Јас поддржувам сите вециња да се унисекс. Нема никакви докази дека вецињата се места каде што жените со поранливи во споредба со други локации. Баш спротивно, во вецињата обично има неколку луѓе, што ги прави шансите за малтретирање и напад поневеројатни. Ама некои луѓе им одговараа оваа сегрегација, вклучувајќи ги и транс жените. Потребите на цис жените не се побитни од оние на транс жените, кои исто имаат потреба од веце без цис мажи. Стравот на жените е поради односот и понашањето на цис мажите. Транс жените вообичаено немаат никакви социјални карактеристики на цис мажите.
Аххх маж и кажува на жена за стравот на жените А транс мажите? Во однос на транс жените, и јас не мислам дека ако имаат направено транзиција треба да користат машки тоалет. Ама знаеш зошто? Од безбедносни причини, за неа.
Можам да го кажам тоа бидејќи сум читал безброј случаи на малтретирање на жените од страна на мажите, и сите мажи во тој случај биле цис мажи. За малтретирање од страна на транс жена воопшто не сум слушнал.
Не си ми кажала ништо. Тоа со салоните не спаѓа под малтретирање, малтретирање е друго. Криминал е трето, не викам дека нема транс жени криминалци.
Никој не подржува тоа. Затоа не правете big deal ако женско дете сака камиончиња и фудбал и ако машко дете сака да се лакира туку нека бидат деца.
Многу е лесно како маж да кажеш дека ќе биде супер сите тоалети да се унисекс. Стравот е од биолошките мажи, не конкретно од транс жените. Како ќе поставиш граница во која фаза од транзицијата е океј да користи секакви женски простории? Сакам да кажам, рано е за ова. Не е начинот сите да се измешаат заедно, додека жената на еден куп места не е безбедна. И зошто никој не ги спомнува транс мажите? Затоа што се биолошки жени?
Побарај и види. Преку 500 случки. Ама со сила некад се праите наивни ,,ја нисам одавде, никад чуо" type of shit.
https://stanmed.stanford.edu/how-mens-and-womens-brains-are-different/#text=Adjusted for total brain size,is bigger than a woman's.
Дали се повеќе од случаите со малтретирање цис жена кон цис жена? Ама сепак не ви смета да влезете во веце со цис жени. Малтрерирање од страна на транс особа кон цис особа е статистички незначајно.
И јас сум против унисекс ВЦ-иња, затоа што воопшто немаме проблем со начинот на кој функционираме сега. Нападите од мажи што се случуваат немаат никаква врска со транс жени или лажно преставување како транс жени кое го злоупотребуваат. Проблемот кој го дискутираме е реално фиктивен, смислен од трансфоби на кои им е непријатна помислата да го делат ВЦто со транс жена. Како што реков, има жени што се мушкаданки, на кои местото им е во женско ВЦ, а на прв поглед изгледаат како машко. Не постои начин да определиме кому каде му е местото. И тоа е. Можеме да смислуваме алтернативни начини како на жените да им е побезбедно во ВЦ кои немаат врска со транс луѓе.
Ама еве и кога спомнуваш мажи кои се преправаат како жени за да бидат манијаци, тука ти викаат тоа стварно да ти биле транс жени, не некои крејзи луѓе. Место сами да ги исплукаат таквите, они ти викаат и тие се жени. И како да бидеш либерален а?
Jaс не правам big deal, туку прават тие што си ги сакатуваат децата од мали. Виделе детето сакало розова боја, и одма било транс, се искажало детево како женско уште на две години, па тик тоци, па аплаудирање колку опен мајндед родителиве, мизерија, ми се повраќа. Јас дека вака затуцана, па син ми кога сакаше и тој плетенки ко сестра му, не го етикетирав ко трансџендер, и не му сменав одма име во Стојанка. Тоа е, не сме сите модерни
А дали се повеќе од случаите со малтретирање на биолошки маж врз (цис или транс) жена? Ме нервира што секогаш жената треба да се прилагодува на сите, секогаш некој друг повеќе знае од жената, и за безбедност, еднаквост, права, а бе за цело нејзино постоење. Ние сите жени тука викаме не е океј, со цело животно искуство во кое стопати сме се осетиле небезбедни, доаѓа маж и ни вика ама ете, и цис жени напаѓаат цис жени. Знаеме, не е тоа поентата. И по стоти пат, што е со транс мажите? Нели сте свесни дека тие најмногу ќе бидат малтретирани ако пред да направат целосна транзиција се приморани да одат во машко веце? Па и во унисекс.
Па и јас се согласувам со тоа. Либералци во Америка се ќе направат за да испаднат најголеми либералци. Но они немаат мозок за размислување жими се.