Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Дојде време мислењата на EvAngelos да се општоприфатени. Пукајте ме веднаш.
     
    На Angie1432 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Со милениуми било тоа така мило. Уште од праисторија, откако знаеме за човештвото се знаело што е маж, а што жена... се до средината на минатиот век кога се појави родовата идеологија која тврди дека постојат бесконечно многу таканаречени „родови идентитети“. Пред тоа родот се користеше само во граматиката. Таа тетратка - женски род, тој молив - машки род и тоа пенкало - среден род. Толку. Луѓето си беа мажи и жени, исто како и животните што се машки и женски. Итн.

    И потоа одеднаш на некои им светна дека не биологијата, туку чувствата уствари ја одредуваат реалноста. И така се отвори пандорината кутија. Па така се појавија машки од женски пол и женски од машки род. Па некои се чувствуваат дека се мачка. Па други се идентификуваат и како trans-abled - луѓе што се чувствуваат дека се инвалиди т..е инвалиди заробени во тело на здрав човек. Има и уште почудни, ама тешко е да се провери дали се зезаат со пародијава, или стварно станува збор за патологија.

    Да се вратам у времето на дедо ми и да му кажам дека во 2023 на форум со интелигентни луѓе со завршен факутлет ќе се докажуваме што е машко, а што женско, ќе мисли дека го зезам, дека сум на дроги некои или дека сум се мрднал со паметот :D
     
    На La-loca, Bratot, Cinnamon Bun и 6 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    За него не знам СтејКалм, ама за тебе знам дека си биолошки маж, по род се идентификуваш како маж, сексуална ориентација хомосексуалец.

    Како таков, немаш поима што е жена, што значи да бидеш жена, и муабетов ти е како мажине во тема за абортус.

    Не можеш да знаеш кои се моите чувства како жена, како што не можеш да знаеш ниту за транс жените.

    А искуствата на жените и транс жените се различни, не само биолошкиот дел, тие жени се растени и воспитувани како мажи, и исто така, не можат да делат со останатите жени нешто многу есенцијално.

    Дали ќе мочам во исто ВЦ со транс жена ништо не ми менува, дали при истражувања за кардиоваскуларни заболувања истражувачите ќе бидат свесни дека дел од пациентките се биолошки мажи, многу ми менува.

    И да, најлесно е да се дереш траааансфооооббббб, ако е така полесно ок.

    Критичка мисла е битна, посебно кога те засега лично тебе.

    Јас не знам како е да си геј маж, па ќе ти верувам тебе, а пошто ти не си жена, обиди се да ми веруваш како е.
     
    На Medea., *Amethyst*, dea.18 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Drustvena

    Drustvena Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Да ама секс натака немаат претпоставувам?
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Правењето операција за промена на пол не значи дека автоматски се добива посакуваниот пол. Сепак има разлики во половите кои се генетски.
    Сум против дозволување на транс жени да идат во женски тоалет или да се натпреваруваат во женски категории.
     
    На Cinnamon Bun, Elenpelen и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Имаат. Ако имаат проблем со потенција примаат тестостерон, хормон кој го лачат тестисите.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ооо па кај си ти друже :) Шириш клерофашистичка пропаганда појако од било кога, а?
    Која дрскост треба за на женски форум да препорачуваш филм од Matt Walsh — еден од најтешките сексистички конзерви во американската јавност, педофил кој пропагира малолетнички бракови и максимално искористување на жените за репродукција уште од 15-16 год, кој буквално го преиспитува самиот концепт на согласност за секс, кој сака да укине право на развод, кој буквално сака да ги врати женските права два века наназад :) :) :)

    Ениуеј, смрт на христофашизмот, слобода на сите жени и квир лица!
     
    На staycalm и crimson им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    @EvAngelos и @Someonespecial, натрагично е што и двајцата сте исти, само на различна страна од паричката, онаа радикалната,кај шо жената и малцинствата увек наебуваат.
    Он лево, ти десно.

    И доста тука се млати празна слама, и секој си ја вртит водата на своја воденица.

    Ние тука цело време исти бубрези јадеме, абе никој да не побие со факти, да прокоментира на примерите што ги даваме, туку одма ау фоби, ау права, ау ау ау.

    Па и ја бе си ги барам правата, женофоби.
    У ебан 21 век, и тоа.
    Ќе дојде време, скоро и тоа гледам, ќе треба и ние жените да се радикализираме, па ништо чудно и да се милитаризираме.

    Смрт за патријархатот.
    Али тоа не е модерно веќе на Твитер, забораив.
     
    На Arjanit2021, Medea., *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Ја па пример у вакви патетични манипулативни избегнувања на сопствената вина не верувам, sorry not sorry.

    Ќе му каеш некому нешто шо не му одговара, или па не му пасира да е вистина, и оп нисам знајала, се шалев, лол.

    Конкретно за геј мажите, највеќе се подржани и од увек биле, од нас жените, кои не сме геј мажи.

    А општо е позната и мизгонијата од геј мажите спрема жените.
    Ја третираат као феномен, а уствари е нешо сосем нормално кхм, за еден маж.
    Oh, the audacity.
     
    На Medea., *Amethyst* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.781
    Пол:
    Женски
    Мислам дека по грешка ме имаш означено :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Ми фали "нормалното лезбејки и гејови толку. Што стана светов.. неутрален пол, маж ( личи на маж) ама ко жена се осеќал. Личи на жена ама патлак има, личи на маж ама мачка има. Некој ни гениталии немаат вонземјани биле... Транс жена купува тампони циклус имала. Биолошките жени биле лица кој може да раѓаат, лица кој менструирале, лица кој можеле да дојат..
    Има еден кој цело време ги побива овие со тоа нивните бесмислени барања. Маж е белец е и вика: Ако секој може да бира и да каже како се чуствува може ли јас да кажам дека се чуствувам како црна жена лезбејка? Дали луѓето би ми верувале? Дали ако личност со пенис доаѓа на гинеколог и рече мислам дека имам спонтан, дали докторот ќе превземе нешто да провери дали е точно тоа? Дали би дозволиле на човек од 50+ години пример кој рекол дека се чуствува како 12 годишно девојче носи фустани и шноли да биде помеѓу вашите деца? Би се чуствувале сигурно? Не може против науката и биологијата.
     
    На La-loca, Cinnamon Bun, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Ова многу лесно ќе се реши со тоа што луѓето ќе пријават дека се транс ако не е очигледно. А ќе пријават ако докторите не се трансфобични. И да бидеме реално, не знам во кој свет ќе се направи сериозна студија кај што ќе промашат дека дел од испитаниците се транс. Исто така не е ништо тешко ни нелегално да се запише и биолошкиот пол кога тој транс човек ќе оди лекар.
     
    Последна измена: 17 мај 2023
    На crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Ама тие транс луѓе не сакаат воопшто да им се спомнува и сакаат да им се избрише од евиденција биолошкиот пол.
     
    На *Amethyst* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.504
    Пол:
    Женски
    Јас зборам за исклучителни случаи кога е битно. На шалтер во банка или во пошта или во продавница не е битно и не гледам проблем да им е избришан.
     
    На RespectAndObey, crimson, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    8.660
    Пол:
    Женски
    Уште ли се збори на темава бе...еве јас сум Трансфоб или како и да е...каменувајте ме ...сори нот сори :hai:
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Точно така. Во суштина, научно гледано, не постои нешто такво како „промена на пол“. Промената на полот реално не е можна. Никој не може да ги промени сите 100 трилиони клетки во нашето тело и да им ги смени хромозомите. Она што е можно е само МАСКИРАЊЕ на полот т.е. да се направи личноста надворешно да заличи на спротивниот пол. Толку. Дури ни сечењето на градите не може жената да ја направи маж, туку само осакатена жена. Ниту пак тоа што некое машко ќе се нашминка и ќе облече штикли не го прави жена. На пример, многу мажи го прават тоа за 1 Април, па не стануваат жени.
     
    На *Amethyst*, Just.do.it и Misskirova им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Постоеше барање, зборувам за Македонија, да се менува ембг заедно со промена на род, како и да не стои во медицинска историја промената.

    Проблемот е што ембг е суштински врзан кај нас со полот на личноста, решение за тоа може да е да немаме ембг каков што имаме, туку рандом бројки за идентификација. Посебен број здравствен кај што точно ќе си стои полот и евентуалната транзиција ако е направена.

    Но тотално бришење на податокот за пол од здр. број и од медицинска историја - не.

    Кого и да цитираш изгледа го игнорирам, де појасни :D

    Таму ни јас не гледам, затоа и реков сеедно е за општа популација дали е некој транс. Исто како што напишав дека апсолутно поддржувам промена на род, ама тоа не се чита.

    Бидејќи е родот социјална конструкција и лично доживување, немам никаков проблем секаде род да им биде тој кој го чувствуваат.

    Полот, од друга страна, не може да не стои во документи, не за факултет да запише или што знам, работа да најде (за да избегнеме дискриминација), но во се' суштинско.

    Пример, не сум ок со ист затвор, што значи дека полицијата мора да знае.
    Не сум ок со ист шелтер, што значи социјално мора да знае.
    Итн.

    Дали јас ќе знам како рандом личност е ирелевантно, нема потреба да знам. Ниту сега знам, не дека им барам на луѓево околу лични карти.

    Мислам да се облечам како маж, да се потрудам да изгледам како маж, се сомневам дека некој ќе провери дали стварно сум маж ако мочам у машко вц.
     
    На Medea., Angie1432 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Лол океј, јас радикална феминистка што вклучува најранливо малцинство во својот активизам сум иста со религиски фанатик што промовира фашисти, фала ти Гош :)

    Додека вие овде се чукате во гради колку сте храбри оти у држава со 0,0001% транс население не дозволувате да ве наречат „цис“ во имагинарни ситуации од кујната на МПЦ, транс луѓето низ светот умираат. Се самоубиваат поради насилство и немање пристап до нега. Не можат да најдат мир од родителската тиранија дури ни на другиот крај на светот.
    Прошталното писмо на Eden го читав in real time и срце ме болеше. 23 годишна девојка полна со живот, имав претходно видено чат-пат некои од нејзините ставови и шеги.

    Памтам во 2017-2018 сите прогресивни луѓе овде се согласувавме на темава и ги препознававме маките на транс луѓето. Јас сум општо радикализирана и за феминизам и за ЛГБТИ права, а вие сте отишле колективно деценија наназад во оваа сфера. Трагично...
     
    На staycalm и Ketchup им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Па од тебе Спешлке ќе очекувам да знаеш дека колку и' да се осеќа некој како жена, биолошка жена не е.

    И булингот никој не го трпи од мене, биди сигурна. Тој што ги булингува ќе ги булингува во секој случај.

    Не можам да се согласам дека сум "лице што менструира". Зошто моите чувства не се важни?

    Од сите опции на светот, ај нека ни го земат и тоа мажите, нека не сме жени.

    Нема никогаш да бидеме исто јас и транс жена. Никогаш. Оти природата не е фер, јебига. Ни јас никогаш нема да имам 175цм, ќе останам кепец од 159цм.
     
    На Gosh, Billy Idol, Cinnamon Bun и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Интересни ми сте тука на форумов кога се работи за женски прашања и безбедност на жените сите сте едногласни за што сте за, за што против а дека се и мажи засегнати со проблемов и можат да бидат злоупотребени од транс жена не гледам дека ве занима нешто баш. Иди кажи му на другар ми што беше прелажан од транс жена и искористен како сексуален објект дека поддржуваш да менуваат пол. Над 90 посто од овие што се декларираат како транс жени се со хомосексуална определба значи ги привлекуваат мажи ретко некој од нив да ги привлекува жена. За вас е само проблем да не влегуваат во женско wc, да не идат во женски затвори, да не се натпреваруваат во исти спортови да не се потенцијални агресори и т. н.... За нас е уште поголем проблемот бидејќи кога ќе смени пол ваква особа доста тешко се препознава дека бил маж и слободно можат сексуално да си општат со мажи без да бидат дознаени ова ако е етички и не е злоупотреба тогаш незнам што е.

    Така да нема средина или сте за или против ако прифаќате да менуваат пол прифатете тогаш дека можеби некој од нив нема да сака да менува пол и ќе сака да ја задржи онаа ствар меѓу нозе и слободно да си влегува во женско wc и да се натпреварува во женски спортови и да оди во женски затвор. Смачени ми се двојниве стандарди ако сочувствувате за женски проблеми сочувствувајте и со машките бидејќи ваквиве лица се проблем и за мажи и за жени.
     
    Последна измена: 17 мај 2023
    На Bouncing Joy и Just.do.it им се допаѓа ова.