Не знам, ти си по дефинициите, ја нисам школовала. Инаку, не пишав 'родов' туку пишав личен. Но, како и да е, аверзијата кон полови органи и идентификацијата се апсолутно поврзани со психолошкиот развој на единката. Суштината е таа во сите случаи.
Чоек ти дадов обратен пример Има кур, влакна, машки глас, сила има ко жена.Како жена која ќе стане маж, да иде да се тепа со биолошки маж? хормоните немаат супермоќ, уште не е толку напредна медицината.Башка биологија и природа е во прашање. Сепак ќе остане нешто во нив од првичниот пол.И нема да е убаво транс маж да изеде ќутек од цис маж, да не биде после ,,го истепа бидејќи е транс” Природно сте појаки.
Луѓе мои, сите ние сме индивидуи на овој свет и би требало да можеме да се понашаме како сакаме, да се облекуваме како сакаме, да имаме професии какви сакаме без разлика на пол. Има жени кои изгледаат како мажи и мажи кои изгледаат како жени. Жал ми е да ве информирам ама сите ние сме такозвано „non binary“, што некои викаат дека е род, ама според мене е едноставно како ние постоиме, секој со својата експресија. Што дискутираме ние тука се транс жени и транс мажи кои имаат дисфорија за своето тело односно мозокот не им се поклопува со гениталиите. Поразлично од погоренаведените, ова е докажан психолошки наод (?), кој никој не може да го негира ниту пак да објасни зошто е така (или можеби е објаснето, немам рисрч многу). Обично тоа е генетски ама поентата ми е не можеме ние некого да тераме да не го осеќа тоа во врска со своите полови органи, кога едноставно, така постојат. Ама не е исто со тоа некој да се облекува како машко туку е многу повеќе од желба да бидеш женствен или обратно.
Не е болест, но е пореметување. Стварно немам против транс луѓе, истите треба да се интегрирани во општеството во повеќето можни сфери. Но, фактот дека мнозина од нив имаат аверзија према себе сѝ надвор од рамката за родов идентитет, држи вода. Дека низа од нив искусиле трауми во животот кои и самите уз муабет ги поврзуваат со градењето на нивниот физикус и личност исто така држи вода. Поентата ми е дека не може да го исклучиме едното од другото.
Маж што транзитирал Биолошки маж По која логика ќерка ти ќе издржи 60 минути дуели со првиот, ама не и со вториот?
Не знам како би се класифицирало, дали како пореметување или има друг стручен поим, ама јас тоа не го мислев на лош начин. Сметам дека е битно да имаш дијагноза на телесна дисфорија од стручно лице, не за да се лечи, туку за тоа да биде услов да примаш хормонска терапија. Токму поради тоа што ти го спомна, некои луѓе и самите себе се погрешно идентификуваат како транс, на пример маж ќе рече дека е транс жена затоа што сака да е женствен и да носи сукњи ама исто ќе рече дека е океј со неговиот полов орган или дека не би примал хормонска терапија - што не оди едно со друго. Телесна дисфорија е услов за некој да биде транс личност. Ама побогу, не е нешто што ќе го лечиме, како што нема да лечиме хомосексуалност. Тешко е да си транс личност во вакво општество, затоа често целата ЛГБТ популација е депресивна и има висок % на суицид. Кога раснеш во општество кое не те прифаќа тешко е да се прифатиш и самиот себе си. Тоа е единствена поврзаност.
@Feminka22, најпрво не ти верувам дека си се лапала со транс. Второ, и да си се лапала, не значи дека не може да бидеш трансофоб. Не кажувам дека си, ама најчесто тие така што се правдаат, испаѓаат спротивното. Bold of you што помисли дека некој од темава сака да чита. Би сакал да кажам дека сите треба да сте повеќе ко Срцката. Two flying fucks не давате за спорт, ама кога станува збор за трансродови лица во истиот, експерти сте.
Да, да, се согласувам. Сешто може да им помогне да се прифатат себе полесно е во ред и вреди да се проба ако им е по волја. Може звучам нетолерантно и строго, па оставам впечаток како да ги мразам, но тоа воопшто не е точно. Јас само сакам полесно да се прифатат себе, бидејќи имам студирано психологија и многу добро знам што значи аверзија кон себе и својот полов идентитет. И според психологијата родот и полот се неизоставени конструкти на идентитетот. Колку е во право психологијата како дисциплина, а колку не, и треба нешто да промени низ следната декада е веќе друга тема. Имено, околу хормоналните терапии, ти знаеш дека се еднакво опасни и може да направат повеќе штета и компликации отколку корист ако не дај боже нешто тргне по 'зло'. И не се баш така ретки тие случаи меѓудругото... Ама за тоа пак никој не зборува, нели? Значи се на сѐ, ок е да се има слободоумен пристап кон овие луѓе, но ако може да им помогнеме да се прифатат такви какви што се тоа би било идеално.
Хајхахахахаха нема зашо да лажам А и нема зашо да сум трансфобична, ја немаше ни да познаам ако не ми кажеше другар дека бил жена претходно. Башка на крајот на денот, нема потреба да верува некој или не пошто е моја приватност.Моментот го изнесов прво пошо нѐ нарече трансфобични, второ да му објаснам зашто не би било фер.Не може за година две да се смени цел организам.
Епа не знам, да се читаше можеби немаше дискусијата да се сведе на: не мислиш дека е фер транс жени да се натпреваруваат со други жени? Омг трансфоб.
Па океј ама проблемот е што ако некој рече транс сум, нема никој моќ да му го оспори тоа. Ќе се вади на карта на трансфобија, дискриминација. Еве задњи случај со Долорес/Лео. Вика не осеќам дисфорија према женскиот дел. Епа чекај, што е тоа што е "машко" во чоекот, ако сосем му/ѝ е океј да е со женски органи? На друго видео имаше нешто демек можеш да си маж и со таква облека, и со таков изглед. Све океј за облеката и изгледот, ама биологија не можеме да негираме, сори, макар и само полов орган да било. Не може кој му текне и кој сака одеднаш да рече маж сум или жена сум, без разлика како изгледал. И сега кој може да му/ѝ оспори дека он/а е жена, а не е транс? Или сеедно за кого. Можам и јас да се облечам и како сакам и изгледам како сакам ама пак биологијата ми е една.
Глеј. Едно е да имаш различно мислење околу транс лицата но е скроз неприфатливо да не им се обраќаш со почитта која другите сакаш да ти ја даваат тебе. Јас еве не се согласувам биолошко женско тело да се натпреварува со цис мажи, и обратно, затоа што не е фер. Не за џабе имаме класа на женски и машки фудбал. Тука се работи за различна градба на тело, не идентитет. Но во секој случај би им се обраќала со заменките кои они ги преферираат, дефинитивно треба да се почитува храброста да се ослободиш во ваков свет, макар и ставајќи ја својата безбедност на црвена линија кога ќе излезеш од дома.
Абе види, ја неам против да ми се колеги, да пијам кафе со нив, да прајме муабет, да се дружам. Ама она што ми смета е што биолошките особини овде се сметаат за сосем небитни, што сметаат дека ако сменат пол дека се исто како тој пол во поглед на тие особини. Дисфорија постои, ама само зашо некој е дисфоричен, не значи дека автоматски он е ист како другиот пол. Или па размислувања дека ако некој не би легнал девојка со пенис или дечко со вагина дека е трансфоб. Нека е де, нели секој сам си бира партнер каков сака. Едит Слично како она што убедуваат дека е дискриминација да не бидеш со хив позитивен партнер зашто нели денес има терапија лекови, едно друго. Фајн, ама пак мој избор е дали сакам или не.
Се имам изјаснето претходно за Лео, баш за ова. Дека као се осеќа како машко ама нејќе да биде скроз машко затоа што повеќе улоги ќе добие како актерка отколку како транс актер???? Скроз глупости. Единствени луѓе кои ова го сфаќаат како трансфобија се оние кои се едуцирани од интернет кхм кхм твитер и немаат веза со реалниот свет.
Јас го прочитав цело. Многу е убава статијата, поучна, дава убави насоки за иднината на спортот. Вистина е дека со намалување на тестостерон не се поништуваат другите телесни карактеристики и дека мора да се размислуваат други опции како би имало инклузија за сите. Убаво кажува дека пред да се истрчаме со заклучоци има уште многу, многу испитувања да се направат. И убаво се кажува дека не се сите спортови исти, односно не може шах да е исто со кошарка, што не е исто со уметничко лизгање, што па не е исто со трчање и атлетика. Силата на горниот дел од телото е секако во прашање. Цело време на ум ми се и трансродовите мажи, односно ако по таа логика, трансродов маж доколку се најде во спорт со цис мажи има одма препреки и не може да учествува без притоа да не е behind токму ради анатомијата. Наместо да се оди во една или друга крајност, мора да се најде солуција како ем би било фер, ем би имало инклузија за сите. Да се измерат сите вредности, да се гледа какви категории на спортови се, да се размислува за воведување на други хормони/суплементи и слично.
Ќе кажеш зошто би ја пуштил ќерка ти да биде дробена од Хана Манси, а не би ја пуштил во дуел со трипати помалиот Дибиров?