Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па читни малку и ти, многу истражувања ги поврзуваат негативните чувства кон хомосексуалците и трансексуалците со ментални пореметувања.
    Не зборам на памет, читни пред да зборуваш и ти малку :D
     
    На Scott Weiland, theowndemon, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што да мажот можеби е физички поспособен посилен но тоа не го прави дека е и ментално и интелектуално појак простите луге тоа го мешаат мислат дека ако е некоја жена неможе да заврше некоја тешка работа како детектив и слично. Најди ми маж што ке се отвори цел и нема да умре за да излезе нов живот од него и кажувај слободно дека е посилен.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Вистински феминисти ги подржуваат транс жените. Ако некој не ги подржува транс жените не е феминист. ФМП.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Вистински феминисти се борат за правата на жените, а не за мажите кои се маскираат во жени. Мажот кој се маскирал во жена со перика, силикони, шминка итн. не е жена, туку маж.
    Вистински феминисти не подржуваат маскирани мажи кои се инфилтрирале во женски категории во спортот и потоа се боксираат со жени и им кршат вилици, аркади итн. Вистински феминисти на измамников ќе му речат: марш бре говедо едно, иди да се боксуваш со мажи, а не тука да се правиш јак на жени!
    Вистински феминисти не подржуваат ни маскирани мажи што се пикаат по женски затвори и силуваат жени таму.
    Колку сакаш ти нарекувај ги овие мажи „транс жени“, ама факт е дека тие имаат пенис, тестиси, машки хормони, машка поголема мускулатура, машки скелет, машки XY-хромозоми во секоја клетка од нивното тело итн. Биологијата им е машка. Анатомијата им е машка. Науката вели дека тие се мажи. Објективноста и разумот исто така.
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Колку и да сакате да речете дека се еднакви транс-жените со жените, за жал не се. И покрај хормоните има разлики во градба на телото и тоа е очигледно.

    И сметам дека треба многу големи ограничувања да има, и тестирања за да може да се вклучуваат во вакви натпреварувања. И ова е проблем со кој треба сериозно да се соочат некои луѓе кои одредуваат правила во спортот. (Не знам како точно, не ме ни интересира)

    Да, неспорно е дека жените помалку тренираат, и помал напор вложуваат во спортот, и неспорно е дека процентуално многу помал број жени има во спорт од мажи. И можеби да не било така ќе можело да се направи некоја споредба маж-жена. Ама, сега за сега не сме стигнати до таму.

    Лошите зборови, т.е. неприфаќањето на Евангелос на транслицата очигледно ве тригернува па затоа реагирате така остро на темава. И да, лошо е кажано, лошо звучи, ама фактот дека жена и маж немаат исти физички особини е тоа - ФАКТ. И не може да ме убедите дека мажите и жените се исти во сила.
    Немаме иста градба и тоа е реалноста. Не го мешам психичкиот фактор дали некој се осеќа како жена или не. Тоа е тотално негов избор. Ако ме прашувате мене нека се идентификува како марсовец. Целосно негов избор.
    Ама да речете дека физички се исти - не се. Значи се работи за векови, децении развој кој не донел до овој момент.

    Исто како што не може да се спореди брзина на гепард, леопард, тигар и лав. Фамилија мачки се арно ама сите имаат различно развиени тела, мускули, тежина. И нормално не може да ги споредувате на ист начин.
     
    На CoverGirl10, Scott Weiland, asdas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Зошто го споредуваш со 'маскирање'?
    Не се маскираат. Тоа е длабоко чувство кое го носат во себе си. Исто како ти што си се идентификуваш како тоа што си, така и тие се идентификуваат она што се.

    Може некој да те 'преиначи' и да почнеш да се чувствуваш како жена? Не!
    Исто е и за нив.. Обиди се да разбереш.
     
    На Someonespecial, lovestoneddd и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Транс жени се жени. Не кажувај што треба вистински феминист да прави пошто не си феминист и зборот го користиш како аргумент за твоите трансфобични верувања. Можеш до утре да збориш за нивните полови органи, тоа не ги дефинира како мажи или жени.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И ние сме фамилија цицачи... не зборуваме за натпревари во пливање со делфини :)

    Муабетот е: ако некој/а постигне доволно добар резултат, да се квалификува за натпревар во друга група, зошто да не и'/му се дозволи?
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    А што ги дефинира овие луѓе од машки пол како жени?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Мозокот.
    Еден ден.. кога ќе научиме како навистина функционира.. целосно, ќе имаме и прецизен одговор на ова прашање.. како и на многу други.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Оваа жена има длабоко чувство дека е мачка. Дали таа е мачка? :^)
    https://www.telegraph.co.uk/news/ne...s-she-is-a-cat-trapped-in-the-wrong-body.html

    Толку од „аргументот“ чувство. Има луѓе што се чувствувале дека се Наполеон Бонапарта, Хитлер, Господ, ѓаволот, вонземјани итн. Многу од нив се во лудница заради тоа што нивната „реалност“ не кореспондира со објејтивната видлива и научна реалност.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ај не споредувај психички пореметувања со полов идентитет.

    Оваа мачкава - нека биде мачка, не и' брани некој :D
    Се додека не штети никому, нејзина работа.

    А знаеш за онаа што е венчана со Ајфеловата кула? :D
     
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Воглавно се согласувам, добар пост.

    Единствено имам замерка за тоа жените вложуваат помал напор во спортот. Мислиш на жените како цела група или мислиш поединечно? Жените како група, моооожеби може да се каже дека воглавно помалку се замараат со спорт, во смисла на чисти бројки, односно колку жени тренираат и се професионалки наспроти мажите, нивните примања итн.

    Но, дека една жена професионалец вложува помалку напор или помалку време поминува на тренинг од нејзиниот машки колега е една голема заблуда. Тоа може да го тврдат само Диенџел и остали што немаат цапнато во сала или на стаза. :)

    Ми борчиш цитат, ама ако, пак ќе те прашам.

    Која спортистка постигнала време или резултат со кој би била компетитивна во машка конкуренција, на исто натпреварувачко ниво?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Од кај да знам... не следам спорт :D
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    И ако јас што пратам скоро се од спорт ти кажам дека нема ниту еден резултат кој е блиску до машките постигнувања и ти цитирам мое мислење, ќе ми веруваш, ќе истражиш сама или ќе ме изигнорираш?

     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ќе ти речам: ако ни една не се квалификува, нека не се натпреварува. :D

    Иначе... транс жените, се жени, а транс мажите се мажи.. и не знам зошто го прајме муабетов.

    Шо се засекиравте толку за тоа дали некоја икс личност, ќе се натпреварувала со овие, или оние во група?
    Не знам што ви менува вас тоа?
     
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Аферим. А, пошто досега не се случило некоја да има време за макар достојна борба, а не пак подиум или злато, а и доколку се случи лесно ќе се види тоа, пошто се работи за егзактна работа - бројки, е тек тогаш можеме да дискутираме за нејзино вклучување во машка категорија.

    Исто што ќе им смени и на луѓе што не ни пратат спорт, али вриштат феминизам...хахахах. Дебилна дискусија од старт, муабет колку да се прави муабет, промена колку да се прави промена пошто мамините принцези сакаат еднаквост секаде, па ајде ќе бараме проблем кај што нема. Нит факти, нит бројки, нит аргументи, али ајде ќе кокодакаме. Една спортистка не изјавила дека сака да се префрли кај мажите, паметните принцезички смислиле дека така треба да биде и така и мора да биде.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @EvAngelos пак бираш само што ти одговара од дискусии
    Ти кажав, имаме локални проблеми кои се побитни од тоа дали транс жена се натпреварува со мажи. Не дека искрено имам некој став околу целото велосипедистичко натпреварување, ама имам став против трансфобијата.
    Еве, горе ставив што треба повеќе да ги засега феминистките. Зошто не излезете влошки да делите наместо усбиња ако сте толку феминисти?
    Јас трансексуалец не познавам ни еден, ама многу пати во животот сум дала влошка на девојка. И кога почнавме ние да добиваме, имаше врсничко насилство кај нас, психичка тортура, им се потсмеваа на девојките кои добија први, ко да е тоа нешто од кое треба да се срамиш, или како да имаме избор.
    Ама гајле ти е тебе за психичка тортура, гајле ти е тебе и за жените, битно ти е само да малтретираш психички луѓе кои се поразлични од тебе. Веројатно толку празен ти е и животот, па мора да го пополнуваш со нешто.

    @asdas
    О, богу на мачо мажите. Па тоа и јас го реков, само што одеднаш западнав во ваша територија па ни читаш ни дочитуваш.
     
    На AndyRad, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Батали феминизам тука.
    Вистински човек се бори за правата на друг човек на кој му се ускратени правото на самоидентификување и избор, практично правото на живот, пошто живот во кожа на друга особа има.
    Од каде само ви доаѓа идејата дека имате за право да негирате туѓ начин на живот, кои сте вие ?!
     
    На Srckata28, Ketchup, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Некој може да каже обратно: Ај не споредувај психички пореметувања со животински идентитет. Се разбира под „психички пореметувања“ мислејќи на мажот што се замислува дека жена, а „животински идентитет“ мислејќи на жената која се идентификува како мачка.
    Значи исто е: И во двата случаи станува збор за личност која што се замислува нешто што не е, нешто што не кореспондира со објективната и научна реалност.
     
    Последна измена: 20 октомври 2018