1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.337
    Допаѓања:
    47.157
    Пол:
    Женски
    Сакам авторски права :rofl:
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.116
    Ти одговориле веќе.
    Во право си, ако е дијагноза, би имало и лечење. Ако постои проблем, логично е да се бара и решение. Ама логиката веќе не е на цена, политиките си имаат своја агенда, и никому не му е гајле за решавање на проблемот, освен оние кои живеат со тој проблем. За име на вистината, и психијатри посочија на ова, пошто и нив не им е сеедно, до вчера се занимавале со проблемите на овие луѓе, знаат дека им треба помош, ама ете...ќе се намалела стигматизацијата, ако не постоела дијагноза.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    As always биолошки е невидливиот збор.
    Јас еве можам да вежбам со тежини 5 години и пак нема да сум рамна на некој просечен маж кој не мора да се бавел со бодибилдинг и пак ќе е посилен од мене, јер... биологија.
    Е тоа значи.
     
    На Noemi, elimkd и Indiegurl им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    5.856
    Размислував за ова што си го напишала како е подобро да се води дисфоријата. Те сфаќам што сакаш да кажеш: ако медицински се гледа како болест, тогаш ќе се дефинираат признаени и универзални начини за справување со неа, со што ќе се овозможи подобар и полесен пристап до решенија за трансродовите лица. Меѓутоа, дали тоа тогаш нема да се искористи за нивно невалидизирање? Не знам дали постојат терапии за конверзија како кај хомосексуалците, ама ако нешто се води како „надвор од нормално, просек“ итн, тогаш логично ќе се бараат решенија како да се врати назад кон нормално и просек, како и за секоја болест.

    Иако овде зборуваме дека хормоните и операцијата би им помогнале на трансродовите лица да го вратат чувството за нормалност, сепак останува проблемот дека за луѓето околу нив тоа не би се водело како нормално, туку за нив нормално би било кога трансродовите лица би се излекувале од дисфоријата, т.е. би ја коригирале перцепцијата за својот род, усогласувајќи ја со својот биолошки пол. Слично како луѓето што се борат со шизофренија што мора да сфатат дека тоа што го гледаат се халуцинации, а не реалност. Веројатно од истата причина и хомосексуалноста не се гледа повеќе како болест, затоа што баш ете конверзионата терапија се нудела како лек за хомосексуалноста.

    Јас искрено не би знаела да кажам како треба да се класифицира дисфоријата, затоа што ми се јавуваат нејаснотии како:
    - ако е болест, значи треба да се бара лек за неа, односно треба да се бара начин како да се промени перцепцијата на личноста за својот „вистински“ род/пол со цел да се избегне физичка реконструкција на телото.
    - ако се прави тоа, значи не треба да им ја храниме идејата дека тие се маж во женско тело или обратно, што значи се доведуваме до тоа да ги третираме како ментално нестабилни луѓе - не од аспект дека не можат да расудуваат добро и не можат да се грижат за себе, туку дека им е потребна поддршка и помош за да ја надминат болеста.
    - ако не се третира како болест, тогаш ќе се загуби и приоритетот за олеснување на дисфоријата и со тоа би се намалил и пристапот до третмани.
    - од друга страна, што ако постои „лек“ за дисфорија и трансродовите лица не мора да поминуваат низ цел овој процес на операција и примање на хормони? Дали би бил прифатен или би се сметал за навреда затоа што веќе станало општо прифатено дека родовиот идентитет со кој се поистоветува личноста е апсолутен и не смее да се чепка?

    За мене, а верувам и за многу луѓе (инаку не би имале конфликт), прашањето за родов идентитет е многу комплексен проблем за кој треба да тргнеме од најпрости философски прашања како тоа што се смета за идентитет, дали тој е вроден или стекнат, дали е добиен заради биолошки фактор или не, па дури и тогаш, дали би можеле и дали би требало да го одделиме биолошкиот од психолошкиот фактор или тие се нераздвојно врзани... Не знам дури ни како се искажам што мислам од што прашањето го чувствувам толку комплексно.

    Јас лично не би отфрлила некого ако е трансродово лице, ниту пак сметам дека треба да се исмејува и плука по него. Без разлика на тоа што некои работи не ми се јасни (а не ја исклучувам можноста дека има работи што треба да ги научам) во врска со самиот концепт и третман на трансродовоста, сепак на крајот од денот, болест или неболест, и тие се луѓе на кои им е потребно чувство на припадност и чувство на почит и љубов од други луѓе...
     
    На Srckata28, staycalm и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Поточно нешто од ова немам видено. Не постојат анти транс аргументи што не биле анти геј аргументи неколку генерации уназад.

    Screenshot_2022-04-25-21-47-04-41_92460851df6f172a4592fca41cc2d2e6.jpg
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    Мене ми е дури жал за (повеќето од) геј луѓето што спаѓаат во истиот назив што ги вклучува и транс луѓето.
    И да, прифаќање на некој како таков е едно. Се разбира, све дур не преминува граници.
    Негирањето на ебени факти е друго и не смее да го има.


    Башка едното е сексуална ориентација.
    Другото не е тоа.
     
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Добро мене уопште не ми е јасно што пробуваш да поентираш
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе ти соџвакам пошто очигледно толку се трудиш да разбереш.
    Океј некогаш тие биле аргументи против геј лица, а денес се против транс. Денес се прифаќаат полека геј, па апропо на тоа ваљда сметаш дека во иднина би се прифатиле транс.
    Она што јас пробувам да ти кажам е дека патот на тоа прифаќање не е ист кај геј и транс лица и не може да биде зашто едното е сексуална ориентација, другото е поинакво.
    Не може на ист начин да ги прифатиме транс лицата како што сме ги прифатиле геј лицата.
    Ја неам проблем кој со кого се ебе, ср мажи, се жени уатевр.
    Ама имам проблем кога се негираат факти како тоа кои биолошки особени се САМО кај мажи и САМО кај жени.
    Или кога некој смета дека е ист како мене само зашто самиот мисли дека е.
    Или кога навлегува во мој простор.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Геј лицата се веќе целосно прифатени во нормални земји. Транс лицата веќе се прифаќаат во понапредни земји, секако тоа не е ниедна земја на балканот :D.

    Поентата на сликата е дека буквално истите нелогични аргументи што пред 100 години се користеле против геј лицата сега се користат против транс лицата и заради нив се скратуваат права, толку.

    Тебе нема да ти скратат од правата само затоа што транс лицата се прифатени и имаат права.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.515
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Заборави да додадеш и хормонска терапија кај деца :D
     
    На Indiegurl и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.116
    Какви права?:wasntme:
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.515
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    "Истите нелогични аргументи".
    - цитираш мислење што буквално ти вика дека не се исти аргументите и ти кажува зошто.

    Многу интересен лик си ми озбилно :D.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    Кои? Америка?
    Во истите тие земји ко од шала кај малолетници се прават такви операции и даваат хормони.
    И ако напредно е да ме наречат личност со матка/путка, ноу тенкс.
     
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Буквално истите аргументи се. Класичен хомофобичен аргумент порано беше (а и уште е за некои луѓе) дека геј мажите се збунети и пробуваат да бидат жени, и да не ги преведувам другите аргументи, ги има на сликата погоре. Нема во цитираното мислење никаков доказ дека аргументите се различни... Напротив, членката кажува дека дека иако се истите аргументи транс лицата не можат да бидат прифатени како геј лицата... Порано истово го кажувале за геј лицата, ама со други ги споредувале :D

    Би сакал да можам да го кажам истото..
    [​IMG]
     
    Последна измена: 25 април 2022
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Америка, Исланд, Канада, Норвешка, Холандија, Шведска. Британија е дискутабилна, ама геј лицата се прилично прифатени.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.116
    Не е темата геј лица, темата е трансродови личности.

    Отворено прашање до сите, без сарказам- која е разликата меѓу квир и транс кој нема дисфорија?:?:
     
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Машки
    Квир е општ поим, не дефинира само едно нешто... Вклучува и сексуални и родови идентитети.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    18.751
    Пол:
    Женски
    Не збориме за геј, збориме за транс.
    И не знам на какво прифаќање на транс мислиш ама ако треба операциите да бидат толку лесно достапни и бесплатни или да се смени јазикот или унисекс вециња и соблекувални...тогаш ова не иде кон добра насока
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.240
    Пол:
    Женски
    Колку и да се согласувам за некои работи што ги зборите, тоа што продолжувате да го тупите за ВЦ и соблекувални ми дава до сознание дека не дискутирате од перспектива на БиОлОгИјА туку што самата појава на транс лица ви е бљак.