Нема да ми оди исто, ама им оди исто на сите ракометари? Не, има играчи и играчи. Прашањето ми е, ако некоја жена смета дека може да им парира, зошто да не е фер да игра со мажи? Сеа да не претеруваме дека жена која е рекреативен играч ке може да им парира на мажите кои ги наброја, ама оние кои можат? Стои фактот дека има вонсериски жени кои се достојни да играат против маж.
Кои се тие? Еве, откога почнав да постирам во темава чекам барем една таква да кажете. Серена и Венус? Поразени од 200 и кусур рангиран тенисер. Навратилова? Поразена и тоа со поинакви правила во нејзина корист. Катинка Хосу? Страна наназад постирав разлика меѓу нејзините и машките времиња. Ледеки? Исто. Аморим, Горбиц, Цвијиќ вс. било кој од топ играчите? Било која кошаркарка или одбојкарка? Не е дека не е фер кон мажите (напротив, не е фер кон неа), туку едноставно нема поента.
Неданов го знам лично појма нема од организација. Со испадов не сакајќи реклама си напраи на маратонот. На крај од федерација реагираа, небитно дали си маж или жена, ако си маж и оствариш време побрзо од 2:10 и си меѓу први тројца добиваш награда(пари), ако си женско и оствариш подобро од 2:40 и си меѓу први тројца(добиваш пари). Ако имаш послабо време небитно полот не добиваш ништо. (Инаку маратонов е 30км затоа нормиве се слични како за 42км олимписките норми, немаме ние ни маж ни жена шо е блиску до билобкаква норма ) А точно е само дека до лани се случуваше да има една кенијка и да победи кај жените со 2:00 време и да чекаат македонки на целта со 3:15 време. Е тоа изгледаше глупо али шо да праиме толку ж2ни се пријавиле, но не беше фер и лани кога прво напраи глупост типов и кажа награден фонд за мажи 1500 евра за жени упола од тоа...
Колку ти е апстрактен муабетов со рамноправност меѓу половите, што го споредуваш со 'одење пешки до месеичната'. Уште пострашно: Колку ти е апстрактно, да помислиш дека една обична жена, би успеала да победи маж во некој спорт! Па нема шанси за такво нешто, во твојот ум. Не е убаво ова.. Никому не помага.. Најмалку тебе и на твоето поколение...
Кој спомна обични жени и обични мажи? Или пак макар и полу-професионални спортисти? Зборуваме за шампиони и топ атлети.
Ај, да ја сумирам целата поента во еден пост за да нема nitpicking и за да се надевам конечно, разберете. *Дисклејмер: целиот муабет се однесува на топ спортистите, кои се најдобри во своите категории, должини, региони, држави итн. Не станува муабет за јас да боксувам против тетка ми или вие да се тркате со дечкото. *Дисклејмер 2: се однесува на спортови во кои физичките способности се пресудни или играат голема улога, а не на голф, Дота, покер или рели Дакар. Маж трансформиран во жена за време на или после неговиот пубертет, да се натпреварува со жени е дебилно и сурово. Толку. Ако го поддржувате ова, со среќа нека им е на домашните и сите околу вас. Жена трансформирана во маж, да се натпреварува со мажи....епа среќно нека и/му е. Се разбира доколку ги помине допинг тестовите . Сериозно, еднакво е сурово како и во другиот случај, само кон самиот спортист, а не кон неговата конкуренција. И да зема хемија и хормони во дозволени граници, сепак е жена, со женски телесни карактеристики и женски пубертетски развој. Што не води кон за вас најскокотливата тема. Цис жена да се натпреварува во машка конкуренција. Малку гордост, малку инает, малку желба за докажување. Тоа е тоа што ве тера да мислите дека може успешно да се спроведе ова. Пеки, секој си има право на мислење. Но, вашите фрустрации, идеали и фантазии за еднаквост на светот и векот се едно, а реалноста е друго. Прашајте било која професионална спортистка дали би сакала да се натпреварува во машка конкуренција до крајот на кариерата (исто ниво на квалитет, а не од ЛШ во општинска лига југ). Претпоставувам и сами знаете од колку ќе добиете потврден одговор. Зошто е тоа така? Едноставно, природа. Најдоброто машко тело секогаш ќе биде побрзо, поцврсто и посилно од најдоброто женско тело. Најдобрите женски резултати не се мерат ни со второстепените машки резултати. И нема тука простор за субјективна дискусија. Фактите и досегашните резултати стојат цврсто и непорокливо. На претходната страна ги споредив резултатите на една од најдобрите пливачки со нејзините машки колеги. Слободно изгуглајте сами, било која дисциплина, било која категорија. И сами ќе се уверите дека секоја полемика околу бројките е невозможна. Ако целта на едно спортско натпреварување е да се биде прв, а топ жена не може ни да натскока, ни да наттрча, ниту пак било како да победи топ маж, чуму тогаш заговарате мешање на половите? П.С. Чујте и од устата на Серена Вилијамс, жена со неверојатен физикус, која патем има играно против 203-от играч на светот и гес ват? Има изгубено.
Маскенбал ли е тоа па да пишувате дека жени се маскираат во мажи и обратно. Исто така во насловот не треба да има наводници. Или барем да пишевте само транс мажи и жени. Барем користете правилна терминологија кога отварате теми за одредени дискусии.
Па кога цела категорија ја води платениот дел од форумот, нормално дека ќе останат несоодветни муабети. @EvAngelos никој не рече да ме и се даде да се натпреварува во женска категорија. Никој не рече да се укинат женските категории. Извртувате муабети на големо. Очигледно е дека не сте ментално созреани за тоа. Не ви ги чепкаме "машките" работи, еве. Задржете си ја машкоста. Тешко на партнерките ваши (искрено се надевам никогаш да не ги ни имате).
@asdas ако си толку заинтересиран, а не си тука да тролам само (и замисли, од август дури сега се специјално активира на темава) имаш цела книга на тематиката. Playing with the boys се вика. Земи си ја и прочитај ја. Женските тренинзи се поблаги уште од мали нозе. Женските се тренираат да бидат послаби. Нема потреба да се "силни" како мажите. Има многу дискусија на темата, ама не со мачо "мажи" на кои ќе им падне чинот ако ги победи женско.
Насловот на темава со темата врска немаат. Како и да е... Различни сме. Мажите имаат посилни мускули, жените имаат јака карлица. мажите се оние кои во минатото го обебзедувале јадењето, ловеле, граделе, за да дадат дом, а жените раѓале и чувале деца. На мажот не му треба силна карлица која се шири за пораѓај. Не му требаат гради да дои. Сите женски хормони не се во толкава мера како кај жените. Жените пак имаат помалку тестостерон. И сето тоа си влијае на начинот на живот, на еволуцијата на мажите и жените, па дури и на различни места од светот лужето изгледаат различно. Поднебјето и функционалностите се менуваат и не менуваат и нас. Затоа, треба да се одвоени едните од другите. Оти биологијата е различна.Телото е различно, а скоро во секој спорт се мери силата и издржливоста на телото. Јас само во шах би ги ставила заедно да се натпреваруваат. Во ништо друго. Треба да пшрифатиме дека сме различни. Биолошки. Во однос на се друго сме исти.
Дечки, тоа што го пиша @Cka. Тргнете ги хормините на страна, останува анатомијата која е различна. Мажите имаат поцрвсти коски, посилни лигаменти, повеќе енергија (побрзо трошат калории). Има добра причина зошто категориите во спортот се поделени. Ако се спојат, непобитен факт е дека мажите убедливо ќе доминираат. Не само што илјадници талентирани жени кои се неуморно посветени на спортот ќе поминат незабележано, туку многу и ќе бидат сериозно повредени во контактните спортови.
Ама никој не збори за спојување, така си го испревртеа муабетот затоа што им одговара. Женските мора да имаат посебни натпреварувања, ама треба да се дозволи и ако некое женско по сопствена желба сака да се натпреварува помеѓу мажи (а е способна за тоа) да си се натпреварува. Може нема да победи, ама некому и не му е тоа целта. Ќе собира искуство, ќе се зајакнува, ќе си го подобри личниот рекорд. Различна околина чуда прави. И пак ќе повторам: АКО Е СПОСПБНА ЗА ТОА И ПО ЛИЧНА ЖЕЛБА, СЕКАКО СО МОЖНОСТ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ЖЕНСКИОТ ДЕЛ. И стварно, тоа не е темата. Да се сконцентрираме на трансфорбијата која зрачи уште од насловот на темата, на пример.
Според твојава логика треба да се дозволи и ако некој маж по сопствена желба сака да се натпреварува помеѓу жени (и е способен за тоа) да се натпреварува? Или во овој случај го тргаш настрана муабетот за полова еднаквост?
@DAngel, мене тоа не ми е фер. Односно, ако е индивидуален меч, каде ќе се одмеруваат силите, како што била „Борбата на половите“ со Били Кинг, во ред, ама во редовно натпреварување едноставно не ми е коректно зошто во тој случај треба и на мажите да им се дозволи да се квалификуваат кај жените и знаеме тоа како ќе заврши.
Equity, not equality Нели женско и онака не може да победи Различни можности стварање е. Како го прифативте одма, како да одеднаш ќе се растрчаат женски во сите спортови. Ќе видиш секоја втора година по едно женско, и што? Патем, како одиш офтопик на сопствена тема? @Nausicaa за сѐ има решение. Мешани турнири тогаш. Освен машките и освен женските. Факт е дека нема доволно спротивставување на мажите и жените, па целото одмерување на сила останува како теорија. Мислиш дека не би се подобрил резултатот на женско ако тренира со мажи? Патем, пак ќе се навратам на шахот. Во него е така. Биле машки турнири и женски, па од кога женско успеало да се квалификува во машки турнир, останале женски и машки пак, ама ако за нешто нема женски турнир во моментот, а има женско кое е способно да влезе - никој не и брани.
Значи оние што постојано ушите ни ги дупнаа со „полова еднаквост“, „родова еднаквост“ а у... одеднаш велат: „жена може да влезе во машка категорија, а маж не може во женска! Следно прашање се разбира би било: А дали може маж што си го исекол пенисот и ставил перика и силикони, дали таквиот маж може да се бутне у женска категорија и да се боксува со жени? Следно прашање би било дали може маж што ставил само со перика на себе и тврди дека се чувствува како жена да боксува со жени? Забележувате до кое ниво оди пародијата во спортот со „мажите“ од женски пол и „жените“ од машки пол? А колку едноставно си е кога мажите си се мажи, жените жени, и секој си се натпреварува во својата категорија.
Во принцип, се согласувам со тебе, и фер би било да се применува Само што, ќе треба да се дозволи, во таква ситуација, и машко да може да се квалификува да игра во женски тим (нели, ако егото му дозволи ) Бељата е што во тој случај мешаниот тим (можеби) ќе има не-фер предност во однос на се-женските тимови.
Не збориме за мешан тим да игра со се-женски тим. Збориме за чисти женски тимови да си играат посебно, а тим во кој има едно женско, на пример слободно да си игра во конкуренција на тимови кои ќе бидат се-машки или со по едно-две женски. На страна тимските спортови, реално никогаш нема да се случи нешто такво. Ама на пример во атлетика, ако некое женско успева да се квалификува во машка тека и сака да трча со мажи - зошто да не? Знам одговорот, никогаш нема да победи, ќе речат. Да се пријавувале на натпреварувања само натпреварувачи кои имаат шанса да победат, ќе биле по тројца во натпреварување. И пак ќе речам, има случаи кај што жени победиле мажи.
Пример порано се сметало дека жените не смеат да бидат шофери ради тоа што немаат ориентација и затоа што се губат во простор. Знам жени што возат поубаво од мажи. Не смееле да бидат полицајки затоа што сметале дека криминалец ќе ги премлати од ќотек, па еве денес си функционира најнормално полицијата и со мажи и со жени. Што не се буните дека жени тренираат подеднакво како мажи за војска? Еднаков режим. Помали и поситни се жените па пак носат пушки исто како мажи. Или тамо океј е? Кога ни го штитат газот не е битно што имаат во гаќи, нели? И за ова треба да се најде решение, контакните спортови не ги разбирам, ама сигурно зад тој стручен тим и комисија некој има идеја како може да се сегрегираат и да се најде соодветно решение. Ама него не му е за правата на жените, ниту пак за дискриминација на истите. Затоа не се бунел за маратонот во пливање, затоа на милион неправди што жените ги трпат ќути. Трансфобија е во прашање, мислам провидно како низ стакло е.