Таа реторика е всушност онаа што мене ми создава одбивност према транс лицата. Ако не сакаш дебели луѓе, дискриминираш Ако не сакаш слаби луѓе, дискриминираш Ако не сакаш транс луѓе, дискриминираш Ако не сакаш без заби, дискриминираш Итн. Продолжи ја низата. Јас не сум биро за вработување или давател на некаква јавна услуга да дискриминирам. Бирам партнер според мои желби и интереси. Замисли јас да бирам партнер во твое име, а е целосно спротивно од тоа што го бараш и сакаш. Јас еве не сакам да бидам со транс лице. Не ме привлекува. Не ми е секси. Ми нема иднина таа врска. Не може да се расплодува. И сум -фоб? Да речеме дека ситуацијата со господинот е вистина. Да откријам дека во кревет сум донел транс лице, а патем не сакам да бидам со транс лице и не сум известена за тоа, лошо ќе си помине.
Не. Феминизмот е за жените. Точка. Крај. Прекинете да го разводенувате феминизмот за да биде општо поприфатлив. Пошто се додека феминизмот е и за транс жените и за мажите и за сите тоа се што ми кажува е дека не разбирате каде боли, каде е проблемот. А не може да се реши проблемот ако одбиваме да го дефинираме точно каков е. И мажи што не учествуваат во општествени норми, што не се токсично masculine, што се добри особи, геј мажи... сите тие уживаат привилегија во општеството само пошто се мажи. И не треба да биде ударна точка дека непатријахално општество ќе има бенефит за мажите, туку тоа е за ЖЕНИТЕ.
Се согласувам. Секој бира партнер според свои стандарди и желби 100%, какви у да се. Поентата ми беше за физичка атракција. Пример ти видиш маж, привлечен ти е, би сакала да имаш секс со него и дознаваш дека е транс и одеднаш ти е одбивен. Sorry, тоа мене ми е трансфобија. Пошто wow, големо чудо ако некој што е транс ти е привлечен. Може да ти остане привлечен и да избереш да не бидеш со таа особа пошто е транс. Ама одеднаш да се згрозиш кога на прв поглед ти бил привлечен нема логика.
Наместо реченицава, многу полесно ќе беше да ги споделиш кои се, дека милионскa поддршка, а ти ги криеш Како да ти кажам дали ги знам ако не знам кои се?
Ако в кревет си донел нешто - ваљда ти е секси. Скроз можи да имаш преференци и секој бира према тие преференци. То е нормално. И така треба да биди. На крај на ден самите најмногу знајме шо ни одговара и шо сакаме. И 100 страни да збораме за шо е атрактивно, ќе се одјавиме од тука и ќе одиме по то шо не влечи. Моментот е, одиш со маж, секси ти е. Дознаваш дека пред 10 години транзитирал од жена, од после. Одбивност од после е то шо би се нарекло трансфобија. Зошто првично има атракција, сте поминале убо, не си можела да сетиш разлика. Си била со маж сепак, свесно и несвесно така осеќаш, твојата атракција така осеќа. Пошто пред то те влечеше и ти беше секси. Збор- два напрај да не ти е секси. Не е трансфобија ако слечи гаќи и половиот орган не те влечи оти и то е дел од сексуалност. Туку е ако те влечи ама "од инает" неќиш да те влечи.
Леле не ми се верува дека оправдувате да лажат за својот пол односно да не кажат дека се биолошки маж. Значи that's wrong on so many levels. Многу е нефер и го ставам на исто со сексуален асолт затоа што без разлика што и да е он треба да си каже дека е транс. Има луѓе што не сакаат да дејтаат трансови што е нормално секој си има преференција. Ако некој не сака да дејта транс не го прави тоа трснсфоб. Секој си има преференции некој не сака да дејта луѓе што пушат цигари ,ајде и за тоа некој збор цигарофоб да се измисли. Еве јас не би сакала да дејтам транс од повеќе причини и не сум должна на никој тоа да го објаснувам кој се тие причини. Секој си има преференција и не е должен на никој да се објаснува за тоа. Транс луѓето треба да бидат искрени а не да го кријат тоа дека се биолошки мажи и да лажат односно да ги злоставувааат сексуално други личности кои мжне би биле со транс. Секако тоа е што можеш да очекуваш од маж. Како што кажав сите проблеми во општеството од мажи потекнуваат и дека ќе ми дојдат некој useless мажи во темава и ќе ми објаснуваат зошто јас како ЖЕНА не треба да се осеќам загрозено од маж на женски форум the audacity.
Нека биде си имала секс на една вечер. Многу убаво се изразија горе - од инат неќеш да ти е привлечен.
Има логика. На прв поглед ти личи на жена и мислиш дека е жена, во кревет гледаш дека има машки полов орган, нормално дека ќе ти се згади, ако си стрејт.
Како тоа е различно од силување? Јас не сакам да имам секс со транс лице, но имам затоа што личел на полот кој го барам со сите биолошки карактеристики. Тоа и е исто како да имам 17 години, да имам секс со 35 годишен што тврди дека исто има 17 години. Лага е лага.
Јас цело време зборам за ситуации каде има оперирано орган и не може да се примети дека е транс, пошто за полови органи сите имаме преференца и не можеме да се форсираме.
Точно ,еден вид силување е тоа. И е многууу погрешно. И тука некој ќе ми глумат феминизам а подржуваат силување. Свашта
На 17 препознаваме дека некој е 35. Груминг аспектот е кај шо тој прај детево да се осеќа како да е позрело и го спрема за живот со себе. Ни еден 17 годишен не мисли дека дедото од 35 е 17 години. Апсурдно е. Ама дедото точно знај како да го изманипулира детето да прифати. Силување е кога односот е непосакуван и за кој не е даена согласност. Силување е и секс со личност шо не можи да дај согласност, пример дете. Не е силување ако после ебење имаш каење. Си имал секс. Си уживал. Од после мислата за тој секс те повредва. Sry, that's not it. Три ситуации во тенџерчето измеша.
Согласност моја за секс со транс лице не сум дала. Не ми се верува како не гледате проблем во целата ситуација. Не е тоа уживање, ако дознаам подоцна да се гадам од себе. Туку ништо не одговори за претходната хипотетичка ситуација. Замисли да сум со транс лице со години и да ме лаже. Воедно сакам семејство. Нормално, ќе не може да формирам семејство. Проблемот ќе го гледам во мене, ќе западнам во депресија само затоа што некој свесно лаже. Тоа во ред е?
Леле се напна човеку аман. Да силување е затоа што таа личност не го знае неговиот вистински пол. И е неетички затоа што треба да биде искрен. Се пушта во сексуални активности притоа го крие својот пол и лаже дека е нешто друго , како е тоа океј ?