Se slozuvam apsolutno, samo sto posle pubertetot pogotovo kaj maskite, ako ne se blokira aktivnosta na testosteronot ke se razvijat mnogu raboti sto tesko ke se prikrijata i ke mozat da bidat zenstveni. Muskulna masa, brada i vlakna po liceto, oformuvanje na glasnite zici...tn.
Мотивот за убиството отсекогаш бил важен и секогаш ќе биде важен. Ова не се две деца што се родени психопати и убиле друго дете од чиста мира или оти се психопати, ова се деца што станале убијци оти биле задоени со омраза. Не дека едното е подобро другото е полошо, убиство е убиство, ама контекстот е и те како битен. Наместо да ми паметуваш дека нема разлика како известуваат, учи си ги децата на почит и толеранција. И да, има голема разлика како известуваат, оти кога станува збор за криминални дејствија направени од транс лица, во насловот секогаш гласи ТРАНС лице ____, кога жртвите се транс лица истото се прикрива не само од медиумите туку и од полицијата. Самото семејство изјавува дека девојчето била мета на трансфобија со години и никој не преземал ништо околу тоа иако тие пријавувале. Впрочем, читајќи те тебе на темава од порано, би рекол дека и те како ти е важно дали една личност е транс или не за да расудуваш. И не си ни дел од ЛГБТ заедницата за да кажуваш дали треба да ни е битно да биде ЛГБ или ЛГБТ. Дај чукнете се малце у главата пред да напишете вакви глупости. За крај повели што е Hate crime пошто мешаш поими. https://en.wikipedia.org/wiki/Hate_crime
Ок. Англија е трансфобна а тебе Клеопатра ти ги откри мотивите и психолошкиот профил на сторителите. Пријатна вечер.
Англија не е трансфобна, сторителите се. Десничарските медиуми што известуваат за случајот исто така се. Клеопатра во случајот се нејзините другари и рецензии на училиштето. https://www.thesun.co.uk/news/21370300/brianna-ghey-pals-claim-was-bullied/
Акцентот е затоа што убиството најверојатно се случило само зашто била транс. Не поради други секундарни причини. Веројатно.
Секако дека е важно што девојчето е транс во случајов. На вакви вести одма има трескања од земја као кај потфрливме, што сторивме, за деца се работи итн. И ајде ќе се мислиме сега која била причината дете да убие дете, ама ќе се правиме слепи и глуви, ќе се преправаме дека фактот што девојчето е транс немало никаква улога во ова. Нема транс личност што во животот не била изложена на булинг, и тоа е еден огромен проблем кој сите анти-транс активисти обожаваат да го игнорираат. А овој случај е пример што се случува кога ќе се однесе тој булинг во екстремност.
Кај нас нема дете за кое се претпоставува дека е геј што не било изложено на булинг во основно или средно само базирано на претпоставки, а никој ништо нема превземено за тоа. Транс да има во нашите училишта не можам да замислам што би се случувало.
Trans zena ima pravo da se natprevaruva vo profesionalen sport so zeni, ima pravo da vleze u ring i da pretepa zena, I da i gi zeme site medalji u bilo koj sport. Kaj ste feminists , anyone??
АКо мое дете се роди со ХУ секако дека ке го пренасочам у правец да се изгради како здрав маж а ако се роди како ХХ исто така ке ја пренасочам да се изгради како здрава и права жена. Нема секако да следам мода и да чекам дете од 5г да ми каже како се осеќало зашто секако нема да земам здраво за готово.
Не е само ништо од ова. Тоа е комлексна ситуација, за која треба отворен ум и разбирање од секоја страна, многу работа на себе, многу промени, многу компликации.. Порано на јутјуб гледав некои луѓе кои го споделуваа својот пат, нималку лесен. Јас немам разбирање од тој аспект, не сфаќам како е тоа да се чувствуваш погрешно во своето тело, па затоа не се осудувам да осудувам. До хормонскамтерапија или како и да е називот, па се до операција знам декампоминуваат психолошки анализи. Сум гледала и луѓе кои поминале низ детранзиција. Секако телото никогаш нема да биде исто по толку промени, нонтоаме нивно тело, а се среќни. Верувам дека и стапката на депресија, анксиозност и сл. е висока, но се должи на збир фактори, а не само на еден.
Каква врска имаат геј луѓето со темата? Или врска си немаш како и обично што да кажеш па онака си спомнуваш категорија на луѓе што апсолутно никаква врска си нема со дискусијава?
Добро извини не сите, поголемиот број. Генерализација. Инаку второто прашање можеби треба сама на себе да си го поставиш бидејќи очигледно никогаш не си дошла во допир со искуства на реални луѓе макар било тоа и онлајн, па цела слика ти е базирана на некои си родители во Шведска што одлучиле да му го сменат полот на тодлерот. Како и да е, не добив одговор на првичното прашање.
Како ти текна? Уште една мудрост од тебе, пих ко книга за мудрости си. Штета, ме поштеди од мудроста за суицидност на геј луѓето, а сигурно имаше огромна мудрост - еве сподели ја у соодветна тема, за хомосексуалност. Која брука човече.
Ајде да кажеме дека си у право. По твојава логика транс лицата нели треба да уживаат најголема поддршка, а реалноста е спротивна?
Ако тука не уживаат, не значи дека не е така на други места. Стварно мислиш дека е случајно што лица како Дилан Малвени се толку промовирани?
Уживаат поголема поддршка во понапредни држави отколку тука, тоа апсолутно е така, ама не постои држава каде транс луѓето се поддржани повеќе од геј луѓето. Мене ако ме прашуваш сите од ЛГБТ+ заедницата треба да бидат поддржани, ама ете, реалноста е друга. Лицата ко Дилан што се толку познати и "спонзорирани" се многу ретки, она е буквално првата што започна да постира баш таков контент (ако не се лажам), или барем прва чијшто контент стана толку вирален за да привлече толку многу спонзори. Не можеш да зимаш за норм што една личност направила и колку е поддржана, и да ја изедначиш со цела заедница.