Зошто вакви одговори на темава? Затоа што @EvAngelos не сфаќа колку сексистичко му е целото однесување. Буквално врие од "извини ама ова е женска работа, а ова машка". Буквално излегува дека јас треба да очекувам сите мои колеги да ме гледаат попреку и да коментираат дека не ми е местото таму затоа што сум женско опкружено со 15 машки. И сега? Да направиме машки и женски свет ако не. Да одредиме машки и женски професии, или пак секоја компанија да има машки и женски оддел кои ќе се развиваат независно за да секој биде во соодветната конкуренција. Како што е за мене тоа што го работам професија, така е и за спортистите. Решенија има, ама решение не е поделбата на женски и машки туку категоризација по тежина, маса, јачина. Equity, not equality. Грдо и лицемерно е да коментираш за работи кои воопшто не те засегаат. Да вадиш од ракав боречки мечеви од боксери кои имаат кариера од 5 меча само, и кои се случиле пред 3 -4 години се со цел да докажеш некоја поента. Уште погрдо е кога не препознавааш интернет булинг, а се правиш на сила мирољубив. Да збориш дека против тебе се водела ад хоминем битка, а да ја користиш секоја можна опција за да навредиш. Не, не се зезав кога реков дека ти треба советување за контрола на бесот. Затоа што однесувањето ти е чисто силечиско. Дали шутираш чанти по ходник или вршиш психичка тортура врз луѓе кои не ти прават ништо ама ете не ти се по ќејф, разликата е мала, непостоечка. Не ти личи на годините.
Се постави тема првично за спорт и има доста за коментирање. Дали е типот во Ниш, дали седи на нет или шета, дали е за психијатар или не, контрола на бес??? Богдачува ви се коментарите.
Не знам од која причина не си ги спомнал категориите во боксот. Исто како што не е фер да се борат Wladimir Klitschko (1.98 m и 109 kg) и Manny Pacquiao (1.66 m и 66 kg), не е фер да се борат маж и жена од несоодветна категорија.
Јас најкултурно му поставив прашање во мојот прв пост и не ми одговори. Заборавил да напише дека сака прашања и постови по негова мера, сака да чуе тоа што он сака и тоа од одбрани членови.
Не паметам Евангелос да има некого лично нападнато, но често низ теми, личности кои не можат да му парираат во дискусии (без разлика какви му се ставовите) го напаѓаат лично на едно многу долно ниво, разбирливо, затоа што не можат поинаку. Чест на исклучоци како пример Лела и Бендер.
Види, и моето прашање стои неодговорено. Значи темата не е за дискусија туку за силување на идеи Јбг, каква тема такви одговори. Ако сака дискусија - ќе си добие. Очигледно не сака.
Сега ти го прочитав прашањето, безвеза е, малку да вклучиш мозок и ќе ти стане јасно. Не можеш било кој маж спортист да го земеш, да го ставиш во група со женски спортисти и да очекуваш прв да е, оти е маж. Никој не вели дека секој маж е подобар од било која жена во било кој спорт. Но има причина зошто се поделени и еден пример не може да прави разлика. Кога ќе се замешаат скроз, ќе се види. Ако може тој еден да се вмеша во женска екипа, тогаш зошто постојат поделби за останатите?
Скроз на место е прашањето. Според неговиот пост по дифолт машкото е супериорно врз жената што се тиче физичка снага, од таму доаѓа и победата. Заборавил да погледне уназад дека истата особа има завршувано и како 4та, и како 5та по ред. Ни а ни б никој нема изустено тогаш што бара маж во женска категорија.. По сплет на околности се случува да победи и тогаш се става регуларноста под знак прашалник и се прават моралисувања.
Епа тоа викаме де. Зошто поделби по пол? Нека се направат категории по јачина, тежина, сила, квалификации, и супер. Место за сите без некој да се чувствува запоставен. И моето прашање е супер. Зошто не се бунат моите колеги што сум единствено женско меѓу 15 машки на пример? Професија е професија.
Тоа што никој ниту а не изустил е проблем. Требало порано да се стави под знак прашалник неговото учество.
Маж победи на женска трка- ударна вест. Маж заврши 4ти по ред на женска трка - мееех, никоме ништо. Лицемерие и гадост.
Можеш ама ќе ги истиснат жените заради разликите. И како сила ќе им мериш за да ги ставиш во иста категорија? Ќе стане спортот "луксуз" за жените. И во која "машка" професија си што толку потенцираш дека си добра? Во рудник работиш? Камења товараш? И меѓу првите си кај колегите? Алал.
Си спортувала некогаш? Озбилно. Или вака од ракав си нафрлаш глупости? Квалификации? Какви се тие квалификации кај спортисти? Тие што знаат Јава против тие што работат Ц++?
Уау, не зезај. Немало квалификации кај спортисти? Секаде има квалификации. Има и начин да се вклучат жените во спортот повеќе. Ама има и концепти кои не ви се јасни. @Bridget Затоа реков. Equity vs equality Постојат начини да биде фер. Ако некоја жена може да му парира на на некој спортист - зошто да не и се даде да се натпреварува против него? Во колку спортови постојат мешани натпреварувања? Постојат начини да биде фер. Постојат можности да се направи категоризација. Посебно женски турнири и турнири кои ќе бидат отворени за сите. Ама тогаш ќе има плачки кога некое женско ќе победи машко. Па ќе се жалат машките. Да не беше тука само од инат ќе прочиташе дека токму за тоа се збори во постот во кој го земав шахот како пример. Дека потребни се само женски турнири, ама потребно е и да им се дозволи на женските да се натпреваруваат против машко ако сакаат. Комплексна е темата, не е за терање инат. Ама така ви е поинтересно.
Шахот нема врска со темата и тука можат да се жалат жените ако сакаат, умствена игра е. Збориме за физичка снага, хормони, тестостерон, естроген, мускулна маса, генетика. Ти си таа која се инаети или ја мрзи малку да прочита статистики па да види каде ќе бидат жените во спортот ако се замешаат со мажите. Како сакаш категоризирај ги.
@Bridget Патем, и шахот е спорт. И пак не даде валидна причина според која освен само женски турнири - би било сосема ок да им се дозволи на жените да се натпреваруваат во машките. Прво, машките навистина имаат предност во сила, заради тестостеронот. Женските имаат предност во издржливост - заради естрогенот. Како така во мешаните маратонски трки на снег во Аљаска обично секогаш победува женско - ако машките по дифолт се подобри во секој спорт? Целосно одделување на машките и женските не е решение, ама еднакви можности се. Никој не рече дека треба да се укинат женските турнири, ама не може цел спорт да се смета за машка зона и сите тоа да го прифаќаат по дифолт како точно. Квалификации, заеднички. Супер, во првата категорија нема да има ни една жена, ама во понатамошните ќе има. И ако знаеш дека мажите во просек имаат 10% подобри резултати со жените, од 100 мажи и 100 жени во иста група ќе ги ставиш најдобрата жена и десеттиот маж. И награда за најдобрата жена, па која и да била. И пак посебно турнири за жените. Има начин. Ама тоа не е проблемот. Ниту е темата.