Не ти се ажурирани информациите. https://www.who.int/standards/class...ncongruence-and-transgender-health-in-the-icd Родова неусогласеност се викало... ваљда. Дисфорија - пих, не мора да постои. Психички проблеми- богдачува, нема да ги стигматизираме. Логично - доктор, кој е тој да те еволуира и трауматизира. Психолошки евалуации и смерници во транзитирање малолетници- бу, ху, психолошки гејт капинг. СЗО дами и господа, капом и брадом. Да им дадеме аплауз Повеќе, во наредната епизода- леви ли се, десни ли се, ај донт гив а шит.
Пак не е промена на пол. Не сме стигнати таму, можеби во иднината. Сето тоа до некаде ја решава дисморфијата и е ок кај возрасни луѓе, некоја ќе исправи нос де, ама гените за крив нос не може да ги промени/да не ги проследи на потомство. Така што, пол не се менува. И баш треба внимателно тука со терминологија
CBT не е решение. Ама сум отворена да образложиш зошто мислиш дека е. То е како conversion therapy to pray the gay away. Дури малку бедничко да не речам. Поќе ми лежи DSM-5 за класификација јер професија, која и професионалци по ментално здравје ја користат. Следно, до кај шо сме моментално се користи ICD-10. 11ката се "користи" само на хартија и уште е под почетна ревизија и има големи промени иако во САД треба ( нагласок на треба, не ја користи) од Јануари 2022 да се користи, Англија е попаметна и чека до 2026. https://www.icd10data.com/ICD10CM/Codes/F01-F99/F60-F69/F64-/F64.9 сакам да кажам тука сме со овие работи, сега. Ама со ICD 11 ќе се постигни нешто ново. Се ќе биди исто само состојбата нема да е патологизирана и надежно ќе работи против стигмата која постои. Башка шо DSM-V има критериуми кои се потребни за дијагноза и насоки. ICD-9-10-11 се само кодој кои се важни за то колкав дел од продецури ( тука мислам и на најобичен преглед од доктор/ CPT codes) осигурањето ќе плати. Шо беше прво, јајцето, или кокошката?
Дилан ги добива истите привилегии од тикток слава, како и сите останати тиктокери кои не се ни транс, ни геј, ама вас само он ви е трнче во око и по вас само он е промовиран... Дру, стрејт цис жена, беше една од водителите на Оскари. Мередит, исто така стрејт цис жена, заштитно лице на Елф козметикс, ака најголемата драгстор мејкап компанија од Британија. Има милион луѓе што добија бренд дилс поради тикток, не само Дилан. А најтрагичното е што Дилан не е ни првата транс жена која се пробива во шоу бизнисот. Џиџи Горџс, Никита Драгун, Ники Туторијалс... Овие се десетпати попромоворани и поуспешни од него веќе 10 години, ама додека нас ни е исперен мозокот од тикток, вас ви е од вест на дејли меил каде што кажуваат како некој небањат маж од Оклахома ги џитка пивата со фацата од Дилан на нив. И искрено страшно е како работите стануваат вирални, само кога ќе се чепне интересот на бели, стрејт, цис мажи, на кои верувајте ич не им е гајле за вашите тоалети, или прегледи на гинеколог или whatever. Да не беше тоа пиво, верувајте немаше да се развие вирална конверзација вашата безбедност, која верувајте, не е загрозена од LGBTQ+ заедницата.
Туку ја друго ме интересира. Ако више родот е само идентитет и нема веза со биологија, која е потребата од хормони и операција? Или сепак мора да се има она биолошкото за да биде жена/маж? И апсурдно е да им кажуваме на жени кои се депилираат дека капитализмот и општеството им го перат мозокот ама кога тинејџери добиваат хормони ко витамини тогаш е нивна одлука. А бричени влакна пак ќе пораснат ама хормонски ефекти се речиси неповратни. Бтв Дилан во видеата отворено се подбива дека жените биле плачливи, емотивни, overreacting оти пробува да се однесува така и демек глејте ме, жена сум оти бегам ко улав од бубачка. Ама овде го браните ок. А кога обични мажи стереотипизираат жени тогаш се напаѓани. Да беше некој друг ќе сфатев ама не и за копитово. И она поназад за Џонатан Јанив дека стварно да он бил жена а типот е гнасен педофил докажува дека секого би прифатиле за транс само на збор, дури и такви кои екшали не се.
Не си. Ама рече дека радо би одела на погреб него да видиш некој да си живеј далеку од тебе и среќен. Импликацијата е тука. Гледањето свој двор чинам.
Когнитивна бихевиорална терапија бедна?! Дали знаеш воопшто што е ког бих терапија или пишуваш само колку да се контрираш?
Не е терапијата бедна. Напротив. Си има свои примени и знај да е многу ефективна во тие примени. И после авторот напиша споредба и кажа која помисла е бедна. Одделно. Бедна е помислата дека родов идентитет ќе "попрајш" and pray the gay away. Ако некој пиши само да се контра, ќе видеше во кој редослед се речениците пишани и немаше да ги вадиш од контекст. But here we are.
Ти вадиш од контекст. Никој не сака да го "поправи" родовиот идентитет, туку да се надмине родовата дисфорија. А еден од начините за тоа е когнитивна бихевиорална терапија. Не знам дали си гледала документарци кадешто транс, транзитирале, значи направиле операција за промена на пол и после тоа се покајале.
Имаат телесна/родова дисфорија (која според мене би требало да биде професионално дијагнозирана --- во случај на препишување на хормони). Значи, постои несогласување меѓу половиот орган/телото и мозокот на транс личноста. Мислам, тоа е чувство кое доколку не си транс не можеш да го осетиш, да чувствуваш како не припаѓаш во своето тело ради полот. Има истражувања дека мозокот на транс жени е посличен со жена отколку со маж. Што е логично, затоа што секако има некоја причина зошто ја чувствуваат таа потреба да бидат женствени. Така им се развил мозокот, телото, хормоните и тоа не може да се негира. Природно е во природата да има диверзитет. Сигурно има и кај животните женки и мажјаци кои се раѓаат со „пореметени“ хормони или мозоци што се однесува до полот. Замислете си било кое животно во глава, и некој мажјак пример не расте онолку колку што обичајно растат мажјаци туку како женка... разликата е во тоа што ние луѓето имаме и социјални и општествени норми според кои живееме и транс особите, кога веќе се така родени (а, така се родени, не можеме да негираме), осеќаат потреба да се адаптираат на тие норми. Е сега, проблемот е што вие не дозволувате никој да постои надвор од слика на женствена жена со долга коса и маж со кратка коса и машка облека. Јас пример не верувам во родови како non-binary, gender fluid и сл. мислам дека секој може да прави што сака со себе, да изгледа како сака, да има било какви интереси без да се лепи некаква трета етикета на тоа. И ете имам другарка која е женско, има кратка коса, се облекува во машка облека и ја истеруваат од женско ВЦ, имам другари кои се мажи а се напаѓани затоа што се бар малку поженствени од очекувано. И сега што? Дрско, подрско на свет нема од тоа да барате од сите да изгледаат и да се понашаат онака како што вие очекувате. Жена нема еден изглед и затоа велам као не би ни знале дали транс жена користи ваше ВЦ и да се згрозувате за тоа. Имате омраза кон се што е поразлично и тоа е безобразлук.
Безобразлук е дете од 2 години да го правиш транвестит оти сакало розево, дете од 10 години да го труеш со хормони, на дете од 15 да му го сечеш мандалото, оти нели- воук нација сме. Возрасен човек нека прави што сака, деца да не се чапкаат. Нека носат алишта какви сакаат, нека се осеќаат како сакаат, ама аман живи Бога не поддржувајте сакатење на малолетни деца.
Ама има разлика од начинот на Ники/ Џиџи и Дилан. Џиџи ја следев пред неколку години, сега ме потсети дека постои, скроз поразличен пристап имаше од Дилан, за Дилан добивам впечаток како да снима пародија за жена. Ники исто, таа стекна популарност и пред некој да знае воопшто дека е транс. Има нешто кај Дилан што ми е непријатно и не ми се допаѓа, што кај другиве никогаш не ми засметало. Треба многу внимателно на тие теми, затоа што може да направи повеќе штета, за целата заедница.
Многу ме нервира на форумов кога некој намерно ја промашува целата поента од постот и се фаќа за зборче. Пол, да. Бидејќи ми е доволно јасно што е што ама измислив хипотетички пример за да ти доловам екстремистички случаи кои се претставуваат како норма. Појасно?
А зошто да не можат да се во исто веце кога не постојат докази дека транс жени ќе напаѓаат цис жени во вецињата? Тоа е целата поента. Јас не знам дали е педофил или не жената. Тоа ти го спомна, можеби немале доволно докази. Но за случајот со салоните, таа ги изгуби повеќето судски одлуки, па нема врска дека законот не можел да ја допре зашто била транс.
Транс маж што нема направено транзиција мислиш дека ќе сака да влегува и користи машко веце? Исто така нема докази дека некој само затоа што е маж би нападнал жена, па која е поентата воопшто да постојат машки/ женски тоалети? Кога си жена и живееш во ваква средина во ова време, нормален е стравот од биолошки мажи. И транс луѓето треба да се позаштитени, ама од нив, не од жените кои сосема оправдано се загрижени за својата безбедност. На иста страна сме.
Тие се веќе жена или маж и пред операцијата. Тоа што родот и полот се посебни не значи дека родовите карактеристики немаат никакво влијание околу како ги гледаме нашите тела. Желбата нашето тело да изгледа на одреден начин е исто дел од родовиот идентитет. Ама родовиот идентитет е тој дури и телото да не изгледа на тој начин што го сакаме.