Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    На Светското што беа исклучени и таму Газпром беше главен спонзор или како?
    Мислам си направија медицински тестови како што и ТРЕБА и тоа е.

    Ако имаш поголемо количество промили забрането ти е да возиш.
    Така и со генетиката е во спортот и ништо не е спорно, само што некој ги шверцува да учествуваат во ПариЗ.
     
  2. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Да, токму таму беше тој тест за кој не може да дадат никакви докази.
    Ако го однесеш полицаецот на суд, и тој треба некаков доказ да даде за промилите, а не само да каже trust me bro.

    Значи се кредибилни. Фала за инфото за нивното формирање. Се плашев дека некои ВМРОвци биле.
     
    Последна измена: 4 август 2024
  3. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Надлежните си имаат докази и не се должни нас да ни дадат извештај.
    Кога читаме некој бил позитивен на допинг тоа е тоа. Има 300 врсти на допинг. Тебе ни мене нема да ни менува ако е на надролон или што било друго ако е сепак позитивен.

    Ако имаат агенда на заштита на информациите за тие луѓе тогаш и така ќе биде. Ќе известат само за епилогот.
     
  4. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Значи не ти смета кога надлежни се некои Руси, ама еве на Олимпијадата надлежните немаат проблем со овие натпреварувачки. Ако мислиш дека доказите воопшто не се битни и само е битно што ќе кажат надлежните, тогаш немаш никакво право да ги осудуваш надлежните на Олимпијадата за нивните одлуки.
     
  5. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    Никогаш не било дозволено на олимпијада да се мешаат жени со мажи и обратно и никогаш не било тоа доведено до прашање се до оваа олимпијада.
    И да имам право да осудувам маж да тепа жена зошто му напишале на пасошот дека е жена.И осудени педофили кога учествуваат.
    Према отворањето се виде каква е агендата од старт и дека некој дебело лобирал на оваа Олимпијада.

    Утре некој лудак ќе дојде со женка Гепард и ќе рече ова е мојата жена сака да се трка на 100 метри а веројатно и тоа ќе биде ок за некој испиен.
     
    На Gosh и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Па и не е дозволено ниту на оваа Олимпијада. Само вас ви смета што за да обвините некоја биолошка жена дека лаже за тоа ви се потребни конкретни и непокорливи докази, а не само тоа да се базира на изглед или невалидни тестови од десертифицирани руски организации.
     
    На staycalm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.292
    Пол:
    Женски
    Ох боже. :rofl:
    И ти така слепо веруваш на збор? Па без извештај нема доказ. Правото така функционира. Може треба да се преиспитате што потпаѓате толку лесно на пропаганда. Тој извештај да постоеше сега трансфобите гордо ќе го шераа кај стигнат. Толку ли не ви текнува? :wasntme:

    Искрено се надевам дека алжирката злато ќе земе денеска. За целиов булинг што и го праите, прво за сите жени, ама особено за оние што не ви влагаат во замислената рамка за жени.
     
    На _beautyy_, Angie1432, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.924
    Уште Русите и Американците фалеа на темава, за да има релевантност(facepalm)

    Ако је појео, онда је мушко, ако је појела, онда је женско:wasntme:
    Долго е времето и времето ќе каже, што е вистина, што лага:mm:
     
    На Gosh, Feminka22, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ова нема врска со трансфобија. Алжирецот не е транс, туку е хермафродит (имтерсекс по ново).
    Типот не е фер да се натпреварува ни во машка, ни во женска категорија. Евентуално некоја посебна категорија за интерсекс луѓе.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Интерсекс и хермафродит се два поими со различно значење. :)
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.292
    Пол:
    Женски
    Прво има голема врска, целата хистерија ја прават токму фобичните.
    Второ, се работи за биолошка жена со повисок тестостерон. Малку е злобно и исклучително мизерно и покрај тоа да ја условуваш во машки род. Те молам не ги брани жените не ни правиш никакво добро.
    Трето и најбитно, други жени ја имаат победено милион пати претходно во бокс, вклучително и италијанката и тоа многу кажува за конкретната ситуација за која како слепи за стап си терате глупа пропаганда.
     
    На Gosh, _beautyy_, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ноуп. Биолошка жена има женски (XX) полови хромозоми. Биолошки маж има машки (XY) полови хромозоми. Да немал генетска аномалија во Y-хромозомот, боксеров ќе си имал пенис со целосно здрави тестиси. Аномалијата е таа што направила да не развие целосни и здрави машки гениталии, а поради доминантното дејство на X-хромозомот да развие женски гениталии. Затоа има и машки и женски карактеристики. Тоа е интерсекс.

    А зошто во пасошот му пишале женско? Затоа што полот го одредуваат на основа на тоа што ќе видат меѓу нозете на бебето. Ако видат црвче, пишуваат машки пол. Ако видат дупче, пишуваат женски пол. Сепак гениталиите се подложни на промени и можат истите да се менуваат со хирургија. Половите хромозоми кажуваат најпрецизно дали ние сме мажи или жени.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Докторска пракса е кај децата родени како интерсекс да ги преобликуваат со примарно женски полови одлики.
    Иако машките одликисе јавуваат кај нив во пубертет.
    И кај нас во МК исто.
    Би требало да важи истото правило како и во атлетиката.
    Како може во атлетика да важи, а во бокс да не се ни провери.
    Или да им забранат да се натпреваруваат додека не се симне нивото на тестостерон.
    Со покачен тестостерон или нарушување ДСД не е во ред ниту да плива,трча ниту да боксува.
     
    На Feminka22, Mendelez, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.292
    Пол:
    Женски
    Јеп.
    Точно мажи имаат ХУ. За сега таа теорија за алжирката не е докажана. Знаеш што е докажано? Докажано е дека се родила како жена со вагина. Детство поминала како женско девојче. Пубертет поминала како жена со вагина. Од таму и полот во пасош. Тоа се факти кои стојат. Се друго се теории. Постојат некои тврдења од дискредитираната руска боксерска организација, ама ништо објавено јавно за ти да го користиш како аргумент, оти не постои. Тестостерон/влакнетост може да се покачи и од полицистични јајници иначе. Тестостерон на овие ОИ поминала. Пред 4 години во Токио исто била и изгубила, од жени! Маж со ХУ тешко дека би изгубил од жена во бокс, тука сите може да сме сложни.

    Дали не би требало транс жени да се натпреваруваат во иста категорија со жени, апсолутно не треба, оти е нефер поради очигледни физички разлики кои што и те како прават голема разлика. Фактот стои. Транс жена не е, а за хромозомска девијација/интерсекс не е докажано и излишно е да се убедуваме само поради тоа како изгледа кога жени кои имаат строги тренинзи не е чудо да се со машки карактеристики.
     
    На Angie1432, Srckata28 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Се надевам научивте важна лекција од целава калакурница. Дека трансфобијата е деструктивна за СИТЕ жени. И заради една шака опседнати будали што се толку жедни да им се фрлат на транс жените, на оваа боксерка и' се расипува најголемото достигнување во кариерата.

    Срам на ви е на сите што едвај чекавте некој прв да пише за да се нафрлите, и срам да ви е што рипнавте пред да проверите. Тоа всушност многу убаво ја опишува моменталната ситуација во светов. Кур ги боли сите за вистината и реалноста, битно е само да се хејта во прва прилика.

    @EvAngelos ти време е да научиш да прифатиш пораз и да се повлечеш. Упорно тупиш дека женава е маж кога нема буквално никаков доказ за тоа и само продолжуваш упорно да се бламираш.
     
    На crimson, RespectAndObey, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    И сега по се ова дека е можно биолошка жена да има xy хромозоми, мажи со xx ,жени до тестостерон колку маж, и обратно мажи со ниско ниво тестостерон што испадна ?
    Дека лицата од лгтб+ сепак имаат пореметување и е на некој начин е болест?
    Не велам да бидат отфрлени понижени вреѓани но сепак. И не е нормална состојба?
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Дали Имане Келиф бил дисквалификуван лани од меѓународната боксерската асоцијација (IBA) ? Да.

    IBA не ги објавила имињата на дисквалификуваните, но повели прочитај што пишала за нив:

    „Врз основа на резултатите од ДНК-тестовите, идентификувавме голем број спортисти кои се обидоа да ги измамат своите колеги и се преправаа дека се жени, врз основа на резултатите од тестот, беше докажано дека тие имаат хромозоми XY. “, рече Кремлев.
    Извор: https://tass.ru/sport/17370249

    Луѓето со XY хромозоми се мажи
    Луѓето со XX хромозоми се жени.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Дали IBA е десертифицирана организација поради големи нивоа на корупција? Да.
    Не треба да се верува на ништо руско во светот, особено во спортот. На Кремлев му требаат докази, не само неговиот збор што ништо не вреди.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.924
    Во атлетика важи, оти 2016 Рио заврши вака

    Злато, сребро и бронза 800 метри жени- трите интерсекс со 46 ХУ кариотип. upload_2024-8-4_19-49-30.png

    Тажни се овие приказни, за сите инволвирани...
     
    Последна измена: 4 август 2024
    На Gosh, Feminka22 и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Навистина е тешко страна да се завземе.
    Италијанката како да издрами малку, сепак е бокс.
    Секогаш постоеле "машкоданки", природно е и тие да се искажат некаде.
    Не можам да поверувам дека е навистина машко, иако денес се почива на лаги нечии...