Мене искрено ме загрижи ова најмногу за цела ситуација. Ми беше "смешно" дека под тој превез на знаење се и сешто, се обраќаа грешно и на биолошки жени. Ама после ми текна од кај е девојката и не ми беше поќе ни смешно. Иди од место каде не е легално да си транс. Вакви обвинувања буквално можи животот да ја коштаат. Вакви обвинувања ги натераа родителите да вадат медицински белешки и слики пред пубертет кога беше мало девојче. И ваквите докази не беа за светот да се смири дека е жена. Туку животот да не ја кошта дома. И то е тажно дека мораше да дојди до таква ситуација. Јас сум целосно за она шо @KateKane го зборуваше назад за транс жените во спортовите (и затворите). Некои работи се поделени на база на биологија, а некои на социјален конструкт. Тие кои се поделени на база на биологија имаат причина за тоа и треба да се држиме до тоа. Неќам да се повторам зошто беше доста целосна. Сум за дури и тестирање на нивоа на тестостерон некое време пред натпревар и тоа да е основа за дисквалификација.
Што се тиче тебе, бидејќи си лгбт, макар и да е вистина маж, трансродова жена, ти ќе застанеш на негова страна и спроред тебе ќе биде нормално да се такмичи со биолошка жена. Ти немаш никаква почит спрема жена ама буквално, само за да застанеш и да ја одбраниш лгбт заедницата.
Мене ми е смешно да даваш поддршка и оправдување на некој што со своето однесување штети на жените и децата. Тоа е исто како јас да дадам поддршка на стрејт лице, само затоа што е стејт, а ваму врши насилство врз жени, окупира нејзин интимен простор и манијачи деца.
Па така е, сигурно нема да поддржам некој манијак само зашто е стрејт, или да сум лгбт затоа што е лгбт. Исто се деси и со Лиа Томас, трансжена(биолошки маж) ја доби наградата за прво место во пливање иако со Рајли завршија исто време, и само зашто е транс му ја дадоа на него. Тоа што он коа се такмичел ко маж бил 400 и некое место и сеа наеднаш ко жена е прв, не е битно, се нема никаква респект спрема Рајли која цел живот се борела за таа позиција. Ете им отворија и посебни категории за нив, никој не се пријави, зашто? Зашто е многу полесно да идеш и да тепаш жена, во било која категорија зашто физички си појак од нејзе секако.
Преинрересни сте. Рацете си ги имам укочено по тастатури за феминизам, за женски права, жени секој ден се тепани, силувани, убивани, малтретирани, абе ве нема глас да пуштите. Никаде. Никогаш. За јавна соба сама си го бараа. За силувани, што бараат сами ноќе. Ама се дешава ова, во контактен спорт жена губи од на крај она што се испостави друга биолошка жена со синдром, абе косата ви попадна од секирации. Во сите други теми не знаете како повеќе да навредите жени, овде ми продавате прикаски дека ви значи што боксерка била удрена. Во бокс. Жени кога се повредени ве боли само кога е засегнато ова прашање. Или ако се мигранти. Оти не дека ги сакате жените, туку толку ги мразите другите, тоа е нереално.
Што ставаш свои зборови, на моето пишување. Никаде немам напишано дека една жена за нешто сама си го барала или да не шета навечер. Јаката борба ја имаш направено, рацете од куцање ти се укочилеПошо од пишување на фемина, светот ќе го промениш. Баш имаше едно видео. Пародија на случувањата. Маж тепа жена, не може, не смее, ама мажов става шминка и облака фустан, секако дека смее и може. Кои пуфки ги продаваш жено борбена? Еве јас лично немам против да се натпреваруваат. Но, со полот кој и самите се носители. Или нека си има посебна категорија. Земи го брат ти или дечко ти за пример, ако облече фустан, може да го совладаш и зошто па да не?
Ич не ја сакам. Во спорт каде преовладува биологијата јас не се согласувам трансродови жени да се натпреваруваат.
Како што постое параолимпијада, нека постое и трансолимпијада (нели инклузвност). Или да нема категоризација по род туку да смкнат гаќи пред мечовите па муда на муда, слива на слива шо е сигурно, сигурно е.
Јас сум апсолутно против транс жена да се натпреварува заедно со жени во било кој спорт, ама овој случај не е баш така. Сензационализмот си го направи своето. Родена е како биолошка жена со некој хромозомски проблем, во пубертет машките хормони и стануваат доминантни. Сеа читав дека италијанката и се извинила. 5 други жени веќе ја имале победено во бокс, вклучително и италијанката некогаш претходно. Дури и жал ми е што и прават ваков булинг онлајн само затоа што не изгледа како жена. Италијанката очигледно издрами. А читам дека ќе и плателе 50к.. за што? Тоа што се појави на олимпијада? Се мислам да тркнам и ја за 4 години ко така.
Реакциите беа толку бурни бидејќи транс жени да се натпреваруваат со жени во спорт не е фантазија, туку реалност, како случајот со Лиа Томас. Секој нормален без разлика накај која идеологија влечи ќе го осуди тоа. Но се согласувам дека се претера и кога нечиј живот е под опасност треба да знае да се застани. Сепак ме натера да мислам дека мора да има обавезни тестирања за нивоа на тестостерон, што очигледно е дека кај женава биле многу повисоки ради тоа пореметување на хормоните што го имала.
Многу ми е жал што цел интернет и врши булинг на Иман, а жената ни крива, ни должна. Повеќе постои шанса никогаш да не чула што значи транс отколку да е транс. Од Алжир бе. Па има. Од организацијата на Олимписки изјавија дека се направени тестови, како тие заради кои била дисфаликувана лани на првенството во бокс. Годинава ги поминала.
И тоа е многу сомнително како ги поминала и колку се валидни. Од тоа што видов градбата на телото и беше многу послична со маж, башка лани била дисквалификувана.
Не може да е жена со XY хромозоми. Има девијација. Кај неа иако била родена и впишана како женско, била со два пола. Кај неа е доминатен машкиот. Полов орган можеш и да исечеш и пак ке бидеш маж или жена. И таа и другата од Тајван. Овие боксерки поради доминацијата и антомијата која кај нив станала доминантна треба да се исклучат од натпреварувања. Затоа што удираат како мажи поради девијацијата,тоа не е фер спортување во женска категорија. Олимписката организација нема направено тестови туку официјално изјавија дека се водат по тоа што е впишано во пасош.
За првото, се согласувам. Сепак, не може да не знаеме, денес, во 2024, што е пол. Ева Клобуковска во 1967 е погрешно идентификувана како не-жена на половите тестови и нејзините рекорди се избришани. Ева подоцна раѓа син. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Ewa_Kłobukowska Кастер Семениа во 2009 победува на трки на 800 метри после што е подложена на серија тестови за одредување пол. Откриено е дека има генетски пореметувања, ХУ хромозоми, ама не сака да биде нарекувана интерсекс. Од 2019 Светската атлетичарска асоцијација забранува учество со повисоки нивоа тестостерон, и затоа Семениа не е на оваа олимпијада https://en.m.wikipedia.org/wiki/Caster_Semenya#text=Following Semenya's victory at the,home country of South Africa. Боксерите уште не можат да се договорат, дали тестираат пол или род, едните биле за русите, другите за американците... и така до моменталната папазјанија денес.Мислам не е фер за Иман, не е етички нешто за некого да важи за некого не...а најбитно, на властите и организаторите им се битни само пари, останатите се секако играчки, јер сепак игри се...Олимписки... а за народот, ако нема леб, барем игри...
Ти како жена што овде не кандисуваше дека маж ноќе зад грмушки најверојатно сере и дека нема никаква опасност за жена кога е сама сега некако си ептен засекирана овде. Лицемерие до бол. Не ти е гајле тебе за жени. Мрази си што сакаш, твое право, ама дека нешто за боксерката си засекирана, не си. Да ја нападнел маж некаде по пат, немаше ништо да кажеш. А не, уствари може ќе речеше дека сама си го барала.
Покрај сувото гори и суровото. Да не се пикаа мажишта во женски спортови оти наводно се осеќале ко жени, и да не се форсираше тоа толку дрско и себично, може немаше да се скока толку за случајов, ќе се решеше понормално се. Форсирајте патлаци да учествуваат во женски спортови, па ете вака ќе страдаат сите страни.
Оу не, има жени што не се вклопуваат во вашата претстава како мора да изгледа идеална жена што значи мора да е маж!!! Иначе, тие тестови кои наводно докажале дека е xy не се ни достапни и има цела контроверзија околу нивната валидност.
Не е транс. Како е жена со xy хромозоми? Тоа го тврдат од ИБА затоа била суспендирана, пак имаат изјава. Ако има ДСД исто како Семениа зошто и е дозволено да се натпреварува со жени? Како е фер спрема жените во спортот тоа? Не е. На второто , би требало да знаеш дека Жените немаат иста анатомија како мажите, се разликуваат . И тоа не како јас или друг ги гледа.