Ако може со хормонска терапија, ондак и стероиди да дозволиме. Еве јас велам било кој што зимал стероиди да не му биде дозволено, било машко или женско бил. А впрочем мислам не се ни легални на повеќето натпреварувања. По таа логика и вештачки хормони не знам колку им е местото, ако комплетно те менуваат. А за висина и "bulky" изглед, занемарливо е освен ако се занимавала некоја жена минимум не знам, 8 години со бодибилдинг без стероиди. Пошто и околу мене знам и женски кои се високи, и такви кои се помускулести (а не вежбаат ко луди у теретана) ама пак се послаби од просечно машко. Знам и машки што се ниски, ама посилни од просечна жена. Мислам..хау абаут да има како прво и прво поделба според биолошки пол, па во рамките на тие категории да има поделби по висина, тежина, уатевр. Ама мажи со жени мешање да нема.
Процентот на тестостерон кај транс жените е минимален. Не е исто транзитирана транс жена и цис маж ама воопшто. Нагласувам транзитирана бидејќи без хормонска терапија нормално дека ќе има предност.
Што значат поимите жена и маж? Спојлер Сериозна сум, не знам како да дефинирам. Оти пол не е, според полов орган не е, ако земеме во предвид некои работи
Секундарни полови карактеристики кои настануват во пубертет кај биолошко машко и биолошко женско се различни. И биолошкото машкото, ако транзитира после пубертет, секогаш ќе има unfair advantage врз биолошкото женско. Поделбата на категории во спорт е на база на биологија. И причина за то е дека башка се развиваме. Не е толку дали имат многу тестостерон сега, туку во пубертет како растат и се развиват, густина на коски, брзина на качвање мускулна маса и сл. Не е ова за идентификација, апсолутно секој шо сака можи да биди. Ова е за основна биологија и анатомија.
А ти заклучи дека има повеќе тестостерон заради тоа што е фатена од грд агол? Втф? Не, сите жени атлетичарки се мускулести. А нели го имаат изборот да не транзитираат а сепак да се декларираат како транс жени? Како и да е, и хормонската терапија пак не менува сѐ.
Не мислам дека е фатена од грд агол. Плус, истава пливачка никоја жена уште не ја надминала, и подобра е од голем број мажи пливачи. Апсолутно имаат право да не транзитираат и да се декларираат како транс жени, во таков случај апсолутно не треба да и биде дозволено на тие да се натпреваруваат во спортови исклучиво за жени.
Лицето Х: ЗАКОНОТ Е ДОБАР, ТРАНСФОБИЈАТА ГО СТАВА ВО ФИОКА "Лицето ИКС е она лице кое ја тужеше државата во Стразбур и ја доби пресудата врз чија основа се изготвуваше предлог-законот со кој се уредува постапката за правно признавање на родот. Ова четиво е важно за да разберете зошто овие закони за важни за самите луѓе. Ова четиво не е за ботови без емпатија."
Оти сте бе вака тивки активните бранители на правата на исклучиво биолошки жени? Кога ќе се спомнат реални проблеми на транс луѓето магично нигде ве нема да ме цитирате? Терфовскиот менталитет никогаш нема да го разберам. Народски кажано, кур ве боли ако не ве погодува вас лично (а ве погодува за тоа кој каде моча)
Зашто освен "ама транс жени се жени" и "ама транс мажи се мажи" што друго ќе повторуваш? Нека сменат ознака ама апсурдно е да пишува женско за некој што нема никаква женска биологија. И обратно. Оти може да личи на жена. Да биде не. Исто и за транс мажи уатевр мислам исто. Нека постои некоја што знам, трета ознака. Негирањето на биологијата е главниот проблем. А таа постои, сакале или не. Едит: оти кур нѐ боли? Може неокур имаме.
Што има јас да повторувам кога имам постирано две различни ситуации каде што сѐ е објаснето, два различни случаи, едниот случај со судска разрешница во Стразбур. Трансфобијата толку ви го заматила мозокот што не знаете и да читате сега. Никој не негира биологија, тоа во вашите глави само.
Навистина не е во ред тоа што барале од него да се соблече, ама ја разбирам и полицијата. На денешно време има многу лица кои се обидуваат да направат некаков криминал, па затоа толку проверуваат и контролираат. Ова не се однесува само на трансродовите лица.
Ај одговори ми на ова наједноставно. Ако еден од проблемите со кои се занимава феминизмот е правото на абортус, дали сметаш дека транс жените (зашо за тебе се исто толку жени колку и тие цисот) ги афектираат промените во законите за абортус и therefore забраните за абортус треба да се адресира и како нивен проблем?