Не постојат во мојот термин цис жени, тоа е измишљотина од нечија идеологија. Ако јас не се согласувам, значи дека не прифаќам вакви термини и не сакам некој да ги употребува кога зборува за мене.
Нови зборови стапуваат во улога се додека доволно голема група на луѓе ги користи. Тој термин постои и ќе си постои, независно од дали ти го сакаш или не.
Цис маж/жена е термин што се користи само кога се прави дистинкција меѓу трансродовите луѓе и луѓето што се идентификуваат како полот кој што се родени, односно полот и родот и се совпаѓаат (cisgender). Демек тебе некој на улица ќе те сретне и ќе ти каже дека си цис жена, или мене дека сум цис маж? Или во документи ќе ни пишува цис?
Ако не сакаш да си маж може да се идентификуваш како жена со простата (што ја немаш нели). Избери си назив и тадааа....
Зошто се буните околу неколку зборови? Ајде океј не зборам дали треба да се прифати или не, туку не ви е баш јасна терминологијава. Додуша и во нашиов јазик не постои поделба меѓу пол и род - во смисла на општествена категорија па претпоставувам од таму доаѓа бунењево.
Кои се тие цис жени, какви се? Немојте ни вие да тупите и наметнувате терминологии врз биолошките жени. Кој не знае што е биолошка а што транс жена е апсолутно негов личен проблем. Нема потреба од менување и додавање термини за да се задоволат нечии идеологии.
Не знам дали е биолошки можно тоа, но доколку постои некој човек со таква мутација роден во иднината и се идентификува како род жена, тогаш таа е жена.
Во врска со родовите заменки, немам проблем со обраќање на транс жена со таа и маж со тој, но мислам дека ми е тешко да пазам да одам по јајца што се вика да се обраќам на некој во трето лице пред нив, или повеќе од тие 2 заменки да употребам. Мислам дека фокусот на нео-заменките и потенцирањето на истите на места како твитер работи против целата работа на прифаќање. Многу е форсирано. Сфаќам дека има луѓе што ќе се обраќаат намерно на транс жена со тој, дали со предрасуда или без, од сексизам или омраза или не знаење, но zey/zem.planetkin, demikin и остали сра*а се стварно циркус. Тешко ми е да сфаќам озбилно луѓе со придавки во био. Сфаќам дека пропуштам дека е битно за тие што не презентираат како полот со кој се идентификуваат, но целата работа е толку згрчена(convoluted?). Мои 2 цента.
Па и кога гледам транс жена не велам - здраво транс жено. Туку кога зборам во трето лице. И кога сте во група на луѓе кои не прифаќаат цис пред жена, треба да не го употребувате кога зборите за жени што според вас се цис, како што не сакате некој за транс маж да рече - жена.
Другар, основна биологија и анатомија на човекот не знаеш па тука не убедуваш дека се е нормално и дел од природа... Прво оди научи кои органи спаѓаат во женски а кои во машки.
И не треба да знаам за оваа дискусија. Родовиот идентитет нема врска со биологијата и анатомијата, туку е предмет на психологијата.
Уште вас да ви се разјасни дека не сакаме да бидеме класифицирани како цис жени заради нечии лични желби.
Зошто жена би си го променила полот ако сака да биде жена, сигурно сака да биде маж и нема што да се лути кога и се обраќаат со тој?
За жал, да, нео-заменките се многу контрапродуктивни за транс луѓето, иако не е тоа целта. Јас искрено, не гледам поента во тие што ги наброја, ако се вистински Едно е he/she/they, друго е да има 15 други што немаат баш некоја поента. Не сум истражувал доволно на темава, ама со сегашното знаење ми делуваат многу исфорсирано тие нови neo заменки... Додека пак, заменките во био (he/she/they) не гледам зошто би ти биле проблем? Ако пишува одредени заменки во био и се обраќаш на таа личност со тие заменки, ќе избегнеш конфликт од misgendering. Мене ми стои he/him во заменки, опција е на многу мрежи, како LinkedIn, Instagram, Facebook...
Цис жена, цис маж, транс жена, транс маж, биолошки маж од женски род, биолошка жена од машки род, тој/таа/тие… Абе, арни сте?
Јас лично немам проблем да ословувам некого било како. Реално, ако е тоа проблем, ако Александра реши утре да биде Александар, скроз сум ок со тоа. Лично еднаш сум имала проблем да не знам некого како да ословам, а можда бил/а жена или маж со специфичен здравствен проблем, можда транс, реално ич никако не ме засега и ништо не ми менува господине/госпоѓо . Ама имам проблем со подоба од 100 кила, со пенис, да ми влегува во туш кабини со жени и девојчиња. И малку повеќе имам проблем со тоа дупење во здрав мозок- ама јас баш нешто као жена се осеќам, пред да одам во затвор.