А, тоа што коските и мускулите не им се исти нема врска, така? Еве, ајде биди искрен и кажи дали сакаш ќерка ти да јаде ќотек од персоната што ја споделив погоре.
Да јаде ќотек? Не, ја никој неќам да јаде ќотек од никого. Ок, освен трансфобите. За нив не ми е гајле.
Не. Зашто биологијата нивна и на жена што може да раѓа е пак иста. Макар и си ги извади утре јајниците и матката. На транс жена не е.
Лице шо ќе помини машки пубертет, придобивките од то не можи да ги „тргни“ од после. Никогаш. Не е само хормон ќе се напијам и наеднаш ќе смени се шо до сега се ставило. Промената е бавна. Ние жените, не сме составени само од тестостерон па неговото ниво во подоцнежни години да е толку голем релевантен фактор за да сме со некој еднакви. Немаме ни една жена еднакви хормони. И ќе додам тука и срцева активност, капацитет на бели дробови и слично. И се то се развива во машки пубертет „поќе“ ради секундарни карактеристи кои идат со тој пубертет и релевантноста на тестостеронот во тој период. И кои не се менуваат никогаш покасно колку и да ограничиме тестостерон покасно во возрасниот живот. И ќе речам нешто шо реков претходно - поделеноста на пол во спорт е на база на биологија, не социологија. Негирање на ова е лудост. Нормално дека местото на транс жени е во феминизам. Исто така и местото на цис жени е во феминизам. И ова ги погазва. Пошто давање не фер предност над нив е привилегија, не основно право. Тудлс. Реков и претходно, ќе речам и пак. Ова го мислам само кога транс жена има поминато машки пубертет. Ако нема е 10та ситуација и не коментирам на то. Сеуште.
Во тоа дека на ниту едно друго мое искажано мислење не ми реплицира, туку само на тоа од Шапел, оти ти забоде очи
Не беше тоа поентата. Нема врска дали некоја може да забремени или не, хормоните и нивото на хормони кај маж и жена не е исто. Природа е тоа. Не сме исти. Не може ни да сме. Има разлика меѓу транс жена и жена.
Ти реплицирав на мислењето во кое мислам дека алудираше на мене. На другите немам потреба да те цитирам, како што и повеќето не ги цитирам.
This Негирање на основни факти доведува до многу поголеми проблеми, и за транс лицето и за луѓето околу него.
Јас не гледам проблем во вашите мислења за спорт, пошто и самата немам оформирано мислење, проблем гледам во тоа како се обраќате во врска со транс лица кога збориме за било која тема поврзана со нив. Воопшто не размислувате од место на емпатија туку само размислувате како најмногу да ги оделите транс лицата од вас, а не гледам некакво реално решение што би им ги задоволило потребите на транс луѓето како индивидуи во општество. Секако, не очекувам секој да се „замара“ за транс лица, како што не очекувам секој да биде активист за семејно насилство колку што е активист за згрижување на животни, затоа што секој си има некоја определба за која повеќе ќе се бори, тоа е неизбегливо. Ама кога веќе се вклучувате во дискусија за транс лица, тогаш и треба поосетливо да збориме, така? Да не биде транс луѓето да се транс само меѓу четири ѕида. Во постот погоре, како може било кој да ја оправда полицијата? Знаете ли колку жени има што се идентификуваат како жени ама едноставно личат на мажи пошто тоа им е стилот? Како е во било кој случај прикладно да се бара доказ за интимата на некоја личност?
Да, замисли да заслужуваш са да јадеш ќотек само зашто сметаш дека путката твоја и таа хируршки направена не се исти.
А шо толку се бориш ти за транс жените? @staycalm Никој не вика дека не ги сакаме или поддржуваме, ама како што јас нема никогаш да бидам иста како ти родено машко, ни ти нема никогаш да бидеш ко јас што сум родена ко жена. Замисли некоја жена таква габаритна да ,,се тепа” у ракомет или ватерполо со 1,60 некоја? Ќе ја стопи. Еве и ја можам ради спортот да исчукам одредено машко, ама не можам да се такмичам со мажи.А и не ни сакам, ќе се најде некој од земја ќе ме истреска. Мислам имам п да не ме сфатиш дека сум транџа.
Во контактен спорт се јаде ќотек. Замисли имаш ќерка, цел живот тренира фудбал, ракомет, што и да е и доаѓа 30 годишна персона што пред 1 година транзитирала во жена, 20 сантими повисока, 40 поширока и со 35% повеќе мускулна маса. Сеедно ќе ти биде да го гледаш тоа?
Не значи дека тука членките кои кажаа свои мислења дека во поглед на биологија не сме исти и не може да се натпреваруваат едни против други, дека се трансфобични.
Се иам лапано со транс жена, полесно? Ама истиот, кога се затепавме еднаш на заебанција, го имам дувнато. А физички сме исто.Не е развиен ко маж баш.Има пенис, влакна, машки глас, ама физиономија ко мене, а очигледнл сила помалку од мене. Не суди одма -под физиономија мислев на градба.Ако ми е грешен зборот извинете
Oх, кај била журката. Каснам.... @staycalm Знам дека ги почитуваш и сакаш транс жените. Ги почитувам и јас, иако мислам дека често и сами се блокираат на патот до успехот. Ама нема врска, тоа го ставаме по страна. Поентата е што членките тука пробуваат да ти укажат дека биолошките капацитети се предетерминирани и истите не може да се променат во потполност од полов аспект. Можеби еден ден работите ќе бидат поинакви, па 'маскулинитетот' и 'феминитетот' нема да постојат во оваа форма и облик какви што ги знаеме сега, ама тогаш веќе ќе владеат сигурно поинакви вредности и правила, па нема да има простор за расправија. Но, до тогаш останува вака како што е. А, моментално е така што за биологијата би бил прав шах мат да кажеш дека транс маж може и требе да се натпреварува во женска категорија. Зошто не, не е. Прво е шлаканица кон феминизмот, и друго и светот да го превртиш наопачки, ќе е џабе, бидејќи фактите се тие. На крајот од денот мора да направиш разлика меѓу идеологија и биологија. Овде жените ти зборат за второто.
Ептен се напнавте за правата на транс лицата, не можам да добројам цитирања во нотификации а не па да враќам, за други општествени проблеми слабо волку мотивација. Кој ли е мотивот...