Пак ќе кажам, нема реален и нереален феминизам зашто е општествено движење и со тоа подложно на разни интерпретации. Ама затоа има реална биологија, како сакаш врти ја не се менува. Тестостерон се спомнува најчесто, а е само the tip of the iceberg од анатомски и физиолошки аспект. На крајот на краиштата ова со спортот не е ни најголем проблем, да, мене лично ништо не ми значи, ама работата е што е дел од поголем проблем каде се негираат и се ставаат под тепих работи што не се мали. п.с Точно, не е прикладно, никој не го оправдува. И да имале валидни причини веројатно можеле да најдат подобар начин да докажат дали лицето лаже и пробува да направи нешто нелегално.
Башка ако за да испаднеш либерален треба да кажеш рецимо дека и мажи менструираат ило дека и жени може да имаат простата...не фала од ваква либералност. Татко ми немал менструација у животот, се прашувам зошто.
Уште му е рано вајда, и татко ми уште не добил. После 75-тата доаѓала викаат. Е сега, дали беше деменција или менструација е веќе реторичко прашање.
Па транс мажи менструираат. Не сум за заменување на вокабуларот во „особи кои менструираат“ или „особи со пенис“ итн. ама што добиваш со ваков тон на исмевање на ова тема? Апсолутно ништо.
Ама шо реков погрешно? Транс мажи имаат вагина, можат да менструираат. Не знам како точно хормонска терапија делува врз менструација, ама имаат вагина?
Во ред. Зошто обратно секако не може. Не постои таква фармаколошка терапија што биолошки маж ќе предизвика да менструира. Освен не знам, ако не му пресадат јајници.