Вториот напад се случил во училница. Откако го преместиле во второ училиште. Јер во првото некоја трансофобна ,,лажела,,дека сексуално ја нападнал, а дечково бил џендр-флуиден. Е после уствари признале дека не лажела баш, ама ете, малку биле глуви и слепи. Значи вака другари НЕ. Не, не се сите транс-флуидни и слични личности опасни, веројатно се страшно малку (ако и воопшто постојат, не сум ја студирала темава) ама да се затвораат очи и уши, за вака сериозно обвинување, јер женско (сигурно лаже, башка татко и водоводџија) а родово-флуидно (најсензитивно прогресивно малцинство, do not question) не придонесува никако кон иницијалната цел на прифаќање, туку баш напротив. Како е битно во сексуален напад, дали напаѓачот е флуиден, лезбејка, желка или штојазнам, за неговиот збор да вреди повеќе? Ама ај, ќе праиме муабет за мочањето на Грим
Не го спорам тоа. Чак што више, гледајќи го форумов, не се ни сомневам дека е можно. И стварно не сакам да го доживеам тоа @GrimTheReaper да ми скокне од негде Ама тоа не е предмет на дискусија. Темава е многу комплексна и пак не сум сигурна дали е ова вистинската тема... ама... На светов му се случува транс епидемија. Податоците од УК велат ...In 2009-10, 77 children were referred to the Gender Identity Development Service, 52% of whom were boys. That ratio started to reverse a few years later as the overall number of referrals soared. In England in 2018-19, 624 boys were referred and 1,740 girls (2364 children)... Бројките се слични и во Шведска на пример. Затоа сега вака - во моментов во УК се дебатира за строга регулација на транзиција на малолетници. https://www.thetimes.co.uk/article/...a?shareToken=481c27764559d33740fad46cbfbda237 Што ли било погрешно регулирано досега, да ми је знати
Искрено, не сум поклоник на идејата за транзиција кај малолетници. Мозокот се развива до средината на 20тите и мислам дека не е паметно да се примаат хормони, барем до 18.
Не дали ќе се справат со ситуациите во иднина туку дали навистина сакаат да променат пол или цела идеја им е од некое психичко нарушување. Психијатар тоа може да го воочи.
Јас мислев дека не треба никогаш жена да се претстави како манијак зашто нели...тоа го трга фокусот од вистинскиот проблем, ама океј
Не сфаќам? Нема да замижиме пред фактот дека има и жени кои вршат полови напади. Точно е дека се во помал процент од мажи, ама постојат.
Значи ко се разминуваш со жена на темна уличка те мава страв малце дека може да те нападне? Исто као со муж? Или општо, некаде ко сте сами у просторија со непозната.
Алелуја, ај сега да праиме муабет како возрасни. Многу, многу добар подкаст од ББЦ кој објаснува малку повеќе околу проблемов, со инсајд перспектива. Со акцент на боди дисфорија, интернализирана хомофобија и наметнати родови улоги. https://www.bbc.co.uk/sounds/play/p09yk7dh Зошто транзитирале досега- не било политички коректно, да го преиспитуваат нивното мислење. Трансфобно било.
Добро освен што ќе се насмееме друга поента твитовиве немаат. Апсолутно е нефер биолошки маж да се натпреварува во категорија на биолошки жени, како сакаш сврти го проблемов.
Имаат поента. Сликата што ја цитираш е од биолошка жена. Таа биолошка жена најверојатно има повеќе тестостерон од останатите натпреварувачки, зошто нејзе и е дозволено да се натпреварува? Доколку е транс жена што транзитирала и со години била на хормонска терапија, нема воопшто значителна предност пред цис жените. Ако толку имаа транс жените предност, ќе беа шампиони во секој спорт пошто скоро секаде ги има, а не се.
А како процени дека има повеќе тестостерон? По физички изглед и мускули? Па спортистка е. И процентот на тестостерон кај жена е занемарлив во однос на тој кај мажите. Не, не треба да се натпреваруваат во иста категорија!
И шо сака да каже авторот? Како и да е се тепаат жена со жена и во однос на килажа, би требало и висина али во УФЦ има исклучоци како шо гледам.И кај машките има. И шо сакаш да каеш?