Значи поарно да ги загрозиме жените него случајно некоја транс да не се навреди. Браос. Иако транс луѓе се многу поретки од што се збори.
Апсолутно никаква корист не гледам од терминот цис. Има биолошки жени и транс жени. Нема потреба од нови термини кои се само производ на забеготини што немаат паметна работа и измислуваат глупости.
Оф мајко мила. Дечко самиот велиш дека секој што ќе се изјасни како жена е жена. Сфаќаш дека ова може и манијак да го направи? Буквално секој. И да не личи ич на жена, комотно ќе влезе кај жени.
Не се сите биолошки жени цис жени. Некои се транс мажи или нонбајнери. Се разбира дека има потреба од тој термин.
Фала, не треба. Никој не побара од вас помош ако добро знам. Вие ако имате нејаснотии употребувајте си ги во вашата заедница. Останатите знаеме што значи жена и транс жена. Толку. Нонбајнери срање не постои.
Сум била многу пати свиркана, допирана во јавност, со страв сум идела кон дома. Ама океј, нека се нереалистични. Во соблекувална барем побезбедно се осеќам. Ама ти неќеш ни таму да ме оставиш
Тоа што ти го правеле цис мажи не можеш да го користиш како оправдување за угнетување на правата на транс жени.
Па ако се дозволи секој што му прдне да каже дека е жена, и цис мажите ќе го користат тоа. Не знам што не ти е јасно А ти пошто немаш проблем со тоа, очигледно не ти е гајле кој сѐ би влегол да манијачи девојчиња Еве во средно идев на пилатес каде идеа само жени. И дозволено беше само влез на жени. Имаше и млади и стари. И не ми беше гајле дали пупките ми се испакнале или газот сум натртила или уатевр. И така сакам да се осеќам и на други only women простории
Не знам што да ти кажам. Цис жените немаат право да исклучат една цела подгрупа на жени само за да се чувствуваат поудобно.
Би треба да се има идентитет или некоја си лична карта да се знај кој што како се родил и во што се претворил. Да се има 3та да речем група на луѓе, за да не испадни џурултии по затвори, спортски настани и натпреварувања. Да бидиме искрени, транс маж > жена секогаш че биди првак во женско натпреварување. Итн, да не набројувам лаички и општо познати работи за просечен човек што лесно може да ги сфати и разбери. Немам ништо против ама идат времиња што че ни создаваат trust issues и едвај чекам да си фатам женска, ама вистинка, и че докажам дека сум се родил машко, и сеа сум мажиште. (се извинувам за канцерогенио хумор, ама шо да прам барем на сета нервоза, кисело да се насмевнам)
Ај вака. Замисли имаш ќерка од 14 години и ја запишуваш не знам на нешто спорт да иде да вежба. Ти кажува дека у соблекувална дента им влегол дечко со апла машки изглед ама им рекол дека он се осеќа како жена и нема потреба да се плашат. И почнал да се соблекува пред нив. А она се исплашила ете. Ич нема језа и страв да те фати? Онака ни малкуцка?