Баш тебе те чекавме да ни кажеш како треба Ни психолошки тестови, ни промена на пол не требало. Така вика СЗО. Го прогласувам форумов за умрено, заедно со идејата за дебата. Ах, да, и заедно со полот.
Немам никаков проблем да споделувам простор со личности кои никому не наштетуваат, никого не задеваат, зошто би имала? Ако стравувам од лунатици и манијаци поради изолирани случаи во рубриката за црна хроника, треба никогаш да не излезам од дома. Дали е во ред транс-луѓето под дифолт да бидат дискутирани како потенцијална опасност и закана по женската безбедност, ако повеќето од нив, како и повеќето цис луѓе, или како да се изразам, тоа не се, и си гледаат пред себе својата работа? Да се прашувам јас, овие промени ќе продолжат да се имплементираат тивко и суптилно, без галама и населението полека ќе сфати дека не се случува ништо страшно и секојдневието не му е нарушено во споредба со "вчера". Ама јас од моменталнава своја позиција не гледам ни причина да ми одговара заваденост и дефлекција. Тоа би требало да остане во минатото, но за жал, многу полека се влегува во иднината. Ми се чини дека луѓето додека постои светов, ќе се залагаат за одржување на статус кво и се дури е така, изгледаат невозможни поголеми исчекори кон ново време, многу поразлично од се досега.
Па да, очигледно човек со емпатија, која е инаку позитивна човечка особина, нема да размислува како тебе. Немаш право да имаш дискусија во врска со нешто за кое не си едуцирана. Не може да има правила и закони врз основа на твое субјективно гледиште. Ти да беше реално загрозена од страна на транс луѓе, ке можевме да збориме, ама тебе целиот аргумент ти е како ти е гадно жена да има пенис и толку, се згрозуваш на самата помисла. Не можеме ништо да направиме со тој аргумент, ниту пак да те сфатиме сериозно. Луѓе кои кон други луѓе не гледаат со емпатија, кои политички не размислуваат со емпатија се паразити на општеството. Нормално дека имаш право да те други теми повеќе засегаат кои се повеќе лично поврзани со тебе, ама иди дискутирај во тие теми. Ама кога ќе дојдеш тука, кога ќе почнеш да дискутираш и тоа бајаги да тропаш глупости, мора да си едуцирана. Еден ден кога ќе треба да гласаш нешто поврзано со права на ЛГБТ заедницата, мора т.е. пожелно би било сите да гласаме едуцирани, нели? Во секој случај, не знаеш доволно, не знаеш што збориш, само ги труеш темите. Едно мислење асално да имаше, ЕДНО. Ама немаш. И погоре убаво си објасни зошто немаш.
Девојче, порасни за почеток, потоа фати се за работа, па зборувај ми како да си го пополнам времето што го немам, за магистерска едукација за трансродовите лица. Емпатија е релативен поим. Онаму каде што ја делам, за тебе можеби е безначајна и обратно. Емпатична сум према бездомни животни и насилство према нив, затоа што нивната благосостојба зависи од нас. Емпатична сум према жени, жртви на семејно насилство, деца без родители, нивно злоставување и физичко малтретирање во домот или во училиштата. Емпатична сум и во однос на насилство врз луѓето со спротивна сексуална определба од мојата. Но, не сум емпатична кога моите добиени права, се погазуваат на сметка на туѓи. А и не знам зошто ти се објаснувам, како воопшто да имам потреба за да се правдам. Дали ми е гадно жена да има пенис, не е предмет на дискусија, но е далеку од биолошки нормално. И на пенисот местото не му е во соблекувалните наменети за женски лица со вулви. Крај. Дискусиите што се одвиваат на форумов се обратнопропорционални со реалноста и она што се говори во јавност. Толку се создава лажна слика, што просто не знам ни зошто се уште транс лицата не ги користат просториите наменети за жени. Колку што ти имаш право на свое размислување, толку и јас. Дали тоа ги трујам темите, обрати се кај повисоките органи. Вашата култура добро ја перцепирав во двете теми. Затоа што во ниту еден момент, без да биде моето пишување навредено, не иницирав навреда врз туѓо размислување. Ако сметаш дека добиваш на супериорност со користење на одредени зборови, наменски, со цел да навредиш нечие размислување, длабоко се лажеш. Напротив, чист пример на лицемер. И не ме замарај ако не ти се дискутира со мене.
Ваква констатација е производ на долгогодишна едукација во областа на трансродовоста Дали со оглед на тоа што го прочитав последниот пасус на Википедија, веќе ме прави специјалист во областа?! Чисто се прашувам....
Па гледам дека цело време се грижиш за пенисите, ама не се загрижи за вагините во машки соблекувални и вц-а
Ќе ти кажам на кајгана. Нели женски форум е, зошто да зборувам за мажи? А и јас сум жена, ќе зборам за она што мене ме афектира.
Ме е*аат ли мене, за она што јас мислам и сакам и не сакам, или пак ми наметнуваат да сакам и не сакам? It's a mutual feeling.
Кој дел од тоа дека сакам посебни простории за жени со присуство на жени со женски полови органи, не ти е јасен? Како дојде до тоа прашање? Да сакав, немаше да пишувам на оваа тема.
Оти ќе се мочаме истовремено. Како споредуваш домашен мочарник со јавен? Освен ако ти е на улица и наплаќаш мочарина.
Се дури има клуч на вратата у реду е. Проблемот станува поголем секој ден и не се решава со антагонизам. Ама токму антагонизмот некому одговара. Кому, појма немам. Кој што сака нека мисли, ова е многу мачна тема https://eu.usatoday.com/story/opini...ns-bathroom-policy-sexual-assault/8568005002/
А што си се фатила за тоалетите? Што е со соблекувалните, каде немаш врата. И не дека целосно можам да попречам пристап на машко лице во женски тоалет. Вратата е достапна само во кабината. Туку што ти пишуваат погоре види. Зошто не го коментираш тоа?