Какво било репродуктивно здравје во гинекологија значи - женско репродуктивно здравје. Еве и ти го болдирав плус и ти подвлеков. Со вториот цитат си кажуваш самиот дека транс мажи не се мажи туку жени (со пореметена слика за реалност), затоа што гинеколог се занимава исклучиво со женско репродуктивно здравје.
Ти тоа како сакаш кажи си го. Гинекологијата сега е дефинирана врз база на органите над кои има специјализација докторот. Ич нема врска родот на пациентот.
Ако ништо не се десило и жената потполно нормално ја користела соблекувалната, нема што да ме замара мене.
Лол. Патетика. Транс мажите не се жени, доколку немаат правено операција имаат вагина бидејќи биле родени како жени и затоа би оделе кај гинеколог, се додека не направат gender reassignment операција.
Гинекологија се занимава со женско репродуктивно здравје. Урологија се занимава со болести на уринарните органи и машко репродуктивно здравје. Не ми се верува што објаснувам на форум, најосновни работи не се знаат.
Транс маж е личност што е родена како жена, а се чувствува како маж и транзитира во маж. Транс жена е терминот за поентата што сакаш да ја направиш, а е дискутабилна.
Во врска со ова со гинеколог мене првичната поента ми беше дали терминот "гинекологија" е трансфобичен и треба да се смени јер "гине" значи жена. Значи гинеколог специјализира за женско репродуктивно здравје што вклучува матка, јајници, бременост итн. Зашто нели сме многу чувствителни на термини
Не е воопшто дискутабилна, ако пример бидиме искрени и отворени, треба така да е. Секако дека немам ништо против нека си постојат како личности итн, ама малце треба да се средат работиве и да тераме напред.
Мене ми изгледа ко ти не разбираш основни работи. Женско репродуктивно здравје се однесува на полот, а не на родот. Не значи дека ако се користи терминот „машко“ или „женско“ во биолошка смисла, дека готово, родот не постои. И полот и родот се вистински. Јас само ти викам дека гинекологијата не ја интересира родот на пациентот. И тој термин „женско“ во „женско репродуктивно здравје“ не се однесува на жени како род.
Интересно. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/26753630/ https://www.medicalnewstoday.com/articles/321529 https://www.webmd.com/sex/what-is-non-binary-sex https://en.wikipedia.org/wiki/Non-binary_gender https://www.dictionary.com/e/nonbinary-meaning/ https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S2352250X22002202
Мислев за после транзиција де Ама да, и јас мислам. Нема што да бара кога и после транзиција не може да биде иста како биолошка жена.