1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.551
    Допаѓања:
    38.515
    Пол:
    Женски
    Дилан е исто како секој инфлуенсер - фејк, без срам да се пикне секаде, напорен, сигурно со некоја конекција, што го прави полесно достапен за соработка. Спонзорствата му ги даваат за да фирмите добијат репутација на либерални и отворени и да го одржат профитот, гајле им е за агенди и права.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    19.360
    Пол:
    Женски
    Тоа де:):)
    Ама после сами ствараат негативна слика зашто рекламираат такви особи.
     
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.825
    Ама каква врска имаат геј луѓето, ниту сум ги дискутирала, ниту гледам што врска има со темата, ниту па збориме за нив. Не знам како измеша родов идентитет и трансродовост со хомосексуалност.
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.551
    Допаѓања:
    38.515
    Пол:
    Женски
    Епа тоа де хахах, ама не значи дека друг просечен транс човек во Америка добива ист третман како Дилан и други популарни ликови кои први ќе ни паднат на памет. Баш напротив.
     
  5. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Машки
    ЛГБ(Т) идеологија е почната со цел геј луѓето да бидат прифатени и да имат еднакви права.
    А ова во последните години со пропаѓирање трансродовост кај мали деца, реклами каде детето сакала долга коса го носаат на лекар и тој вели детето сака да е жена и го става на хормонална терапија - ова е жива лудост и не знам со која цел се пропагира, ова си нема врска со прифаќање на транс луѓето. Движењето е отидено во страшен радикализам што почнав да верувам и во conspiracy теории.
    Жалам, ама ова е лудост, зборувам од аспект на (речиси) општ лекар. Не само што нема да успее, туку се раѓа уште повеќе хомофобија и трансфобија кај луѓето, ке го изгубаат и тоа малко што се го добиле до сега.
     
    Последна измена: 3 мај 2023
    На Konfetka, Munchmallow20, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Машки
    Ај некој нека ми објасне како може род и пол да е различно ве молам??
    ПС. И јас сум либерален човек, ама ова не е либерализам драги мои. Ја уништија идеологијата, срамота.
     
    Последна измена: 3 мај 2023
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    24.011
    Пол:
    Машки
    Како што сите други богати и познати луѓе уживаат разни привилегии, така и транс луѓето. Животот ни малку не и е сличен на нив со обичните транс луѓе. Да не и е гајле случајно на Кејтлин Џенер шо цела ЛГБТ заедница ја мрази? Ама баш ич не и е гајле. Таа после сообраќајка избегна да лежи затвор па немаше последици, си продужи со животот ко ништо да не било, за трансродовоста и поддршката на богатите инфлуентни луѓе е смешно да се зборува во корелација со "обични" личности.
     
  8. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Машки
    И јас се сметам либерален. Не не ставајте сите во ист кош. И јас сметам дека ова веќе е надвор од сите граници.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.059
    Допаѓања:
    160.413
    Пол:
    Женски
    Исто. :whew:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.952
    Извини ама... 100%.


    Мене ЕДНО ми е важно, а тоа е да се разграничи биолошкото, генетското, кое НЕ се менува, со се' останато.

    Ако еден маж се осеќа како жена, имам 0 проблеми Стојан да го викам Стојанка. Нека е Стојанка.

    Ама Стојанка не може да каже "лица што менструираат". Жени менструираат. Не лица, неодредени.

    Маж нема да стане жена, ни со хормони, операции, магии, тревки од баба Рада, и понатаму ќе биде биолошки маж. За него ќе важат сите статистики/симптоми врзани за грото мажи (пример е симптоми на срцев удар, не се исти кај мажи и жени, и маж колку сака нека се осеќа како жена, јбг, симптоматски ќе биде кај мажите)

    Се' додека не смислат како ХХ да стане ХУ и обратно полот ќе си биде тој што е.

    Осеќајите во врска со родот, биди Стојна во лк, нема проблем.
    Ама барања за менувања на ембг, медицински истории, не.

    И ме вреѓа цис.
    Обична жена сум. Ќе бидам дај боже обична мајка.
    Не ми додавајте дефиниции, најдете си за себе свои ако транс не ве бендисува.

    Жени - не сте.
     
    На Букерко, christinnn, andromedae и 9 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.059
    Допаѓања:
    160.413
    Пол:
    Женски
    Какви?

    Како не е против природата да посакуваш смрт на некој шо реално никако не ти го афектира животот?
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.952
    Полот е биолошкиот дел - она што не можеме да го промениме, како и да се осеќаме.
    Родот е општествена категорија и затоа може да се менува, не е природен закон. Што е ок, се' додека не забегаат и почнат да чепкаат во полот.
    Што го прават. :)
     
    На Nausicaa, *Amethyst*, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Машки
    Предобро кажано, ќе беше океј...
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.952
    Не сум стручна на темата, мојот лаички предлог е да им се дозволи менување на имиња, род.
    Да не се дозволи никому (независно дали е транс маж или жена) да стои во мед. документација и со тоа статистика како нешто што не е. Како (иден) доктор верувам знаеш дека биологијата и генетиката (и други...) не се политички коректни и не треба да бидат.
    Науката не е и не треба да биде политички коректна.

    Пред да почне некој со вециња и незнамтишто, лично гледање имам дека нема потреба да се делат, сосема е ок да е едно за сите.
    На кој не му е пријатно нека моча на друго место.

    Поголем проблем ми е што пресоблекувални за бебиња сега се во женски вциња врзани, пошо нели, кај знае татко пелена да смени.

    Се' додека зборуваме за општествениот дел - родот, се' е ок. Може да се смени како што менуваме име, и да се врати исто така.

    Но да менуваме пол официјално, науката не нашла начин тоа да го изведе се' уште.

    И не е ок да се бара невистини да се пишуваат/водат заради ничии чувства. Темата се транс лицата, но кон сите исто ми е мислењето.
     
    На *Amethyst*, Gosh и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.383
    Допаѓања:
    175.125
    Родители во Шведска не менуваат ПОЛ на тодлер. Никој не менува ПОЛ. Или сум пропуштила нешто?:^)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.952
    Сакаат да го профураат како такво создавањето на дупка која треба да претставува вагина, или зголемување клиториси за да претставуваат пениси итн.

    Тоа никако не го менува полот, можеби је решава до некаде дисморфијата, но биолошки со или без пенис маж е маж, пол не може да се промени.

    Поради карциноми многу пениси беа отстранети во мое искуство, тие мажи не станаа жени.

    Имање/немање гениталии не го диктира (иако е голем дел) биолошкиот пол.

    Мажи на кои поради карциноми се отстранети тестиси примаат тестостерон оти немаат иначе и дефицитот води до проблеми разни, добиваат женствени карактеристики поради тој дисбаланс хормонски, но сеедно се биолошки мажи.

    Со хормони/операции може да се подобри личното ментално здравје на таа личност што се чувствува спротивно на биолошкиот пол, но во мај 2023, се' уште никој не успеал да промени пол во научна смисла на зборот.
     
    На *Amethyst*, Celltica, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.059
    Допаѓања:
    160.413
    Пол:
    Женски
    Темава секогаш ме уморва. L(esbian) G(ay) B(isexual) T(ransexual) се основата на виножитото шо, основано, е проширено. Особено drag queens беа водечка сила во формативни деној на LGBT+ движењето и транс лица.

    Постои род и пол. Е пошто постои род и пол има и дистинкција. Да родена сум како жена (пол/sex), и се осеќам како жена (род/gender). Родот е она шо се осеќаме. Полот, биологијата, логично, не можиме да ја смениме. Родот е социјален конструкт и е променлив. Да. Полесно ќе беше сите ако бевме genderless, no label blobs и без нагласок на сексуалност - ама во природата сме сепак луѓе. И комплицираме работи пошто гротото сакале крушка, а се осеќале како јаболко и са мора сите да сакат крушка и да се осеќат ко јаболко инаку било нЕпРиРоДнО. А некој е грозје. Некој е јаболко. А сака јаготки. Скроз еден тик ток ми се врти тука од серија. Зато забегав. Нејсе, некогаш е диктирано од социјални и општествени факти (ги учат девојчиња дека количиња се само за момчиња или ги учат момчиња дека фустани се само за девојчиња итн. Чим ги сакаат тие работи, значи то се. Социјалните норми често ни се најголемиот непријател. Шо е тажно пошто ваквите работи не не дефинираат како луѓе ама општеството сака да наметнува "машки" и "женски" работи и ова е почест проблем кај "десница" оти "левица" е генерално посвесна дека се работи само за социјален продукт), но најчесто е базирано на родова дисфорија, шо е легитимна состојба и се третира со транзиција. Зато и се прај проценка дали и кој треба да транзитира пошто од грешна проценка можи да дојди до детранзиција. Ама ризик од детранзиција не значи дека никој не треба да транзитира, или полошо, дека транс луѓе не се полот кој го осеќаат или дека то било неприродно и грешно. Едноставно докторот не чинел.

    Има цис род, или биолошки, и транс. И биолошка/цис жена е жена. И транс жена е жена. Тоа цис и транс само е индикатор на различното искуство кое го имаат двете жени околу својот идентитет. Обраќање на некој онака како шо сака е општа почит. Исто ако комшиката ми е Ангела, и јас ја викам Јасна - не е почитување. Исто ако на комшијата оти миел чинии (апла балкански пример, знам) му се обраќам со "жена", "папучар", "домаќинка" - ќе се почувствува лошо, и впрочем ќе му ја нападни машкоста (или, динг динг, неговиот родов идентитет) - не е почитување. Апсолутно стојам зад тоа дека за истражувања базирани на биологија треба да се користи биолошкиот аспект и полот, и обратно, за социолошки истражувања да се користи родот. Колку и да негираме, биологијата секогаш ќе има предна рака. Тестостерон во пубертет и со години, наспроти во касна адолесценција и пократко - никогаш нема да го има истиот ефект. Ама пак, нема транс маж да е помалку маж оти три години само прима тестостерон.

    Е сега некој мислел дека треба на гинеколог да оди зошто е транс жена. Или дека можи да затрудни. Или да оди на проверки за простата ако е транс маж. Итн, итн. Иако во самата основа е грешно и застапва стварно мал број транс лица (ама е толку контроверзно шо само то се гледа), сите имаме свои delusions. Само не слушнав некој да вика за моите delusions: ЦИС ЖЕНА МИСЛИ ДЕКА СО МЕДИТАЦИЈА НЕМА ДА ЗАТРУДНИ И АКО КЛАВА КРОМИД ВО ВАГИНАТА. Или нвм. Си играме мајтап со тие во мкд женски групи.

    На крај да ден, не е за дали некој е од конзервите или од тие либералите. Основна почит и емпатија е во прашање. Или ја имаш, или ја немаш.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.383
    Допаѓања:
    175.125
    Не знам јас кој шо сака да профура, ама малку од темата се подзабега...а и од умот богами.

    Идентитет. Дај бе кажете што е тоа идентитет, кој тоа по ѓаволите се чувствува како жена, кога, зошто и како? Ако не се чувствувам како жена, а дефинитивно не се чувствувам како маж, што сум уствари? И дали воопшто сум:wasntme:

    Во многу интересни насоки е тргнат развојов на темава. И тоа не е ни добро ни лошо. Во секој случај заебано е. :|
     
    На *Amethyst* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    265.952
    За лично себе зборувам, ако Трпе сака да се вика Трпана, ќе го викам Трпана, и ќе му се обраќам во женски род.
    И ако сака да носи фустани и не знам, што сака нека прави ќе го почитувам тоа.

    Ама, ама, ама ако во научни истражувања што ја засегаат целата популација, не знаеме дека Трпе сепак не е биолошка жена, затоа што не е, го исклучиме тој факт, доаѓаме до неточни резултати кои секако дека негативно ќе се одразат на цела популација.

    Емпатија е една работа, мислам дека ја имам, ама одење во лудост и негирање природа е нешто сосема друго.

    Родот е општествена категорија, родот наметнува обрасци на однесување и како таков може да се менува илјада пати.
    Ама да застанеме тука.

    И малце, обострано.
    Не сум лице што менструира.
    Не сум лице што раѓа.

    Ако земаме обзир дека Јанко се осеќа како Јана и прифаќаме, легитимно е да имаме разбирање дека не сум лице што менструира туку сум жена, ни плус ни минус.

    Не сум мајка пример, ама потполно разбирам зошто мајките не сакаат да бидат "лице што раѓа". Сакаат да се мајки, толку.

    Паричката има повеќе страни, никогаш нема да е ок да се угоди на една група на сметка на друга. Нека менува род кој осеќа потреба од истото, со или без хормонална/хируршка интервенција, нека не се менуваат заменките на луѓето што се океј со истите и ги сакаат (жена, мајка), и нека не си прават Бајрам на памет дека полот било кој го променил.

    Не може да имаме емпатија во биологија. Не иде така.
     
    На dea.18, Nausicaa, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    7.802
    Пол:
    Женски
    Не знам дали имаш слушнато за CBT, е еден од начините. Не значи дека само менување на пол е начинот.