Дали за едно 20тина години ќе ти биде сеедно ако ќерка ти е приморана да се натпреварува против човек со ваков физикус?
Океј, ако се деси тоа. До тогаш може да не ги рамниме со биолошки жени во поглед на биологија? Додуша никогаш нема да можеме да ги рамниме.
Yeah sure, попрво астероид ќе мавне. А во врска со сликата, пак маж со натпис ни кажува на жените што е феминизам. Ок. Иако "реален" единствен феминизам не ни постои со оглед на тоа што феминизмот е движење што опфаќа повеќе иделогии и правци.
Абе види, не е проблем да ги вклучува како индивидуи. Проблемот е што не можеме во никој случај еве што кажав кога збориме за абортус да вклучуваме транс жени како афектирани колку некои и да се лупаат во гради дека тие се жени. Или менструација и проблеми со неа поврзани.
Да, апсолутно, затоа реков дека има разни феминистички движења, нормално некои се транс инклузивни и немам против тоа. Првата реченица ми беше за раѓањето за да се надоврзам, ама додека пратам и други мислења напишавте.
Лол. Како поддржувач на трансродовите лица баш треба да се залагаш за основање свои правци на натпреварување. Транс мажите во една група а транс жените во друга. Ем ќе биде фер кон двата пола ем ќе си имате основано нешто свое со кое ќе може да се гордеете и напредувате. Али не, ајде да ставаме луѓе со физичко различна и посилна градба да се натпреваруваат со женски, затоа што тоа е баш феминистичко! И јас од денес се идентификувам како маж и ќе се натпреварувам во ММА, ако е за така. Бог да чува.
И сеа ќе дојдат коментарите ко - па и жени има мускулести, крупни, високи, или и мажи има ниски, слаби итн. Познавам машки што се од мене послаби и пониски а имаат сила да ме кренат како ништо. Значи полот ќе да е пак. И тоа не само тестостеронот.
Исто. Биологија си е биологија, трансродовите лица секогаш ќе имаат почит од мене, не е лесно да се оди по тој пат и многу е храбро да бидеш свој. Ама се поминуваат сериозни граници кога може да сопре успех/повреди некој друг во физички натпревар. Што не е фер, не е.
Што значи рамнење по биологија? Ако мислиш за спорт, дефинитивно ќе ги рамниме транзитираните лица со цис лица.
Ова мене ми се обраќаш? Не постои вистински транс ally што сака транс лицата да ги одвои од сите социјални активности. Кажав вистински поддржувачи, затоа што мнозинството коментатори на темава не сте ни блиску до транс allies. Муабетот немам ништо против АМА.. не со мене. Идентификувај се. Транзитирај, ќе идеш на тренинзи и тестови и ќе моеш да се натпреваруваш! И да, вистинскиот феминизам не ги исклучува транс лицата. Ова не јас како маж, туку секој феминист го знае. ТЕРФ ≠ Феминист.
Па не може. Зашто? Затоа што има разлики според биологија, физиологија и анатомија. Транс жена има далеку поголема количина на тестостерон за разлика од биолошка жена. Исто така познато е дека мажите имаат поголема физичка сила. Е па како може да се натпреваруваат едни против други?
Според последните тестирања 94% од транзитираните транс жени имаат приближно ист тестостерон како биолошките жени.
Многу одбегнуваш да го согледаш вистинскиот проблем ама точно знаеш кој е. После Шапел ви е крив. Искрено секој би се смеел на ова, ама жално е. Зашто? Затоа што наместо да се основи свое, се гази по туѓото. Те едни исти изрази користите, сменете малку и зборете на повеќе аспекти за транс лицата, тоа што се транс не ги прави помалку ниту повеќе од човечко битие кое треба да има почит кон друг човек.
Не само спортови. Зборам и за issues како абортус, гинеколошки проблеми, кои патем се женски, не за "луѓе со матки и јајници или вагини" Пошто ако транс жени се жени, а после речеш абортусот ги засега жените, ги ставаш и трансовите во тоа. А знаеме дека не е исто и не може да биде. То ест знаеме дека транс жена и жена не може да биде исто исто
А жените што не можат да забременат ги ставаш у истата група као транс жените - "невистински" или како?
Во кој дел од моите претходни постови пред да го спомнеш Шапел се убеди себеси дека си во право и немам аргументи?