Не, писменоста нема врска , (дури ни образованието ) ниту те прави "експерт" за сите области од здравство до квантна физика пример. Можеш само да изиграваш сезнајко и лечиш свои фрустрации врз друг, (во случајов јас) но и тоа нема врска со писменоста туку со набилданото его и психолошката состојба на една личност која не е во состојба да разбере дури и едноставни работи ко пр дека на јавен форум секој може да си каже мислењето и ако тоа мислење не ти одговара проблемот не е во таа личност туку во личноста со психичко пореметување , но тоа е веке друга тема и не би навлегувала, туку би се држела ко конкретната тема. Што се однесува до темата ако некоја личност има генетско нарушување конкретно со хромозомите и хормоните кои одредуваат полот и во тој спорт во случајов бокс во женска категорија постојат правила, тестирања и такви лица треба да бидат суспендирани но во случајов им прегледале низ прсти , не е во ред да се бидат во иста категорија Или најпросто кажано ниедна спортистка не е должна ниту виновна што некоја има генетско нарушување и заради туги интереси да се во иста категорија со жени кои генетски се мажи и следи дисквалификација. Ти блебетај колку сакаш апсолутно ми е сеедно.
Темата е трансродови лица. Боксерката не е транс лице. Крај е на твоето блабетање. И да. Писменоста има многу врска за се во животот. Позз.
Da, ti kazav jas и во предходната реплика што е темата, а не твоето блебетање околу писменоста и да си коментираш во соодветна тема. А за боксерката, зошто не им реплицираше на тие кои ја вметнаа во темата, тоа не бев јас. Крај на твојата писменост, егото билдај си дома врз твоите, не ке ти помине кај мене.
https://www.news.com.au/sport/olymp...l/news-story/b5437018a944a4215002865f341e25f3 Ама сепак се покајале и покрај тоа што се беше според "прописите".
Темава не е за педофили за транс особи е. Не мешајте баби и жаби плс Пола од вас овде не би дозволиле ќерка ви да ја млати маж, ама ок, на Фемина сме сите либерте
Кој маж млател жена? Боксерката е жена и цел свет и се извини за сето онлајн малтретирање што и го направија. Темата се прошири и почна да се збори за учество на транс лица на Олимпијада. Сите се бунеа за боксерката, а за педофилот не кажа никој ништо. Од истите тие "засекирани" за жени немаше ни еден збор за педофил кој силувал девојче. Дури и Италијанката се извини иначе. Само вие на фемина уште се тапкате дека маж било тоа.
Види биологија, медицина викаат ако има ХУ е машко. Тоа што има машки хормони фул, а женски полов орган, не ја праи жена. А тестостерон знаеме како мава
А каде пишува дека она е ХУ? Едит: сега видов дека она имала ХУ хромозоми. Значи тоа е маж, не е жена.
Прво нема, тоа е мит, а второ не е точно дека ако има присуство на xy хромозоми е маж. Тоа се вика Свајеров синдром, ретко генетско нарушување на биолошки жени. Еве ќе ти објаснам и што значи тоа. Тоа значи дека тие девојки имаат женска анатомија, женски полови органи, меѓутоа заради тоа што има инактивација на х генот (кај секоја жена која има хх нормално е едниот х да е инактивен). Е сега пошто они имаат само еден х, самиот тој е инактивен. Тоа не значи дека се мажи, туку немаат хормони за да можат секундарно полово да се диференцираат. Најчесто им изостанува менструација и така сеќаваат. Меѓутоа со полови хормони може да останат бремени, може и дете да износат и да биде живо и здраво, затоа што нивните овариуми, јајцеводи и матка се совршено здрави. Немаат ниту пенис, ниту тестиси, нити ништо друго кое важи за тело на биолошки маж. Ако им се развијат тестиси (во ретки, ретки случаи) тогаш тие се нефункционални, изградени се од сврзно ткиво наместо од нормално и најчесто подложат на карцином. Не продуцираат тестостерон. Што значи дека џабе беше сиот булинг кон девојката. Внимателно го следев случајот затоа што трансродови лица во спорт (а особено во контактен спорт) и мене ми отвора многу морални дилеми. Ама овде тоа не беше случај. Самата Италијанка се извини за тоа што го рече, ама доцна е веќе, Иман ја измалтретираа поштено.
Баш сега читав за овој синдром, и вика дека овие "жени" немаат менструација, матката не им е доволно развиена, гради неможат да развијат и неможат деца да имаат, ОСВЕН ако не им се даде хормонска терапија за да се доразвијат како жени. Инаку чим има хромозом У, се смета веќе дека е маж. Ама овие случаеви со такви синдроми, за мене се грешка на природата, оти колку и да го клукаш тоа човечко битие со женски хормони, пак ќе си го има хромозомот У, шо значи дека ќе си биде маж. Ако гледаме биолошки, сите фетуси се женски на почеток, покасно развиваат У хромозом со што стануваат машки, значи ова "чудово" е недоразвиен маж.
Олимписката боксерка Иман Келиф која доби златен медал а беше лажно обвинета дека е трансродова личност од крајно десничарски ширачи на омраза, ги тужи Ј.К. Роулинг и Илон Маск за сајбер-малтретирање и ширење лажни вести. Да се надеваме дека ќе и земе по некое милионче, вакви гнаси ко двајцава само ако ги удриш по џеб ги боли, и онака немаат други некои вредности у нив.
Сфати го синдромот како ситуација каде девојката не влегува во пубертет, најпросто кажано. Значи анатомијата ја има женска, меѓутоа заради дефект на одредени гени, х хромозомот им е инактивен. Тоа не значи дека у е активен, туку дека х не овозможува да развијаат секундарни полови карактеристики (гради, менструален циклус и сл.). Меѓутоа немаат ништо заедничко со биолошки мажи. Дури и да имаат ткива од машко тело, тие се инактивни, дефектни, неразвиени и подложат на карциноми. Иначе првото нешто што е за овој синдром е дека со хормоните што изостануваат ради дефектниот ген жената може да живее комплетно нормален живот. Во никој случај не е маж, тоа се пробувам да објаснам. Ако те интересира оваа тематика, состојбата е слична со Тарнеров синдром, каде жените немаат ху, туку само еден х (хо). Не беше убаво сиот тој булинг што и го направија, затоа и пола свет се извини.
Се едитирав погоре, незнам дали прочита, ете види за да не пишувам пак. Иначе никаде не е потврдено дека на боксерката и е дијагностициран овој синдром, ниту пак некој друг синдром. Можеме тука да нагаѓаме само, ама чим има ХУ, треба да се води ко маж, освен ако не е дијагностицирана со тие синдроми шо ги спомнавме. Прочити баш на интернет, го пише ова. Состојбава на боксерката изгледа никогаш не е прегледана од доктор, па затоа и се води како жена, пошо кога се родила, се родила со путка.
Не може да се води како маж затоа што ниту има машка анатомија, ниту пак секундарни машки полови карактеристики. Плус татко и даде изјава дека е родена како девојче, дека растела како девојче и дека никогаш немала тенденција да транзитира. А и тоа дека има ху е мит, била одбиена од International Boxing Association да учествува ради покачен тестостерон, а не ради присуство на ху хромозоми. Притоа таа асоцијација е распуштена заради проблематична етика во истата. Девојката си победи чесно, си зеде златен медал и мислам дека конечно треба да ја пуштат да си ужива во медалот на мир.
Јас уопште за победата не зборам, нека и е со среќа. Зборам за биологијата. Она е грешка на природата и е недоразвиен маж. Тоа шо доле има дупка а не продолжен кабел, не ја прави жена.
Не е. Тоа беше означено како фејк њуз. Девојката е од Алжир. Во Алжир ниту е легално да транзитираш, ниту пак е легално било што е поврзано со лгбт. Висок тестостерон може да има од полицистични јајници, вродена адренална хиперплазија, тумори, инсулинска резистенција, обезност и слично. Станува збор за биолошка жена, од самите надлежни во олимпијадата се потврди тоа.
Не зборам за транзиција. Од еден пол во друг. И хромозоми и хормони не е исто. Зборам дека типката има некој проблем или синдром шо не е дијагностициран. За хромозомите зборев, во случај да стварно има ХУ хромозом. А ако има проблем со хормони само, тоа е друго.
Никаде нема официјални информации дали девојката има синдром и каков, ништо нема официјално на интернет. Дури непријатно ми е да читам какви анализи правите и ја нарекувате грешка на природата. Оваа лево е девојката што освои бронза. Исто ненормален мускул има и изгледа ко машко. Ама не е. Тоа се жени спортисти. Let them be. Ако нешто треба да се докаже верувам дека ќе се докаже од страна на самите спортски организации. Имане ја снајде несреќа што првпат се бореше со некоја си mean girl од Италија што има 2 грама мускул во споредба со останатите, долга коса и цицки. И велам кучка затоа што во едно интервју Имане се изјасни дека со италијанката се знаат од мали и тренирале заедно во Италија, ја знаат и италијанските тренери и сите. Па замислите каков гад е што поттикна таква анти кампања за Имане. Така да ве молам. Stop it.
Па зошто овде се објавува дека имала ХУ хромозоми? Чим нема, нека си е. Јас само се надоврзав за муабетот за хромозомите. И да, луѓето со такви мутации, се грешка на природата. Тоа нити е срамно нити е страшно, туку е биолошки точно кажано. И чим не е транс, зошто се спомнува ова на оваа тема?