Ако има вагина и посетува гинеколог, не е маж туку жена. Ако транзитира целосно од жена во маж, тогаш е транс маж.
А што тебе те афектира ако „цис“ жените (како што сакате да не нарекувате) сакаме да имаме свое веце, соблекувална и сл. како досега? сега трансфобија е и ако гинеколозите одбиваат да прегледуваат биолошки мажи.
Мене кажав не ме афектира. Транс жените ги афектира. Не реков дека гинеколозите прегледуваат биолошки мажи. Туку прегледуваат и луѓе кои се мажи по род.
Пример, ако еден маж сака да транзитира во жена, зошто да не транзитира целосно вклучувајќи ги и гениталиите? Или транзитирај целосно или ич.
Грешка моја. Со „какво било“ сакав да кажам дека може и транс маж да оди на гинеколог, ама гинеколозите се само за одредени полови органи, не за сите.
Од кај заклучи дека оваа личност ќе го користи вецето на некој начин што објективно би им наштетил на другите корисници на вецето?
Мислам дека веќе те прашаа. Ако транс жена со пенис сака да оди на гинеколог, а тој го одбие, дали е трансофоб?
Зашто воопшто не личи на жена можеби??? Транзитирај и заличи на жена па после користи женско веце... евентуално.
Ај не ја тупете со ментална гимнастика за џабе. Транс маж што нема направено хируршка интервенција на полов орган сѐ уште има вагина и ќе оди на гинеколог. Транс жена што нема направено хируршка интервенција сѐ уште има пенис и ќе оди на уролог. Ова е една од понебитните работи за кои ја тупите, додека некои транс луѓе немаат никаков пристап до лекарски услуги и основни човекови права.
Еве на пример знам транс личност од Македонија на која не и беше пружена услуга од матичен лекар оти е транс.