочистуваат пред Олимписки.

    Значи: се натпреварувала жена со жена според пол. Што се жалите?

    Мора да има долга коса и цицки за да си задоволен?
     
    На Gosh, Angie1432, FriendOfDorothy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Блаблабла gender eligibility test.:drunk:
    Абе јасно му е некому на планетава дека тестостерон е полов хормон и нема врска со gender?
    *на текстов од бибиси се однесува ова, мада очигледно и целиот наратив е отиден у цурац, не смееш пол да спомнеш, све е џинџер-балансирано:bug:
     
    На Mumoftwo30 и Viveki им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Ама тие нормалните се небитни, тие се рандом поединци.
    Ти како една од понормалните оди кажи ѝ на Ирена Цветковиќ дека законот што го предлагаше не е во ред и ќе бидеш прогласена за трансфоб мега про. А кој повеќе се обраќа кон јавноста, ти или она? И кого јавноста повеќе ќе слуша, тебе или неа? Она и сличните на неа ги претставува транс лицата, биле тие фејк или реални и нормално јавноста ќе има одбивност према целава работа.

    Кога више спомнуваш транс жени, еве кај нас Лила вика скандалозно било да бараме било каква отпочната транзиција за можност за промена на пол во документи. Па наводно у Малта со телефонски повик можело да мењаш документи. И ова е демек позитивен пример така?
    И како да поддржувам вакви?
     
    Последна измена: 31 јули 2024
    На EvAngelos и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Ама пол не можеш да промениш, не верувам дека и транс личност мисли дека пол менува (ако мисли... нека преиспита колку е информирана таа личност за тоа што и' прават со телото).

    Родот е битна социјална категорија, мислам до мене ако е, ич не мора да стои во документи род, не гледам како родот игра улога на шалтер у банка и било каде искрено. Онаму каде што треба да се делиме, се делиме по пол, а не по осеќај за род. Дефинитивно би била ок со транс жена која е далеку отидена во својата транзиција (хормонски, хируршки), јебига и така може да се најде будала, ама и меѓу нас жените има будали така што, не дека е нешто значаен ризик. Ама чичко што само се осеќа, нека се осеќа на кафе со другарите.
     
    На Asparagus, Amellie13, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Па не ми го кажувај тоа мене Каме.
    Ја знам шо е пол, шо род, ама поборнициве на законот изгледа не знаат.
    Оти у документи пишува пол и они нели сегде имале проблеми по институции зашто рецимо му пишувало машки пол, а женско име или изглед или таква некоја неусогласеност.
    И тоа и го зборев тогаш, они се осеќале ко друг РОД, ама сакале да сменат пол во документи, ама после оти народот мешал пол и род. И затоа целава работа е само бучкуруш. И фала богу ретко кој ќе ги поддржи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Поназад имаме дискутирано за ова, прво нека си ги смени државата документите, односно што има во нив, може наместо ембг (што и вака е проблематично) да стојат рандом броеви, може на личната карта да ти стои и езбо да не мораш два различни документи да имаш, и да, нека стават џендер (род). Оние кои треба да знаат нека најдат начин да знаат (полиција, социјално, здравство) останатите не мораме да знаеме. Ама кај нас се' е наопаку, место да почнеме од една проста работа како истополов брак, ние отидовме џендери да дискутираме, а уште немаме ни професионалци обучени да работат со таа група на луѓе (специјалисти, социјални работници, психолози итн.). И не само транс, општо, не знам колку се стручни и отворени кон хомосексуалците општо, од мое искуство со доктори, не баш. Ние тој чекор уште не сме го направиле, темел не сме ставиле, дискутираме за керамиди.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    Тоа во матичниот нема врска дали било машки или женски број. Има броеви и по град на раѓање кој потоа се менува со преселби, па никому ништо. Сега значи јас ако сум со бројче од Кичево на матичен, а се преселам во Струмица, треба драми да правам да ми се смени бројчети оти се осеќам како струмичанка? Какво си е бројчето на матаичниот од раѓање, такво си е, тешко на мозокот мој ако ми е дојдено до тоа во животот. Стварно некои имаат премногу време во животот, блазеси им.
     
    На Bitter-Sweet и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    ЕМБГ не е баш темава ама ајде. Сите имаме проблем со ЕМБГ поради заштита на лични податоци, застарен модел е, едноставно денес постои начин да добиеш ембг кој е уникатен за тебе, а притоа не објаснува датум на раѓање, место на раѓање, пол итн. Не е нешто што ја засега само транс популацијата, сите нас не' засега.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.321
    Пол:
    Женски
    Тоа да, се сложувам, да е рандом број поради тие причини, заради општо добро на поединецот и заштита на податоци. Ама да се менува од 410 во 415 пример дека транс било лицето, ептен ми е глупо.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    И е глупо, затоа што ембг се добива со раѓање и означува пол, а не род. Како и да е, полот е важен за одредени институции, не е важен за поширока популација.
     
    На Gosh, ArabellaStarfall, Just_a_kid и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Коа сте веќе кај Блер, идете гледајте ја психолошката сеанса каде кажува дека најверојатно е транс затоа што била сексуално злоставувана како дете...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Спикинг оф спинување, и Навратилова спинува на темава.
    XY female:drunk:? Дисквалификувани од светскиот натпревар во бокс 2023, ама таман за на олимпилјада?
    https://eu.usatoday.com/story/sports/olympics/2024/08/01/olympic-gender-testing-boxers/74615354007/
    Во најмала рака интерсекс, ама полот небитен, заштита на приватни информации...

    Ич не ме занима темава, ама кога е веќе хедлајн на меинстрим медиуми, ваљда е битно.
    Да повториме-хромозоми и хормони не се прашање на род/џендер мендер...
     
    На Gosh и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Кога не може да се носи машко со машко ќе се проба во женска категорија и сето тоа дозволено зошто така се идетификувал(а).
    Жал ми е за девојката зошто не победи заради сатанистите.
     

    Прикачени фајлови:

  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Интерсекс се посебна тема и нив не им е лесно. Ама кога се се пика во едно, за да се оправдаат глупости е просто калабалак.
     
    На senjorita-v и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Со вакви глупости на наредната олимпијада може речиси сите медали од машко женски категории да земат мажи и машки жени(женски мажи).

    Утре ако се случи ова во ракометот на пример ќе имаме постигнати 60 голови и скршени раце и раменици.