Не сум. Ти си. Оди читни што е мизогинија. Не е тоа што си пишал. Не сум ни трансфоб. Само не сакам некои да ги газат моите права како цис жена.
Твоите права не се нагазени воопшто. Тоа што транс луѓето ќе добијат еднакви права нема да ти ги одземе твоите еднакви права.
Вакво реторичко прашање секогаш се поставува од хомофобите и трансфобите на вакви теми сум приметил. Вие чисто знаете кои закони ги дискриминираат: истите закони за кои секогаш се буните да не се сменат кога ЛГБТ ќе побара еднакви права. Ако стварно си живеела под камен и не знаеш кои се тие закони, еве ти Google имаш.
Јас сум за лгб да можат да се венчаат со партнер и да посвојуваат деца. Ама за транс луѓето еве чекам ти да ми кажеш кои права им се запоставени. Не ми зборувај за булинг само. Кажи ми закони. Оти јас не правам булинг на никого ако не ме загрозува. Ама не сум да влегуваат во иста соблекувална и спортови со биолошки жени.
Се нагазува правото на безбедност. А, на веќе нападнати цис жени (што беше спомнато во темава) им е повредено. Кога се носи одлука за нечии права, не смее да се дозволи правата на едните да ги повредуваат правата на другите.
Треба и педофилите да добијат еднакви права да можат да се чувствуваат како 10 годишни и да си ебат деца без проблем. Во лична карта кај секој треба да стои колку години субјективно чувствува дека има, не колку стварно има. Едноставно тоа е човечко право и никој не смее да го одзема!
Промена на пол на лична карта и да можат да користат веце кое им соодветсвува на родот се едни од поголемите. За да се нагази правото на безбедност треба да постои реалистична и статистички поддржана причина дека транс жените им наштетуваат на безбедноста на цис жените. Такво нешто не постои. Ова нема да се случи за педофилите бидејќи постои реалистична и статистички поддржана причина дека им наштетуваат на децата.
Не знам што ве дискриминира, еве во планина сум растена.Не ме замарај со хомофоби, трансфоби и сл што ве учат во организација да ги повторувате ко папагали на секоја реплика. Кој е дискриминиран ако женско вц користи маж со машки полов орган кој решил да се идентификува како жена ?
Види вака. Ако не се ни познава дека е транс нормално дека нема ни да се примети во женско вц. Ама ако се приметува дека е маж, тогаш нашата реакција како жени е страв. Не од транс жената, туку од мажот во вцто, зошто ние го гледаме како маж, без разлика дали има шминка, не знам што. Не сфаќате дека маж е секогаш посилен и со самото тоа си носи страв во определени ситуации. Во темница да одам по улица, да видам некоја градба која личи на машко, а сама сум, ќе се подисплашам. Можеби е тоа транс жена, ама за мене е пак маж.
Мене не ме дискриминира, јас сум цис маж. Таа жена во случајот е дискриминирана бидејќи родовиот идентитет не и соодветсвува на полот. Затоа има во подобрите земји од нас закони базирани на ваква дискриминација. Не гледам зошто тоа чувство треба да има влијание врз нашите закони. Како прво, поделбата на вецињата што ја имаме во општеството е базирана на потреба за приватност, а не на безбедност. Немаме никакви обезбедувачки механизми што ги спречуваат мажите да го користат женското веце - затоа тој страв од транс жени во веце е уште понерационален.