За што била одбиена таа личност? Бил болен, не сакала да го лечи? Не сакала да го прими како пациент? За што поточно?
Мене ме афектира затоа што не се осеќам сигурно да делам веце до биолошки маж. Што ќе кажеш за транс жената сјто го ставиле во женски затвор и ги силувал жените таму?
А сликава па стереотипна, демек либералните жени глупави со шарена коса и чокери, а овој десничар, прибран, господин интелектуалец што ќе земе да ги едуцира.
Како овој на видеото сигурно не. Во секојдневен живот разликуваш за барем 90% од луѓето кој е маж кој жена. Туку што ако влезел во машко веце?
Нека транзитираат, но да не влегуваат во вециња за цис мажи и цис жени, туку да има посебни за нив. Ако транс влегуваат и цис ќе си земат за право да влегуваат. И да не учествуваат во сите спортови со цис луѓе. Биолошки маж може многу лесно да повреди биолошка жена, дури и ненамерно. Форсирањето промени на ваков начин е антифеминистичко.
Како е ирелевантно? Јас бев одбиена од матичен гинеколог затоа што нема место за пациенти. Може требаше да ја објавам, ми врши дискриминација затоа што на лична карта изгледам како мајмун, а во живо на човек. Можеби ист бил случајот и со другарчето твое. Но, како и секогаш, се е трансофобија, се вие сте дискриминирани.
Мене најтрагично ми е што вакви транс активисти наместо самите да ги окудат тие што се преправаат дека се транс како Џонатан Јанив и овој што го постирав поназад со цел да ги заштитат правите транс лица од непотребно плукање, они буквално секого сметаат за транс и поддржуваат. И манијаци и брадести чичковци од 50 години само зашто кажале рандом дека биле демек жени. Па унисекс вециња, па жените многу сме барале наши посебни простории само зашто на нив не им сметало така. Немало што нашите потреби да се слушаат ама тие на транс да. И после ни сметало движењето. Еве и ја се чудам зашто
Тоа на сликата претставува транс жена, баш ко што кажа ти, стереотипно. Ајде може и полошо, можеле и некој транс педофил да стават. Искрено, и левичарите и десничарите често се служат со оваа тактика што дефинитивно не е во ред, ама десничарите знаат да одат ептен во крајности. Јас не знам како ова стигна да се прикажува кај нас, буквално сме прва земја што ќе прави проекција на таканаречениов филм...
Никој никогаш не оправдал ниту пак поддржал педофили, убијци или што и да се, само затоа што се транс, престани да измислуваш наративи. Во сите маргинализирани групи постојат луѓе со психички проблеми, постојат педофили, силувачи и сите секогаш биле осудени за тоа.
Еве другар ти не мисли така. Вика дека СЕКОЈ што ќе каже дека се осеќа како жена, е жена. Значи и педофил и манијак да каже жена е, според @RespectAndObey слободно да влезе во женско веце и соблекувална. Дека не мора воопшто да личи на жена туку само да каже дека така се осеќа.
Значи, трансродовоста на особата што го извршила делото не треба да е проблемот, туку извршеното дело. Како да ти објаснам поинаку?
И како ќе спречиш педофили да влегуваат во женски соблекувални ? Ќе чекаш да силуваат некого па после? Или сепак воопшто нема да дозволиш пристап на биолошки мажи нели?
Па и транс жените се биолошки мажи така да повеќе од очигледно е дека сите проблеми во светот ги прават биолошките мажи.
Па и биолошките жените се луѓе така да повеќе од очигледно е дека сите проблеми во светот ги прават луѓето. Логиката не ти штима. Транс жените немаат ништо врска со проблемите предизвикани од цис мажите. Транс жените отсекогаш стоеле на страна на цис жените и феминизмот.
Ај кажи ми разлика меѓу "саглам" транс жена и несаглам транс жена (манијак) и како ќе одлучиш кој може да влезе во соблекувална од нив? Или двете ги пушташ? Или па ниедна?
Зошто се употребува - цис жена? Жена си е жена, една е. Исто и маж. Транс луѓето нека си ставаат - транс ако сакаат. Не праша некој нас дали сакаме - цис да стои пред жена/маж?
Не е можно таква разлика да се прави, исто ко што не се прави ни за цис жени ниту цис мажи што ги користат вецињата. Не можеш да кажеш кој е манијак само според изглед.