Не е мој термин. Тоа е придавка. Ти како сакаш да ги викаме браковите помеѓу луѓе со ист род? Еднороден брак е најпростиот начин да се крсти тоа.
И го измисли вашата секта во поново време за да може глупости да измислува. Може да се најде збор за улогите и карактеристиките на двата пола во општеството, не мора да е род. Нема никаква логика да е род.
Нешто ќе ти мењаше ако користевме друг збор? За ситници сега ќе се утепате. Транс жените ќе бидат жени дури и „род“ да се викаше „сјдсакасдл“
Секако. На пример збор - филанџи. Тогаш Стојан кој е транс жена ќе беше женски филанџи, не женски род. И те како има разлика. Крадете зборови
Зошто кога затуцан комзервативен маж кажува дека стравот на жените да бидат силувани е нереален, сите му рипаат ко хиени, ама кога е либерален према транс тогаш е ок да мисли исто?
Да, ама тоа ќе важеше и за цис жените. Транс луѓето не се тие што го измислија зборот „род“, ако случајно таква историска грешка имаше на ум.
Бидејќи едниот зборува за силување од цис мажи, а другиот од транс жени - нешто што не е статистички значајно.
Транс маж и транс жена се транс маж и транс жена. За да бидат маж и жена треба да се родат со соодветните полови органи. Глупо е да се игнорираат биолошките разлики.
Не е глупо кога се збори за психолошки карактеристики на умот. Биологијата не е толку битна во тој случај.