Зошто била дисквалификувана тогаш од светско првенство? Баш она? ИБА е исто сериозна организација. Апсолутно се потребни тестови. Зошто не. Ако има покачен тестостерон и хромозоми, нека ја отстранат. Зошто ако има таа е маж. Иако се декларира како жена има нарушување. И не треба да боксува со жени. Во Атлетиката се јасни: March 2023, World Athletics announced that female athletes with differences in sexual development (DSD), resulting in high naturally occurring levels of testosterone, would need to reduce their blood testosterone to below 2.5 nanomoles per liter—half of the previously accepted level of five nanomoles—for a minimum of 24 months Зошто Олимпискиот комитет оди контра одлуката на ИБА ?
Па шо да пишуваме кога сите сме истомисленици на таа тема. Ќе напишиш мислење дека не бива силувач да биде дел од Олимписките, сите се сложуваат и тоа е тоа. Може таму ако се јавевте со мислење дека човекот е супер и дека се идентификува како несилувач и треба да биде таму, ќе испишевме 100 страни, ќе имаше расправии и дебати. Ако сите имаме исто мислење, тоа е.
Леле, знаеш ли колку жени имаат покачен тестостерон. Ако е родена како жена, жена е, не маж. Мислев се разбираме што значи биолошки пол. Во ред е да има тестирање, но тоа било лани. Левели на тестерон како што и ти сама цитираш, се менуваат. Она се натпреварувала со години наназад, значи и била во ред биологијата. Толку се испреврте случајов, од тоа што нема апсолутно никаква врска со ЛГБТ инклузивност, стана чиста мизогинија спрема жена која не ја заслужува.
Олимпискиот комитет е подмачкан со вазелин и финансиран од истите тие што му поклониле вазелин. Агендата им е таква и ќе најдат секаква дупка за да протнат некој како овој,оваа,ова..незнам ни што е. Се воделе по пасош....добро што не пишувало дека е вонземјанин. Да имаше чиста душа МОК ќе ги пуштеше сите "спорни" прво на тестирање ама ќе скокнеа пудлиците за некакво си дискриминирање.
Брат жими се Маќедоња, лулка на експерти со просечен коефицинет на интелегенција овај интелигенција 80. Од транс до ендокринолози, боксери и пливачи, абе Швисс на балканов.
Иман Келиф изјави „Јас сум жена“ откако за првпат освои олимписки боксерски медал. Сребрениот медал е загарантиран, ќе видиме за златен. Браво, премило ми е. Особено што ја победи трансфобичната унгарка Лука Ана, која бесрамно споделуваше мизерни слики против Иман.
Он може да изјави и дека е вонземјанин. Но ДНК тестот покажал дека тој во секоја своја клетка има машки полови хромозоми (линк). Науката не ја интересираат нечии чувства и себеидентификации.
Леееле не ми се верува дека уште ја тераш пропагандава, и покрај тоа што 100 души ти докажавме дека немаш појма шо збориш. Б р у к а реално. Да сум жена и да ми ги "браниш правата" вака, би заплакала од мука. Туку, го прочита ли барем тоа на линкот што ми го праќаш?
Треба да се преиспиташ, не е реално колку имаш омраза спрема стрејт луѓе… од толку што се обидуваш на сите да им докажеш колку се тоа е нормално, сам правиш да е поненормално. Респект никаков да се немало спрема жена, ЖЕНА, не цис и слични измишљотини, од што не знаете како да се изглупирате веќе.
Феникс... Ако ти сама се ставаш во групата на стрејт луѓе кои не ги сакам, па заради тоа ти изгледа како да е омраза кон цела стрејт популација, тоа е твој личен проблем на кој треба да поработиш. Не претставуваш една цела популација, како што и боксеркава од Унгарија не претставува цела стрејт популација. Кон нормални стрејт луѓе без фобии од различности и малцинства, немам никакви негативни чувства. А и плус, иМаМ СтРеЈт ПрИјАтЕлИ, повеќето со согласуваат со мене.
Дај жити се, што се тиче тебе и случајот со Лиа Томас е правилен. Никогаш не би застанал на страна на некој што не е лгбт, па макар и убиец бил тој од лгбт. Немам ја проблем со лгбт, проблемот е со тие како тебе што по секоја цена би избрале страна и да е грешна. Сите ти се транс или хомофоби тебе, само зашто размислуваат поинаку од тебе. Па затоа и треба да поработиш малку и да го преиспиташ тоа. На страна случајов со девојкава Иман. Ти си пристрасен, и маж да беше пак ќе беше на негова страна и ќе кажеше дека се е тоа нормално, само за да ја одбраниш лгбт популацијата.
Се претера со бурни реакции и лажни информации за Алжирката ама па и ги разбирам луѓево - самото отворање на Олимписките игри промовираше трансродовост, каква врска тоа има со спорт и каква порака требаше да пренесе? Епа затоа луѓево сега вака реагираат и посочуваат кон трансродовост. Тоа им беше сервирано.
Кои 100 души? Ти и уште 2-3ца од твоето ЛГБТЌЉ лоби Дали Имане Келиф бил дисквалификуван лани од меѓународната боксерската асоцијација (IBA) ? Да. IBA не ги објавила имињата на дисквалификуваните, но повели прочитај што пишала за нив: "По результатам ДНК-тестов мы выявили ряд спортсменов, которые пытались обмануть своих коллег и выдавали себя за женщин. По результатам тестов было доказано, что они имеют XY-хромосомы. Такие спортсмены были исключены из соревнований", - сказал Кремлев. Извор: https://tass.ru/sport/17370249 Превод: „Врз основа на резултатите од ДНК-тестовите, идентификувавме голем број спортисти кои се обидоа да ги измамат своите колеги и се преправаа дека се жени, врз основа на резултатите од тестот, беше докажано дека тие имаат хромозоми XY. “, рече Кремлев. Ваљда до толку знаете биологија, дека луѓето со XY хромозоми се мажи, а луѓето со XX хромозоми се жени.
Веќе ти е објаснето и ова. ИБА се дел од руската машинерија за измама на Олимпијадата. Ја таргетираа Келиф бидејќи и го сруши рекордот на една руска боксерка. И одбиле да покажат било какви детали за „тестовиве за хромозоми“ што ги направиле, што автоматски ги прави невалидни. Келиф нема XY хромозоми.
Македонски бумери на Фејсбук ти се репер за одредување дали Русија врши пропаганда или не? Ова е земја која праќа семејства како слипер агенти да шпионираат во туѓи земји и им заповедува да ги лажат сопствените деца дека се аргентинци. Тоа дека слични измами тераат на Олимпијадата воопшто не е под прашање.
Овој не е тој институтот што е дебело платен од Сад? Па пере мозоци и се што не му чини кажува дека е Руско или Кинеско.
Ако кој го плаќа кој е битно, тогаш сигурно ќе ви биде и битно дека рускиот Газпром е единствениот спонзор на ИБА.
Токму така. Основачи се СДС активисти од шарената револуција: Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини. Се формираа веднаш после францускиот предлог.