Има многу места кај што има или едно вц или не е означено. Не сум слушнала дека таму се зголемиле случаите на сексуално вознемирување баш ради ова. Иначе и јас сакам колку толку одвоени простории, ама некои мислења тука се чиста фобија маскирана во параноја.
Не, не е фобија. Не треба да се користи тој збор, мене така ми кажаа. Од денес па натаму хомоФОБИЈА и трансФОБИЈА не постојат, big no no.
Тогаш транс жени нека си влегуваат во машко веце, чим е безбедно Работава е што нив смее да им е незгодно од мажи ама на жени не смее да им е незгодно од транс жени или биолошки мажи.
Ама он се осеќа како жена бе луѓе и сака да си лежи у женски затвор, кои сте вие тоа право да му го ускратите бе трансфоби едни? Неговото право да си се осеќа како жена е побитно од правото на цис жени затворенички да не бидат силувани.
Е ова е то шо го зборував уште на почетокот од темата, а ова секој нормален човек прво би му дошло како прва мисла, па што останува за други работи..
Trust me, ако силуваните беа екшуал транс жени, тогаш чичево ќе беше изруган од транс активисти на најако. Вака битно нема никаква транс дискриминација. Всичко е добрЕ. А кога ќе помислиш дека некои феминистки ќутат на ова.
Ај жити се'. Ако на некој му зависи животот од тоа дали сум "цис" жена и дали сум "личност која менструира", нека се лечи, јебига сите некоја мака имаме. Ако јас се осеќам како црнец и ќе умрам ако не ме пишат како црнец, не значи дека и после 45 операции ќе ми ја променат расата и за мене магично ќе почне да важи се' биолошко што важи за црнец. И секако дека има работи на кои се посклони некои раси, не, нема наукава да застане и да престане тоа да го гледа оти мојот живот и перцепција се најважни. Транс животите се важни, секако, но ништо поважни од било чиј во цивилизацијата. Не можат да бидат биолошки жени/мажи (овие вториве нигде ги нема), а биолошки маж НЕ МОЖЕ да одлучи како ќе бидам јас нарекувана.
Никој, ама баш никој нема да те нарече „личност која менструира“ во секојдневен муабет. Се дружам онлајн веќе околу две години со неколку транс луѓе од разни страни на светот и можам тоа да ти го гарантирам. Вакви инклузивни фрази се користат стриктно во формален — обично медицински контекст — за да се земат предвид транс мажите (а бесот секогаш е неправилно насочен кон транс жените). Сѐ друго е десничарска пропаганда и морална паника. „Цис“ едноставно значи дека сум родена како жена и сум океј со тој идентитет. Тоа е неутрален факт со иста вредност како кога велам дека сум бела жена, жена со кафени очи, Македонка итн. Баш ме интересира, дали некој од вас тука разменил една реченица со екшуал транс лице за да знаете што уствари бараат?
Мхм Да бидеме жени сите. Ама не сме и не можеме да бидеме жени сите. И не ми се допаѓа никако поинаку да ме нарекуваат освен како - жена. Не личност што менструира. Не личност што дои. Не личност со матка. Не родител 1. Жена. Мајка. Толку. За се' поразлично, си постои термин. На пример жена и транс жена. Точно знаеш која е ок со род/пол, а која не е ок со род/пол. Точно знаеш дека транс жена е биолошки маж. Како што кажав, 0 проблем имам со промена на род. Со промена на ембг (што кај нас) е многу важно во медицински аспект, имам. Може да биде Трпана во лк, може да и' се обраќаме во женски род, не може да се менува биолошкото, оти не може јебига. Еден ден може ќе смислат, денес уште пол никој не променил.
Се осеќам ко 64 годишна жена може да се изразам така и пензија да си земам? Малце се претера со ова транс жените почнаа да ги деградираат биолошките жени. Како сликава погоре до мажот што се чуствувал жена па сака са оди во женски затвор. Знаете ли колку може тоа опасно да биде, педофил да земе и каже дека се осеќа како 12 годишно девојче и да бара да биде каде што има мали деца. Надвор од секој разум е. Иако се чуствуваат како жени и изгледаат како жени, силата ја имаат како маж и не може да биде исто.
Baš edna slika imaše intetesna povrzana so ovoj muabet pred nekoa den ja bev videl, veli: Motordžija se čuvstvuva ili identifikuva kako velosipedist i pobeduva na trkata tour de france (koja šo e za velosipedisti neli)
Мене најинтересен феномен ми е што транс мажи како да ги нема во споредба со транс жениве. Има ли објаснување зошто? Можеби затоа што транс жените се родени како мажи, третирани како мажи, па и сега како транс жени мислат дека светот ќе ги третира како мажи? Јок. Застани во ред. Кога ќе се откажеш од "машкоста", се откажуваш и од воспитувањето дека ТИ кажуваш како ќе биде. Ни една транс жена го нема воспитувањето, развојот на жената, сите опресии кои и денес ги трпиме. Чекај сесре, гаден шеф е гаден шеф, гадна шефица е неебана, немажена, фригидна, додајпосвојажелба. Да растеш како маж во овој свет значи да растеш со привилегии, па можеби затоа транс жените не сфаќаат дека "не" е "не". Оти не се феминистки. Оти ако транс жена ја ставиш во ист кош со жените, правиш штета на замисли - жените. Оти со негирање на биолошкото ќе погазиме се' што сме научиле за наследност или ризик фактор меѓу половите. Оти секоја будала ќе има пристап до жени кои и онака се ранливи, баш у шелтер после семејно насилство и треба некој со патлак. Не можеш да бидеш феминист ако не гледаш колку е погрешно биолошки маж да ставаш во група со биолошка жена. Сето наше искуство низ векови, сета наша борба, сето индивидуално искуство, се' она што како жени имаме прилика да го искусиме, а природата ни' го дала - да бидеме мајки, да раѓаме, да доиме.. сето го даваш на тацна на некој што традиционално бил угнетувач и ден денес е.
Го гледавте документарецот „Што е жена?“ Моментално се прикажува низ Македонија. Беше во Струмица, Берово, у петок ќе биде во Виница, а наскоро ќе биде во Кочани, Скопје, Битола и во уште неколку градови во Македонија.
Од Matt Walsh? Возрасна човечка жена што и треба понекогаш помош да отвори тегла. Баш не беше тоа што очекував. Добар е и како гостин на подкаст.
И јас ова се прашував додека читав. Се испотепаа да можеле транс жените да одат во женско вц, а никој не спомнува за како би било за транс мажите во машко вц. Gee I wonder why. Не можам да сфатам сериозно ликови кои го негираат сето она низ кое поминувале жените, стравот што го осеќаме како ЖЕНИ дека не е битен, во името на тоа како се осеќал некој, се разбира кажано од маж. Кога сум во вц, во соблекувална, кога одам сама по улица ноќе и сл, транс жена што нема транзитирано секогаш ќе е маж за мене, бидејќи како прво и основно не можам да им бидам во главата да знам како што се осеќаат. И ќе се плашиме да, што е сосема оправдано за жена, со оглед на тоа низ што се сме поминувале и уште поминуваме. Транс жените никогаш не можат да знат како е да се биди биолошка жена. Немам апсолутно ништо против нив како луѓе, само тоа е факт. Ако ме прави трансфобична потсвесниот страв од сите биолошки мажи, нека сум. Или тоа што сметам дека искуството на жените не можи никогаш да го има некој друг, ниту транс жените. Можи и вака да се формулира цитатот што се спомна погоре: Безбедноста и рамноправноста на жените се побитни од било чии чувства.
Испаѓа сите преферираат да одат во женско вц. И мажи И жени, И транс мажи, И транс жени, И Пецо механичарот, И Љутви што продава петарди на Бит Пазар, И самовилите, И џиновите, И Снежана од приказните. Што се дешава во машки ќенеф сите што бегаат?
Зборуваме за транс жени затоа што вие ги највеќе користите како изговор да бидете трансфобични. И пазете, јас пазам кога го употребувам тој термин, тоа дека сте трансфобични. Не го употребувам затоа што ги ставате биолошките жени на прво место или нешто слично, го употребувам затоа што буквално со омраза и толку гадни навреди зборувате за транс жени. Не може бе да се обраќате со „свињи од 140 кила и 2 метра“, со силувачи и со мажи во перика и потоа тоа да кажете дека е продуктивна дискустија. Скроз сте исти како хомофобите кои ќе исповреѓаат, ќе кажат дека не треба да имаат права ЛГБТ и единствено што им останува на гејовите е да се стварно затворат во соба и да не излегуваат. За вас решението за транс луѓето е да се убијат очигледно пошто се што набројавте за како треба да ги третираме е понижување? Не нудите ниту едно решение кое е нормално за нормално постоење на особа. Ниту пак зборувате за транс луѓе као да се луѓе. А знаете зошто? Пошто во глава имате силувач, манијак, маж кој се ПРЕПРАВА да е транс жена. А тоа не се транс луѓе.. И се прашувам како некои толку паметни членки не можат да си ја препознаат својата игнорантност, као, не е нормално кога ќе дискутираш и помислиш на транс луѓе, да го изедначуваш тоа со силувачи и манијаци? Која е разликата меѓу тоа кога хомофоби изедначуваат гејови со педофили? Прст на глава си ставите maybe?
Не знам што воопшто бараш во дискусија за права на биолошки жени, ако не знаеш зошто е така. Мажите се најголемите насилници и агресори општо онака, за било што на светов. Што мислиш каква ќе е реакцијата на маж да види транс маж или транс жена во ВЦ? Мислиш безбедни се таму?
Кешки вецето да беше проблем. Ене Германцине цели реферати имаат за кого е Тои-Тои вецето на концерти. Нов Завет, амин, цис, мис, транс, нон бајнари, сВе напишано. Проблемот е поооодлабок од кој каде моча. Транс жена не може да се рамни со биолошка жена, како што белец не може да биде црнец, па колку сака нека се осеќа како црнец. Како што Мајкл Џексон се осакати за да биде белец, поради тоа што имаше витилиго, ама си умре како црнец со витилиго. Може во иднина на веќе родени единки ќе можеме гени да менуваме, сега не можеме. И родовата дисфорија Е пореметување, класифицирана, F64. Истата може да се третира, и да се помогне личноста да изгледа како родот кој го чувствува, но не може биолошки да се промени. Доста испитувања има дека многу од тинејџерите кои се осеќале трансродови, евентуално како возрасни сфатиле дека се хомосексуалци. Тоа се должи на СОЦИЈАЛНА конструкција како треба да изгледа жена, а како маж, и често хомосексуалец полесно ќе се идентификува како жена бидејќи манеризмот пример му е поженствен. Евентуално, повеќе од 70% "растат" некаде во чадорот на ЛГБ, 30% продолжуваат како транс. Второ, транссексуалец кој иначе не би да зема хормони и прави операции, туку само сака да изгледа, да се носи како жена, се соочува со стигма - не може машкото дете во средно, како машко, да носи фустан. Може да е вака наивно, но за тие деца не е наивно. Со прифаќање на андрогинијата за нормална, овој проблем во голема мера ќе се реши - момчето што сака да се носи како девојче ќе биде ок прифатено, што подоцна можеби ќе биде сепак транс жена, а можеби само хомосексуалец. Понатаму: Хомосексуалноста НЕ е пореметување. И затоа време е за "два чадора" бидејќи со транс агендиве на крај само ќе се наштети на лица "ни криви ни дужни", што апсолутно имаат реални барања и потреба од права, што на никаков начин не штетат на генерална популација и што не бараат нешто што е невозможно.