Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    4.644
    Пол:
    Машки
    Нели сами знаат и не им е потребен психијатар?
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.333
    Допаѓања:
    278.847
    Братов и слични на него се буквално причина зошто сè помалку постои разбирање и поддршка.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    4.644
    Пол:
    Машки
    Уште ова би го додал на темава..
    Немам ништо против транс лицата, секој може да прави што сака и тоа мене не ми пречи..
    Секој заслужува да биде почитуван, да не биде малтретиран, исмеван, навредуван.. Дека треба сите поединечно да бидеме еднакви да треба, ама и сите треба меѓу себе еднакво да се почитуваме..
    Транс особите барем голем дел од нив го злоупотребуваат тоа (не познавам лично ама од она што кружи тука и по соц мрежи), тие дупо повеќе хејтат стрејт лица отколку што трпат хејт... Уште бараат и менструални денови, а немаат менструација, и јас имам нога па ако скрши колегата нога не одам и јас на боледување со него. :drunk: И не бараат жените менструални денови од што така ќе си земат секој месец одмор и ќе уживаат, туку има жени (поголем дел и тоа) што трпат огромни болки и покрај тоа се приморани да работат најнормално тој ден како ништо да не им е, баш и не уживаат тие денови и навистина ги заслужуваат и не треба транс жените да ги злоупотребуваат.. Јас со мала настинка не функционирам нормално на работа, а не можам ни да замислам како е секој месец по 2-3 дена да имаш ненормални болки и да се очекува од тебе да функционираш нормално.. И пак ќе кажам никој не треба да го оспорува или злоупотребува ова, што би можело и негативни да се одрази и не добијат право жените на ова или пак им се укине во државите кај што имаат слободни денови..
    Не се борат производите кои што се користат за време на менструација, улошки, апчиња за болка да бидат бесплатни, ама менструални денови ќе користат...
    Да им се донирало за да транзитираат, па сметки да им се пателе, телефон да им се купел нов.. |(
    Да е некој тешко болен, без разлика физичка или психичка болест и нема пари да се лекува, нема ни да прашам дали е стрејт, транс, геј, црн, бел, жолт со цело срце ќе дадам колку сум во можност да помогнам, ама да го злоупотребауваш тоа што си транс и на основа на тоа да ти донирам никогаш..
    Има луѓе тешко болни и нив психата не им е катастрофа затоа што немаат терапија, немаат пари или неможат да си најдат донатор за бубрег?
    Малку не реално е да бараат пари само затоа што се транс и психички биле уништени..
    Разбирам дека може многу и трпат и напади и осуди и се тоа, ама не е океј она што го бараат за донации..

    Исто пак ќе кажам немам ништо против и не ми сметаат никој од лгбт популацијата, транс луѓе не знам, ама геј знам и сметам дека се многу поинакви од транс и повеќе респект имаат кон сите, ама никогаш не би отишол на геј парада.. Не од причина што сметам дека не заслужуваат правда, туку од начинот на кој ја бараат на тие паради, носат и деца со нив и секакви порно работи изведуваат и се тоа децата гледаат. Ако имаат цивилизирани протести да би излегол да ги подржам, сепак сексуалниот избор на животот не треба да влијае на тоа дали да бидеш прифатен од другите.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.211
    Допаѓања:
    204.737
    Еве, Марја-Свенја од погоре, сега ќе оди во женски затвор:mm:
    Оди докажи дека не е жена... или дека не е транс:sweat:
     
    На Gosh и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.333
    Допаѓања:
    278.847
    Вистина е дека транс заедницата е дел од лгб движењето од сам почеток, самата одев на повеќе паради во Македонија и повеќето беа сосема океј, ништо надвор од она што било кое дете на ТВ на лупам Звезде Гранда ќе види.

    Но, последните би рекла 10, можеби помалку години, мое лично чувство (и на геј популација околу мене од приватен живот) е дека транс го "киднапираа" движењето и се изгуби некаде по пат вистинскиот проблем на транс луѓето кои и пред 40 години беа транс.

    Што е до мене, многу пати сум повторила еве сега пак, ни против операција немам и поддржувам да е операцијата покриена од фонд но кај 1. Возрасни, деца ни случајно 2. Со психијатриски наоди и конзилиум кој стои зад пемпелето дека е тоа единствен начин таа личност да има поквалитетен живот

    Тинејџер може да "живее" како другиот род, односно да се претставува со родот со кој се идентификува и да постои во општеството со тој род, во никој случај процедури кои се конечни, трајни (блокатори, операции...).

    И единствени што би смееле да припарат до местата каде што постојат ранливи жени, се оние кои транзиционирале хируршки - не е доволно само да се осеќа како жена. Сè додека има пенис и тестиси е потенцијална опасност по жените кои сакале или не, се жени.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    4.644
    Пол:
    Машки
    Јас мислев нешто шала е сликата не знаев за ова сега истражив. Господинов со некаква цел го прави ова, осуден е 2023, а менува пол 2024 и тоа само на документи, има некоја корист што ќе лежи со жени дали за да им го загрози живот, дали од што се плаши од мажи... Уште кога го привеле бил во машка облека и ќелав ошишан, баш жените и тие што се осеќаат така сакаат ќелава фризура.. Кога веќе и е дозволено така да си менуваат пол без ниту една операција си трба и посебни затвори за тие, може има жени во тој затвор со трауми од мажи, може е таму бидејќи убила некој што ја силувал и сега маж ќе и се врти во затвор и ќе спие на страв.. Нека му плати затворот операција нека му плаќа хормони што ќе прима и нека седи со жени вака не.

    @CameliaMiller
    Пред 10 години искрено не знам како било, доста мал сум бил за паради и протести или подетално да се заинтересирам што и како се случува, за геј сум знаел што е, за транс не..
    Сега немам отидено од причина што од она што го гледам по тв е претерано порно за деца, сега кој има деца и не сака тоа да му гледаат нормално ќе исклучи, јас сум и против ѕг на мали деца да им се пушта да гледаат и многу сум против децата да си ги носат на паради со нив кога веќе планираат порнографија да прават таму..
     
    Последна измена: 10 април 2026 во 22:49