Кои се тие квалификации? И, пак ќе те прашам. Дали си спортувала некогаш, не мора професионално, нека е и аматерски? Ако не, свесна ли си што се ќе се случи ако има мешани екипи? И тоа само во логистичка смисла, не ни зборуваме за натпреварувачка. Ако си спортувала сепак, а го заговараш ова....што да ти кажам, не знам...
@DAngel Не го спомнувај веќе шахот оти нема смисла. Како тоа ќе ги ставиш првата жена и десетиот маж? Во секој спорт посебно статистики ќе се вадат според досегашните резултати? Пак поделени ама навидум еднакви? Глупости. Можам да набројам неколку спортови во кои најдобрите резултати кај жени не можат да влезат ни во првите 200 (некаде се губат и многу повеќе) кај машките тимови. Како ќе учествуваат жените во тие спортови? Со Рамковниот што го спомнав? Пак ќе им се угодува и ќе се менуваат правила и ќе излегуваат од конкуренција многу добри машки спортисти за да застепеноста е иста?
@Bridget ми ги извртуваш зборовите. 5 пати повторив дека женските турнири мора да останат, ама ако некое женско е способно да се квалификува на машкиот дел од турнирот и да парира на машко, нема апсолутно никаква потреба да ѝ се забрани тоа. Тоа ми е поентата цело време. Толку едноставно е.
Не е толку едноставно, очигледно. Темата се отвори за маж кој влегол во женска екипа, како ќе регулираш тука?
Навистина не разбирате што сака да каже @DAngel или така ви чини? Ако жена од иста категорија може да му парира на маж, зошто да не ги ставите у ринг? Ај да погодам - ако победи ке пукне брука.
Не влегол маж во женска екипа. Жена е. Ако таа се чувствува поудобно како жена - тогаш е жена. @Rebecca_R се случило 2-3 пари веќе. Биле отворени спортови и за жени, па од кога жените победиле им била одземена победата, а мажите биле "оправдани" дека изгубиле само затоа што биле шармирани од женската убавина и не можеле да играат со полн капацитет.
Па тоа е целата насока на темата. Дали е маж или жена. Таа вика дека е жена. Која си ти да ѝ кажеш што е?
^ Упорно ја промашуваш поентата, божесвашта. Дотичниот ако се сеќавам имаше пишано дека кошарка играл. Еве нека избере место и време јас ќе му парирам, па тука ќе го соопштиме резултатот. Или нека избере спорт сам
Хахахахахха, која жена ќе парира бе на професионални атлети? Не, озбилно, те молам, дај ми пример на жена која ќе може активно да се носи цела сезона со машки спортисти. Па, ало бре, како прво и основно имате помали топки во женски спорт. Сте фатиле во рака тројка топка за ракомет? Второ, знаете која разлика е во величина? Па, Аморим што е Ајфелов торањ за сите жени ракометарки, знаете колку е навистина висока? Некој сантим повеќе од Дибиров. Цвијиќ ја знаете така? 1,84. Кој машки пикер е 1,84? Можда во кадетска лига. Сте ѕирнале некоја минутка НФЛ? Сте виделе какви животни играат и по колку скинати лигаменти и потреси на мозок има во сезона? И вие сакате жена да пуштите таму? Ваљда и немате читнато за тениските мечапи меѓу мажи и жени. Читнете, па вратете се со аргументи.
Како ја пуштиле тогаш? Ако направила операција за промена на пол, што правиме тогаш? Ќе соблечат и оп, женско. И сега?
Зa мене е oкеј жени штo стaнaле мaжи дa бидaт дел oд спoртoт нo мaжи штo стaнaле жени е премнoгу, би рекoл еднoтo е пoгoлем предизвик a другoтo гoлемa преднoст, aкo тoлку сaкaaт дa се дел oд спoртoт мoже дa имaaт нештo oдделнo.
Извини ама во велосипедизмот или боксот не се натпреваруваш со пенис, па да има врска дали мажот го исекол или не го исекол пенисот. Ниту се натпреваруваш со чувства па да се прашува мажот дали се чувствува како маж, жена, вонземјанин или сл. Во боксот ако си од машки пол треба да се натпреваруваш во машка категорија, а не во женска, бидејќи научно и објективно ти си маж, со Y-хромозом, со тестостерон, со поголема мускулна маса, поголем скелет итн.
Дa ти кaжaм прaвo жените aкo сaкaaт дa си гo oтстaпaт спoртoт нa мaжи штo стaнaле жени, и дa бидaт нaд трчaни, тепaни не ви се мешaм, мене не ми е убaвo дa гледaм кaкo женa е тепaнa кaкo вo уфц oд трaнсџендер.
А значи транс маж (жена која станала маж) да биде тепан од „вистински мажи“ (по ваша логика), убаво ќе ти е да гледаш? Оукеј...
Не ми е убaвo вo никoј случaј, нo рaзликaтa е штo тaa женa штo стaнaлa мaж сaмa си се стaвa вo ризик, a вo другиoт случaј мaжoт штo стaнaл женa ги претепувa пoрaди биoлoшкa преднoст. Oгрoмнa рaзликa