Полот е биолошката категорија. Родот се разгледува од социолошки аспект и е предметот на дебата за што е отворена темава. Бајнери, значи бинарно, веројатно знаеш што е зборот бинарно? Прилично е едноставно.
Ама добро, јас ти зборам од перспектива на јазик кој реално се менува. Не сме чуле некаде, реално сме прочитале, исто како што ти реално ги знаеш проблемите на транс луѓето. Можда и законодавство кое реално се менува, па задутре сценариото во туш кабина мене ми е многу реално. И законодавство кое реално се менува на многу подмолен начин, за да вовлече што повеќе малолетници во оваа папазјанија.
Ако може секој маж да влезе во женска пресоблекувалана само штом ќе каже дека се чуствува како женско, безброј манијаци ќе се претставуваат како жени само за да влезат и да ги гледаат жените. Мислиш дека така жените се безбедни? Дури и да не е манијак, да е транс жена како што би кажал ти мене ќе ми биде незгодно од него/неа, а и верувам на повеќето жени. Според мене најдобро решени би било да се има посебни пресоблекувалана и тоалети за транс мажи/жени, а не кој каде сака да влегува, ако е така што има потреба од машки и женски тоалет/пресоблекувалана?
Транс деца бе леле. Па уште од мали ги клукаат со хормон блокерс леле треба нивните родители што го дозволуваат тоа да земат во затвор да ги притворот. Тоа мало дете уште не знае ќе ми извините на речникот газот да си го избрише с туку ќе знае дека е незнам таму што и ќе си пореметува хормони.
Џабе објаснуваш. Упорно му ги повтарам работиве ама он ти вика дека секој што вика дека е жена, жена е и не може да ти наштети и нема ти што да бараш од некој да изгледал вака или така. Жена е и пред тебе ќе се соблака и ти мора да си океј со тоа. Ете сам си кажува дека нашите стравови се нереалистични, дека ич не се битни манијаците, дека ич нема да биде вознемирен ако на своја ќерка му се случи ова. И унисекс вециња не му сметале. И најжално е што ваквите многу често и феминисти ги поддржуваат, ко божем ако кажеш дека си транс, автоматски добра душа значи дека имаш или еве не знам.
Ги читам вака коментариве од кога почна дискусијава на темава, малце се отиде во друг правец, воведот е за едно, се пишува за друго, како и да е... Значи, се раѓаме со одреден пол. Или сме XX или XY. Природно и нормално е да се идентификуваме со својот пол. Повеќето сме такви. Се прашувам, зошто, што е она поради кое некој маж не се чувствува како маж? Зошто сака да биде жена? Има разлики меѓу маж и жена, не се менува полот туку така... Мислам, одење против својата природа, против она што си, онака како што си роден, е многу тешко. И, гледајте, колку само не можат да се вклопат тие лица некаде... Жена и транс жена не се исти. Ако биолошки маж сака да биде жена, се облекува, се однесува како жена, а има машки полови органи, тогаш нему не му е местото меѓу жени. Во тоалети, во собелкувални, во женски спортски екипи... Исто е и за мажите. А да направи операција за промена на пол и да зема хормони цел живот, колку е тоа забегана работа... и опасна. Затоа што здравјето зависи од тие хормони. И пак ми се наметнува прашањето, зошто одење во таква крајност? Одење против себе, против својата природа, оној кој што си? Според полот, ти припаѓаш некаде. Кога си транс, веќе почнуваш да не припаѓаш никаде. Се' е поделено на женски и машки пол и исто таков род. Тоа е општеството. Жена си со женски полови органи и карактеристична структура и женска природа, маж си со машки полови органи и карактеристична структура и машка природа. Се знае кој каква улога има, ако се родители, се знае кој е таткото кој мајката. Се' си е подредено, јасно и тука се појавуваат транс луѓето да поматат се', да бараат некакви права, промени во општеството... Какви права им требаат на транс лицата? Кога си транс, не знаеш во кој тоалет да отидеш, во која соблекувална припаѓаш... Ова станува проблем на цела една група. Биолошки мажи кои не сакаат да бидат мажи и жени кои не сакаат да бидат жени. Можеби е подобро да добијат стручна помош, психолошка и психијатриска, да се поработи со нив за да се прифатат себеси како родени мажи/жени отколку да бараат некакви промени во општеството оти нема да ги добијат. Не може се' да се преврти наопаку заради нив. Подобро да се лечат отколку да бараат да ги ставиме во ист кош со жени биолошките мажи што велат дека се жени. Не се жени и толку, нема тука што да се тера инает. Некој упорно вели дека се. Не се. Има разлика, значи не се. Ова е реален проблем на транс лицата, навистина голем проблем, но како што пишав, можеби решението е да добијат друг вид помош отколку да останат отфрлени оти општеството е општество на мажи и жени. Родени мажи и жени, не со тие додатоци и измислени родови. Тоа е.
Може да сум оф топик со ова, ама скоро наидов на еден цртан за деца што според мене е претерано до која граница се оди, а после се жалиме зошто толку едно родни врски/ бракови има.. https://vm.tiktok.com/ZM216GwK1/
Ова ко МЛМ што ги учат дека тие што не со нив се против нив, плус сите останати се непросветлени, заостанати, неинформирани, не сакаат да се сам свој газда, бос бејб и слично... Како да ви објасни човек дека сте во заблуда?
Општеството не е пореметено. Транс луѓе отсекогаш имало во општеството и се бореле за своите права, исто како и жените. Не знам како немате срам истите заблуди да ги повтарате што мизогинистите ги велат за феминистите.