Ќе ви кажат факти и добри аргументи и одма "тРанСфОб" затоа што нема што друг одговор да се даде. Не се битни чувствата на биолошките жени туку само на транс они посебни привилегии имаат ,ако се спротивставиш на транс одма тРанСфОб Не можеш мислење да кажеш одма некој фоб си. Зошто си трснсфоб затоа што факинг не сакаш биолошки мажи во женско веце и се плашиш за својата безбедност.
Не е за омразата кон нив. Јас лично не ги мразам. До тоа е што жените имаат доста пропатено од мажите и знаеме колку лесно може да се смени пак ситуацијата. Едноставно се осеќаме загрозени од мажи кои сакаат да се жени, зашто примарно биле мажи. Не е дека се одвратни, грозни, или не знам што, за мене барем, станува збор за тоа што историски жената не била во поволна позиција (благо речено), ниту пак сега е целосно, а имаме мажи кои сакаат да се жени. Не знам, како маж можеби не можеш целосно да осетиш на своја кожа зошто е тоа така или зошто така се чувствуваме, ама ете. Можеби и тоа ќе се промени со тек на време, кога ќе видиме дека нема реална опасност по жените.
ТРАНСФОБИЈА – е аверзија, страв, омраза и дискриминаторски однос кон луѓето чиј родов идентитет и/или изразување е поинаков од родот кој им е доделен имајќи го предвид нивниот пол.
На пример, некој што вели дека е транс жена да земе да силува цис жена од твоето семејство или твоја пријателка. Ете, цис жени што ти значат. Или при играње спорт да ѝ нанесе тешки повреди. Пак ли ќе го велиш ова? Пак ли ќе си против правото на цис жените да бараат лимитирање за да не се наруши нивната безбедност?
Ова е најлегитимното мислење што го прочитав во темава во последно време. Нема омраза , нема негирање на транс луѓе и нивниот идентитет, нема скриени намери. Го разбирам потполно тоа што го кажуваш, во право си дека не можам да го осетам на своја кожа оти сум маж, истото е и со проблемите на ЛГБТ луѓето што стрејт човек не може да ги осети на своја кожа. Искрено, се познаваше дека најголем проблем се транс жените поради тоа што биле биолошки мажи, додека за транс мажите не се зборува ништо на темава. Се надевам дека поскоро ќе се случи она што го кажуваш во последната реченица.
@staycalm од таквите као тебе никад не сум ни имала почит,мех. А тоа кој мене ме почитува, и јас што почитувам, зборат, и ќе си зборат моите дела и соживот со истите тие луѓе. Само што разликата меѓу нив, и вас, е што тие имаат животно искуство, не биле привелигирани, и за да го живеат мирниот и нормален живот денес што го живеат, платиле многу, па дури и со крв. И многу од нив деца имаат, па ги знаат последиците од злоупотребувањето на движењето од ебани педофили, силувачи и психопати. Ако ти си маж, а се осеќаш ко жена, значи не личиш на жена, страв ти е да одиш у машко веце за да не те убијат мужи. Али кој не ебе нас жените шо ни е страв да не не силува и убие некој маж, со к*р, у женско веце. Нарцисоидно и социопатско, зар не? Ако веќе толку ви е гајле за тие шо уште не транзиционирале, ондак ќе ги пуштите у посебно веце слеш свлачионица, оти вака нема да јадат ќотек нит од мужи, нит од жени, а ако личат на полот, и у гаќите соодветно пример сооблекувалница и гинеколог, кај сакат нека се мочаат бе, никој патка не го боли. Али ок, живејте си у паралелен универзум. News flash, there are people dying, Kimberly.
Види погоре што го прашав, не одговара. Значи, за цис жени што му значат ќе го здоболи, ама за други не. Дволично.
Јас лично имам аверзија према фактот што не смееш за некој јавно да обелодениш дека лажел дека е транс. Некој поназад ја имаше спомнато, онаа што фејкаше дека има турет синдром. Неколку лица кои имаат блиски искуство со состојбата ја разоткрија дека лаже, јавно на јутуб. И имало и за други што бараат пажња на интернет. И за ОЦД оние што сами си дијагностицираат само оти биле педантни многу. Дали некој смее истото за транс лице да го направи? Нормално не. А ај да не се правиме мутави, не е бројот на транс лица толкав колку што се претставува. Дури реални транс личности се ретки. Како може состојба која е наводно комплексна и индивидуална да се дијагностицира толку брзо и лесно и тоа кај деца и кај огромен број луѓе? Некои физички болести ради комплексната патологија или сличноста со други болести не можеш да ги дијагностицираш така брзо. Ова ако збориме воопшто за тие што наводно медицински им е одобрено хормони и операција. Мада коа ќе помислам дека и самите доктори некогаш појма немаат што прават кога се работи за ова. А тек па тие што сами си лепат транс етикети се друг муабет. Оти еве ви, поназад членот се утепа од кажување како маж што тврди дека е жена, е жена и не смее никој да му оспори и забрани влез во соблекувална и женски спортски тим. Мање битно што може да има млади девојчиња на истото место, мора да им е ок фактот курови да им се мотаат пред очи. Пардон, женски курови. Да, и тоа сум чула. Ама што ако е пенис, женски пенис било. Не машки.
Се разбира. Ние мажите нема паника да креваме за тоа сигурно. Единствено женските вециња се тема за дискусија.
@RespectAndObey Dude, just let it go. Веќе е смешно да цитираш и да се објаснуваш со одредени членки. Остај ги, нека си уживаат во игнорантноста, и онака ти нема да ги разубедиш.
Не сметаш дека ќе биде нападнаТ од мажи таму? Личи на жена, да повториме. Никаква транзиција нема направено.
Не, вецињата се јавни места и мала е шансата некој да биде нападнат во нив. Затоа мислам и дека е океј и комплетно унисекс да бидат.
Тогаш транс жена шо не личи на жена нека си иде во машко веце. Чим мала е шансата некој да биде нападнат.
Јас еве ти кажав. Влегов еднаш по грешка у машко веце. Дечково внатре ми кажа - "Девојче женското е онаму" У фармерки бев и широк дуксер и ни грам шминка. Како познал оти треба у женско да идам еве и ја се чудам.
Бидејќи претпоставил дека ти не би сакала да си во машко веце. Ако му речеше нешто ко „Зафатено е женското. Може ли тука?“ сигурно не би ти правел проблем дечкото.