1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    23.292
    Пол:
    Женски
    Ух, браво, шахмат. 8-|

    Еве ќе те цитирам пошто јас зборев за мозоците. Јас не мислам дека постои нешто како нон-бајнари род, така да, доврши си сама.

    Кај транс луѓето едноставно н е м о ж е ш да негираш дека тоа што се транс е хормонски, дека имаат телесна дисфорија и дека така се родени, со потребата да бидат спротивниот пол. Кога живееш во човечки свет кои дефинираат жена и маж според општествени норми, тежнееш да бидеш спротивниот пол според општествените норми. Пример кај животните да се роди единка со пореметени хормони, може нема да стави кармин да биде женско или да се ошиша за да биде машко, ама ќе се трти да се пари иако е машко, пример. Многу плиток пример, ама плитко зборувам за да ми ја разбереш поентата.

    Така уствари и се јавува и хомосексуалност кај животните. А и кај луѓето, зошто имаме геј мажи кои се исфеминизирани и лезбејки кои се мушкадарки? Мислам, иако е тоа стереотип, држи дека е вистина во голем процент. Доказ дека се е хормонски и генетски. И тоа е океј.

    И ете ти дадов подолг одговор иако знам дека ти си свесна за голем дел од овие работи само имаш некое гадење во себе од тоа некој да е транс жена, пошто нели транс мажите не ги ни спомнуваш. Реалноста е дека транс луѓето се валидни и неопасни. И луѓето кои се навистина опасни немаат потреба да се преправаат дека се транс. И тоа некој да ти е гаден само затоа што транс е дискриминација. И нема бегање од тој факт пошто ниеден човек не треба да биде дискриминиран.;)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Добро зошто тогаш многу транс жени не кажуваат дека се транс на нивните партнери. Како ќе го оправдаш тоа ? Или според тебе океј е тоа.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    23.292
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секој треба да знае за историјата на својот партнер. Сеедно, како е тоа релевантно?

    Освен тоа што признаваш дека транс луѓето можат толку да изгледаат родени како спротивниот пол, да мора да кажат дека се транс. :D Значи, каде се оние приказни за "мажи со перика"? :P
     
    На Victorian и staycalm им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.414
    Допаѓања:
    175.398
    Тие што се така родени, со хормоните, се викаат интерсекс. Кастер Семениа на пример. Можеби така се јавува хомосексуалност, ама баш ниедна од тезиве не можам да ги поврзам со транс. Ако имаш извор, еве едуцирај ме.
    Дисфоријата е друга тема, ама има тука 2 проблеми. Има луѓе кои се идентификуваат како род и притоа немаат проблем со полот. Како, зошто, тие си знаат. И не е дисфоријата никаков предуслов за да бидеш транс, нели.
    За општествените норми, едно време жени се бореа да носат пантолони и да поседуваат имот. Среќа што тоа беа други времиња, оти инаку отидовме сите во транс.
     
    На *Amethyst* и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да се прави разлика помеѓу транс жени и drag queens (најчесто мажи кои се облекуваат како жени за некој настан) и 90% од времето носат перика.

    За тоа колку транс луѓето можат да изгледаат како родот со кој се идентификуваат, само погледни ги кандидатките за Miss Trans Global или Ангела Перез која беше на Miss Universe како претставник на Шпанија.

    Преубави се, и гледајќи ја оваа слика, таа е жена како и сите останати, and I stand by it.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8326.jpeg
      IMG_8326.jpeg
      Големина на фајлот:
      197 KB
      Прегледи:
      34
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    19.394
    Пол:
    Женски
    Ај одлучете се дали е различен мозок, хормонско пореметување или само психолошка состојба.
     
    На *Amethyst*, Biljarkata, dea.18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Леле готово сум признала може да изгледаат ко жена. Како и да изгледаат како се преретки тие што стварно личат на жена , они колку и операции да прават што и да прават пак хромозомите не може да ги сменат ,само го збунуваат телото прававст уште поголем дисбаланс од што имале. Цел живот треба да пијат хормон блокерс и други лекарства. Да не се лажеме транс жените нема никогаш да бидат вистинска жена па макар и сите хормонски терапии да ги земат.
    Нема потреба да се инатиме телата на мажите и жените се различни и различно функционираат и тоа е факт.
    Транс жената никогаш нема да биде жена.
     
    На *Amethyst* и mariz им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    23.292
    Пол:
    Женски
    Па нема да бидат пошто се родени како мажи. :D И никој не го негира тој факт. Само можат да постојат како транс жени и да прават што сакаат, како што можам и јас и ти. И да не бидат дискриминирани ради тоа.
     
  9. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Машки
    На некои жени доволно им е само да изгледаат како жена. Ич не им е гајле што ги немаат точните хромозоми.
     
  10. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Да но тоа не значи дека се жени.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Нека си прават што сакаат ама не може мене во женски тоалет да ми влага биолошки маж.
    Не може женска трка да учествува биолошки маж или во женски спорт биолошки маж , значи не е во ред.
     
    На Sara<3, Gosh, Mazegin и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    23.292
    Пол:
    Женски
    За трките се согласувам, за ВЦто, сигурно нема транс жена која изгледа како жена и која пример има оперирано полов орган да оди во машко ВЦ. И ти нема ни да знаеш кој е во кабината до тебе. И тоа е тоа.
     
    На Gosh и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.035
    Допаѓања:
    66.611
    Пол:
    Женски
    Ако била уште од дете на хормони, нема ни адамово јаболко, не поминала низ пубертет, плус и направена операција, да, нема како да се знае дека е транс. И партнерот може да не знае дека е транс, ако самата не каже. Иако, тоа е медицинска историја, не може да има деца, што партнерот би требало да го знае.

    Мене не ми е јасно зошто не се прават операција. Мислам океј, причина се сигурно финансии, ама како помага да се облекуваш и однесуваш како женско, а се уште да си со пенис? Не е тоа најголемиот дел кој би сметал?

    И зошто е толку голема разликата во процентот на оние кои преминуваат во жени, а помалку се оние кои преминуваат во мажи? Не можам да разберам.
     
    На Gosh, Victorian и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.846
    Допаѓања:
    122.922
    Пол:
    Женски
    Ама, не треба да оди ни во женско. За транс луѓе треба да има посебно.
    Колку и да не ви се допаѓа на некои, ете некои имаат право поради чувствување небезбедност да не сакаат транс да им влегуваат во веце.
     
    На Sara<3, *Amethyst* и Amellie13 им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    54.658
    Пол:
    Женски
    Ете вчера маж ни кажа дека ирационален ни е стравот од мажи, само затоа што тука влегуваат транс жените како потенцијални напаѓачи.
    Не знам зошто се смета како трансфобија ако не сакаме „луѓе со пениси“ да ни влегуваат во женско вц, соблекувална и сл. Едно е ако има транзитирано, сосема друго е ако надворешно личи како и секој друг маж.
     
    На *Amethyst*, Alexandrite, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    19.394
    Пол:
    Женски
    Зашто голем дел од транс жени се уствари мажи што имаат само фетиш према женско тело и затоа сакаат толку очајно да изгледаат така. Поточно имаат фетиш да изгледаат самите како жени. Автогенофилија се вика тоа
    Тие се и најголем проблем во тоа движење. .
    Оној Џонатан Јанив што го спомнав е типичен пример за тоа.
     
    На Gosh, *Amethyst*, Aнонимус_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Како не никој не го негира они тврдат дека се вистински жени и се навредуваат кога ќе им ја кажеш вистината. Стварно не сфаќам до толку се delusional или што .
     
    На Gosh, Aнонимус_, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.232
    Пол:
    Женски
    Да се биде жена било чувство... абе Бог да чува (facepalm)
     
    На christinnn и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.414
    Допаѓања:
    175.398
    Не знам колкава е разликата во процентот, и мора да се има предвид она што се случувало историски до година х, да речеме до 2000 и некоја и тоа што се случува сега. Оти сега, со транс децата од 7, има тотален пресврт на трендот во загрижувачки пораст на тоталнитемпературите бројки, и осолено предоминација на девојчиња со ,,родова неусогласеност,,. Тие од 77, се предмет на други анализи. А тоа што нам деновиве ни изгледа како доминантна транзиција во жени е ваљда ради момент на attention seek. И популаризација на луѓе шо немаат работа, тие шо имаат работа си ја работат работата, не шетаат со половите органи во раце.
     
    На Gosh и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.520
    Допаѓања:
    78.576
    Пол:
    Женски
    Фејсбук ме откри дека сум пишала на темава и дека ја читам па ми излезе сликава на сосема рандом страна што не ја следам.

    FB_IMG_1683725454619.jpg

    :wasntme: :D
     
    На Winterborn77, jacqueline.s и Bratot им се допаѓа ова.