Ма каков цис мис. Жена и транс жена е доволно,се друго се секакви новоизмислени термини кои не мора да бидат прифатени.
лапсус де и обратно да е уше бетер значи ја пошо сум биолошка жена, кој ме врти као вие шо сте од LGBT заедницата, се борите за исти права, еднаквост, разбирање, дрн дрн, а ова го постираш? хипокритски е сакаме права, ама живтотот на транс особите е побитен од чувствата на цис особите ја мајката, мене на улица ме најдоа а? на кванташки сме, па ќе мериме сеа
абе шо да разберам не сум малоумна, а фала Богу ни неписмена по македонски и англиски убаво си пишува ама мене вагање не ми се сфиѓа
А кога збориме за тенденција кон болести и разлики во симптоми или дејство на лекови или клинички истражувања, исто треба цис да велиме? Пример за некоја болест дека почеста е кај жени отколку мажи. И пошто медицински се подразбира кај кои жени ама тука ти викаат и транс жени се жени. Баш за дипломската во склоп на темата обработував и разлики во метаболизам меѓу машки и женски индидивуи и никаде не сретнав цис да потенцира.
Поголем е проблемов од цис нецис жена само ај, ова ти е ко некоај тактика да се фокусираме на ова, а другото процедурално да се протни.
Зборот цис и мочање заедно со транс луѓе у ист тоалет, најголем проблем на 21 век кај ТЕРФ-овите во светот. Уствари и терминот ТЕРФ, заборавив. Трагикомедија.
Да, само би додала комплексот на инфериорност на транс-луѓето* И под животите на транс-луѓето мислам луѓето. И под чувствата на луѓето мислам проектираните чувства на транс-луѓето над луѓето. И под да мислам не. Да сумираме; Цис/транс називи спаѓаат во категорија идеологија/верување. Со нарекување луѓе цис-луѓе се наметнува таа идеологија/верување над оние кои не се дел од таа идеологија/верување, било тоа добронамерно, пасивно-агресивно или како год, и со тоа се минат границите, затоа што тоа (ширум низ историјата, озбилно google it) за било какви тематики се смета за big no-no. Фала лепо, довиџења.
Не спаѓаат во таа категорија. Постојат непокорливи докази дека цис и транс луѓе постојат во светот, што значи не е ова субјект на верување. Терминот „родова идеологија“ е теорија на заговор. Единствената идеологија тука е дека треба транс луѓето да се почитуваат и да имаат еднакви права, ама нивното постоење како и фактот што ти си цис жена се научни факти.
Фактот што си биолошка жена со родов идентитет жена. Да, и родовиот идентитет денес е предмет на науката.
Не. Сакам да кажам дека родов идентитет не е научен факт. Како се дефинира родов идентитет жена? Сака розева боја и штикли? Како се докажува, за да биде научен факт?
Нема посебна дефиниција. Важи за секоја којашто се идентификува така. Родовиот идентитет е научен факт, независно од дали вие трансфобите сте скарани со науката.
Па дефинитивно е така. Вие трансфобите сакате да има точна дефиниција за да може да исклучите одредени жени од групата на жени, ама единствениот критериум за да имаш родов идентитет жена е само така да се идентификуваш (тоа произлегува и од зборот идентитет). Сите други карактеристки на жените се само статистички застапени и не важат за 100% од жените во светот.
Така е. Ние трансфобите, ти пикнавме во коментар, ,научен факт,, па уште тврдиме дека за научен факт требало дефиниција Продужи со мамбо џамбо не-идеологија