Е вака ми звучат сите како таа кога ги прашаш што е жена (некаде од 2:58 ) Forever funny (И пред тоа има малку дел, кога ја прашува како тој да знае дали е жена и пак истата реакција ) Комедии
Може да се овие кај возрасен човек евентуално. За деца нема. И да има, не треба со хормони да се почне на 12 години. Зашто дете ќе ти каже и дека е жирафа и пилот и маса и телевизор. Не ми одговори дали сами треба да си плаќаат?
Ти како воопшто да не прочита ништо од тој линк, само листата ја виде и готово. За да биде дијагностицирано детето треба да има симптоми од емоционален дистрес и ПЛУС ШЕСТ од овие индикатори. Дури и некое дете да каже дека е жирафа, сигурно не покажува емоционален дистрес ако не го третираш како жирафа и барем ШЕСТ од тие индикатори. Затоа е и потребата за ваква дијагноза: бидејќи овие симптоми покажуваат дека ова не е проста детска фантазија. Јас лично не мислам дека треба сите процедури да им се бесплатни, ама не сум многу информирани за какви им се тие закони.
Кога дефинираш нешто, не треба во дефиницијата да го користиш зборот што го дефинираш. Оти вака му иде ко: Што е мачка? Па животно што изгледа како мачка И пак прашуваш ама што е мачка де и пак истото. И така до бескрај
Не е тоа точно. Ваква дефиниција се нарекува кружна дефиниција, постои и за други термини што можеш да ги најдеш низ речниците.
И како ќе знаеш што е нештото ако го дефинираш со истиот збор? Квантна физика ми е полесно да разберам него вашиве дефиниции за маж и жена
Зошто тоа би било релевантно? Зборовите маж и жена самите по себе се безначајни. Стануваат значајни само бидејќи луѓето ги користат како дел од својот идентитет. Ама самите тие појави се општествени конструкти на чии им сме дале произволни имиња. Тоа значи дека мора да се дефинираат со кружни дефиниции, бидејќи не ги ограничуваме општествените карактеристики на мажот и жената. Ако има некоја општествена карактеристика која важи за сите луѓе од еден род, тогаш би можело да се избегне кружна дефиниција, ама такво нешто не постои.
Ако е само идентитет, зашто транс жена прави операции и прима хормони? Нели биолошкото нема врска со идентитетот Ако е само родот обична идентификација зошто сака да личи на биолошка жена? Оти сепак не се може без биолошкото да пробаат да го доловат нели? Зошто сакаат трансплантација на матки, па да раѓале итн? Идентификувај се и готово. Цицки, матки, вагини шоќетие?
Бидејќи идентитетот влијае околу тоа како сакаме нашето тело да изгледа. Ова не е противречност бидејќи транс жените имаат родов идентитет жена дури и пред да ја извршат транзицијата.
Како биолошки другиот пол. Рајт? Гледаш колку не можеш да ги исклучиш биолошките особини? Зашто да сакаш гради како жена ако биолошки особини не се битни?
Ова не е биолошка особина. Желбата да изгледаш како другиот пол е исто така психолошка особина, а не биолошка.
Ама ги копира биолошките особини на другиот пол. Сака естроген, сака големи гради, вагина (која не е уствари вагина), да може да раѓаат
Океј, пак не е тоа биолошка особина да сакаш да имаш одредени биолошки особини. Не сфаќам што сакаш да кажеш со ова. Еве на пример, транс жените некои исто така сакаат да носат фустани, што воопшто не е биолошка особина.
Па зошто сака да има биолошки особини како жена? Ако жена по дефиниција нема врска со биологија според нив де.
Тоа што нема врска значи дека родовиот идентитет не зависи од твојата биологија. Тоа што сакаш да си го смениш биолошкиот изглед не е биолошка појава и е комплетно нормално и кај цис мажи и жени. Ако го гледаш ова фигуративно, може да се каже дека родовиот идентитет влијае врз биологијата, а не обратно.
Да се вратиме малку рикверц. Пак. Секоја научна теоргија е заснована на научен метод. Опсервацијата се поставува како хипотеза, се тестира и се докажува дека е точна. Ако е точна, може да стане теорија. И теоријата како таква може да се смени или отфрли со тек на време. Единствено фактите не се менуваат. https://www.livescience.com/21491-what-is-a-scientific-theory-definition-of-theory.html А теории, едно чудо. Едно време и еугениката беше наука. Доста популарна наука. Едно време и за вештерки имаше дефиниција- кружна, лабава, шо има везе. Се тоа базирано на ,,факти,,. Фактов- he said.
Ем вели факти ем дефинициите се субјективни и по идентификација. Фактите се објективни тврдења ама кој да ти каже.