1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Никој овде не збори дека жените не можат да бидат шофери, полицајци, војници. Ја имам постирано и слика на форумов од Гал Гадот во војничка униформа и и се имам воодушевувано заради тоа. Сепак овде збориме за еден модерен проблем каде што мажи што се чувствуваат како жени, ставаат перика и силикони (се маскираат како жени) и потоа се натпреваруваат со жени во женски категории, се боксуваат со жени и им кршат аркади. Сметам дека тоа не е фер и дека вистинските феминисти треба да го подигнат гласот против оваа неправда и да не дозволат мажи да им се бутаат во женските категории во спортот.
    Вие од ЛГБТ колку сакајте плукајте против мене, ама тоа нема да го смени фактот дека тоа едноставно не е фер. Не е фер мажи да се бутаат во женски категории и да ги потиснуваат жените во спортот.
     
    На Cka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Сексист кажува како треба да мислат феминистите. Смешки.
    Еве ти ги, сите се собрани на темата.
    Само конзервативните затупавени мажи кои бараат слугинки за по дома останаа на твоја страна.
     
    На Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Не е фер, не е ни фер транс жени кои уште немале операција а отслужуваат казна за сексуален напад да бидат преместени во женски затвор (да може на раат да продолжат да силуваат) Ама тоа не значи дека мојата поддршка завршува тука затоа што некој се нашол доволно итар да ги злоупотребува постоечките правила. Во секоја група има bad apples. Никој не ги идеализира лгбт, и меѓу нив има кретени, исто и како меѓу стрејт популацијата.

    ****
    Кога станува збор за феминизам, јас повеќе би сакала да збориме за Брет Кавана. Како жена, тоа ми е некако поважно од непозната кечерка.
     
    Последна измена: 19 октомври 2018
    На Someonespecial, Ketchup, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    И јас би, ама нив не ги интересира добросостојбата на жените.
    Нив ги интересира само напаѓањето :)
     
    На Someonespecial и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Па да го правевме муабетот пред х период знаеш кој ќе беше аргументот? Е кај сеа жена полицајка, мал скелет, послаби нозе, кај ќе трча она да стигне некој криминалец, ќе ја замине со трчање, па и да го фати кај ќе го спречи него, ќе ја прекрши од ќотек. Не може жена со естроген да совлада маж со тестостерон, не е физички моќна. Денес види како ги фаќаат, какви добри полицајки и детективки има.

    Денес ова е модерен проблем. И се согладувам, мора да се извадат сите карти на маса, кои суплементи можат да ги земаат, кои не, како да се организира група и слично. Знаеш што не е океј? Твоето. Ти си транџа, маж со сечен пенис, со перика, се замислуваш дека си женско, не смееш да спортуваш. Ја гледаш разликата?

    А за модерен феминизам, јас како феминист знаеш ли колку ги критикувам што се тепаат за минорни проблеми пример некни за блузата на Емили Ратајковски, а уште вo Middle East нема казна за силување. Против feminazi сум и нив сум ги критикувала.

    Ти не можеш да прифатиш дека некој живее по различен пат од твојот и сметаш автоматски дека тие луѓе немаат основно човеково правило да учествуваат во одредени работи. Е не може оти тебе ти смета да се негираат нивните човечки права. Може да се направат одредени групи, испитувања и да се консултираат стручњаци како може ова да се реши.
     
    На Rebecca_R, Someonespecial, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Истражував малку. Вовеле тестостеронски тестови и праг на тестостерон. Ако транс жената има тестостерон над поставениот праг - не може да се натпреварува.
     
    На Rebecca_R, Someonespecial, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мене ова повеќе би ме загрижило од тоа што транс жена решила да се бави со спорт, ама па што знам јас, треба некој да ми каже за што треба да се грижат феминистките, очигледно не сум информирана.
    А еве, за Македонија збориме. Да се ангажираме прво проблемите кои не засегаат сите да си ги решиме?
    https://www.radiomof.mk/uchenichkite-vo-ciklus-sedat-doma-menstruacijata-tabu-tema-vo-21-vek/

    Знаете е дека во женските тоалети во Мериот (да, овој Мериот, тука на плоштад) нема корпа за отпадоци?
     
    На Rebecca_R, Someonespecial, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    11.087
    Пол:
    Машки
    Сум за еднакви права, ама кога станува збор за мешани боречки вештини ми текнува на скандалот со https://en.wikipedia.org/wiki/Fallon_Fox.

    Имаше сертифициран ендокринолог која зборуваше против тоа да се натпреварува во боречки вештини, и некои ја нарекоа трансфоб, и што ти не, а не ни ги проверија фактите.

    Се сведува на реакциско време помеѓу мажи и жени на атлетско ниво, што е можеби 1/10тина побрза кај машки, транзиционирање со помош на естроген со кој се задржува масата на коската додека транзиционираат итд.

    Има премногу варијабили.

    Ме нервира кога велат дека некој кој бил маж 32 години е жена во секој смисол и може да се натпреварува во спорт со боречки вештини против други жени. Транс-жена е. Има разлика.

    Имаше една борба што гледав кај што транс-жената тотално го брутализираше противникот. Не беше убава глетка. Ниту победа.

    Не велам дека има некој систем кој е идеален за баш овој проблем, но има време.

    Кога се користи идеологија дека транс-жена е без разлика вистинска жена, и како нуспрозвод биолошка жена ке биде брутализирана од таа личност не е фер.

    Има некои исклучоци кога исклучителни женски атлети во спортот би тепале машко, но и врвни женски атлети што би изгубиле од просечен машки борец.

    До биологија е.
     
    На Someonespecial и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Муабетот на @lovestoneddd кажува сѐ. Ако не им било гајле пред неколку години кога била четврто место, не им е ни сега, но има материјал, па ајде ќе се правиме паметни. Секој спортист оди редовно на спортски прегледи каде што е сѐ детално измерено, ако не било во ред да ја пуштат трансродовата девојка, немало да ја пуштат. Не се оди така рандом на натпревар.
     
    На Someonespecial, lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    ^ Јеп, ептен е очигледно. Му доаѓа вака - слободно нека се натпреваруваат ама ни случајно да помислат да победат. Исто како геј ис ок - ама зад затворени врата, бидете во врска ама во брак не смеете, или пак бидете во брак ама на дете ни да помислите.
     
    На WildMk, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.486
    Пол:
    Женски
    Трансродовите лица се психички пореметени(имаат gender dysphoria-gender identity disorder).Имаат искривена слика за себе и поради тоа не можат да си го прифатат биолошкиот пол.Да било пишано трансродов маж да биде маж ќе се родел како машко,а трансродова жена да биде жена,ќе се родела како женско.
    И не е фер биолошки маж да се натпреварува со биолошки жени бидејќи мажите се посилни од жените.
    Лутете се до сабајле,но @EvAngelos е во право!
     
    На EvAngelos и sjdgo им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Извини, а каде е тоа "пишано" така? Кој тоа "пишува" што треба да биде еден човек во животот?
    Трансродовите лица не се психички пореметени, туку повеќе се чувствуваат како спротивниот пол од оној кој се родиле, и ако ги прави среќни да бидат другиот пол никој нема право да им забрани. Барем оние што можат да си дозволат да го сменат полот и да го живеат животот како што се чувствуваат дека се.

    Според мислењата погоре: Нормално дека сме различни жените и мажите биолошки, и дека мажите се посилни кога станува збор за физички спортови или работи, но тоа не значи дека треба да им се скратуваат правата на половите да го прават она што не е "типично" за нивниот пол.
     
    На WildMk, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Предебилен е муабетов. Сите женски атлети не се во право што сеуште се само во женска конкуренција, Серена не е во право со тоа што признава дека Мареј би ја изметил 6-0,6-0 за 10 минути, физиката, науката не се во право, вие инаетчиите сте во право. Се разбира дека Серена, Кејти, Катинка тренирале да се послаби и затоа не можат со топ мажите. Потврдено од сигурни извори.

    По стотти пат ве прашувам: кој женски спортист би бил шампион и во машка категорија? Дали некој женски спортист воопшто има изјавено дека сака да се натпреварува со мажи? Една само наведете.

    И ова пак ќе го кажам. Се разбира дека жена може да биде подобра од маж. Серена би ги изметила со 2-0 сите тенисери рангирани над шо знам, 600-то место. Али, ѕирни резултати од било која дисциплина, ќе видиш дека топ жена би се квалификувала за топ машки настан и можда би поминала прва рунда. Толку. Тука завршува се. Шансата за топ 8, топ 5 е 0%. Медал? Никогаш и никаде.

    Тетката ете победила на Дакар. Браво. И го спори некој тоа? Не. Имала еднакви шанси за победа поради самата природа на спортот, во која физикусот и полот се пресудни за можда максимум 1%? Имала. Била најдобра и победила. Истото е можно и во голф, и во покер, и во стрелаштво и во карлинг и во триста други спортови. Ама не во велосипедизам, атлетика, пливање, фудбал. Тоа е целата поента.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @nextredstyle
    Јас мислам дека трансфобијата е психичко пореметување.
    Лути се до сабајле ама во право сум.
     
    На Scott Weiland и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И коњофобијата е исто така психичко пореметување. Коњофобите треба да се лечат!
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Па, е. :) Сите фобии спаѓаат во психички проблеми, ама разликата меѓу такви фобии што претставуваат страв како на пр. од некое животно, височина, затворен простор и сл., се разликуваат од хомофобија/трансфобија во погледи што многу пати сум ги објаснила веќе и во другите теми.

    Сериозно, само некој кој не го читал авторов на темава или од оние што сакаат секогаш да се контра, може да не ја сфатат вистинската поента зад истата. Да беше отворена во категорија спорт со прикладен наслов за конкретното прашање, од страна на некој пристоен и разумен член со толеранција кон сите групи (а не конзервативец опседнат со ЛГБТ заедницата со куп пропагандни постови досега со вести за транс лица дури и во тема ко СДК), но со размислување во поглед на етичка дилема и нијанси/правила како што објаснија некои погоре - ќе имаше место за квалитетна дискусија. Вака, не.
     
    На crimson, Ketchup, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И таман си помислил дека трансродовата лудорија го достигнала дното и ти излегува оваа вест. За тие што не кликнаа на линкот:
    Се работи за маж што бил осуден за провали, педофилски напади, силувања итн и го ставаат во затвор. Арно ама, типот се шминкал и облекувал во женска облека и кажал дека се осеќа како жена. И овие од ЛГБТ што го водат затворот рекле: „Аааа жена си бил, ок, извинете госпоѓо, ајде носете ја во женски затвор“
    И така го однеле мажов во женски затвор и тој таму за три месеци силувал не една, туку две девојки.
    И не, не завршува тука пародијата. Најжалното е што медиумиве и понатаму го ословуваат типов со SHE (таа). Шо знам, може се плашат да не ги тужат за hate speech и повреда на неговите трансџендер права. (facepalm)

    Ова е добар пример до каде може да оди лудилото кое произлегува од родовата идеологија која вели дека „биолошкиот пол“ нема врска со реалноста и дека битно е човек како се чувствува. Нема врска тоа што ти имаш машки гениталии, машка мускулатура, машки скелет, поголемо ниво на тестостерон, нема врска ни тоа што во секоја клетка од твоето тело има машки XY-хромозоми. Важно е ти како се чувствуваш.:drunk::headbang: Не знам еве, ако се чувствуваш како коњ, иди слободно пријави се на трка за коњи. Ако некој те нарече човек, а не коњ, тој или таа сигурно е коњофоб и треба да се лечи од коњофобија!
     
    На CoverGirl10, nextredstyle и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Што знам, жените од машки пол нека се натпреваруваат помеѓу себе, мажи од женскиот пол - меѓу себе, и проблемот решен.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Фасцинантно. Иначе во затвори без трансродови лица, не се случуваат насилства, силувања и убиства.
    Оние што се 'ризични', треба да бидат изолирани од општата популација во затворите... а не се секогаш.
    Ако си во целосно 'машки' затвор, шансата е дека ренде ќе ти го напрат задникот... Сите мажи се.. замисли
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.486
    Пол:
    Женски
    Фобија значи страв.Јас не се плашам од такви луѓе.
    И ти и другите лутете се и мрчете колку сакате,трансродовите лица имаат психичко пореметување,не еден,туку повеќе доктори го утврдиле тоа.
    Читајте пошироко од повеќе извори пред да нападнете други со контра ставови.