Јас давам согласност со личност. Сите идентитети и недостатоци шо ги има, а јас не ги знам, не ми менват ако решам еднаш да излезам со некој. Ако со некој градиш врска, пишано е назад, дека фер е да кажи ради низа причини. Една е и плодноста. Следно е генералната доверба која треба да се гради со партнерот. Врска не се гради на лаги. И да, ако толку многу ти смета - ќе прашаш. Ако на некој му е за еднаш, да отвора полемики пред секс е муд кил. Ако е за нешто сериозно и потенцијална врска се отвора темата оти во врска треба да си партнер и да има одредено ниво на транспарентност по важни прашања. Накратко, гледам дистинкција меѓу само секс и меѓу врска. Ама гледам и дистинкција меѓу само секс и врска и меѓу скроз цис хетеросексуални односи. Не дека ова е brand new оти едната страна е транс. Ама не, уште не е силовање.
Според првата реченица, тебе не би ти било важно дека излегуваш со педофил, силувач, сериски убица. Битно е он како се чувствува во моментот на излегување и тебе не те интересира ништо друго? А што ако прашам дали е транс и ми одговори дека не е, а е?
Не е силување, бидејќи првично имало привлечност и согласност од двете страни. Ама е лажење. Не е секој втор или трет транс па да го очекуваш тоа и да треба да прашуваш. Транс лицата се тие што треба да се искрени и свесни дека не секој сака да има однос со нив, дури и првично да имало привлечност. Никој не е -фоб само затоа што има одредени преференции и не сака да е излажан од некој што се претставува подруго. Да речиш гадно е far fetched, се согласувам, ама не можиш да обвиниш некој што се осеќа прелажан и искористен од такво искуство. Не е црно-бело толку.
Па за мене е силување, затоа што јас сум се согласила на секс со Трајан, а не на секс со Трајанка од раѓање со вештачки додаден пенис. И нема вие што да се согласувате дали е силување или не, затоа што сепак јас би добила на суд.
Не е океј да те излаже или да скрие, ама е реална можност кога имаш секс со некој што си го запознала вечерта и донела дома. Може и да е хив позитивен, и женет со деца, и силувач, педофил, нема да знаеш ако не го запознаеш прво пред да легнеш со него. А истиве луѓе се против секс за една вечер, ама за ако им одговара за вакви аргументи.
Некој лаже дека е сингл, па те става во улога на швалерка без твое знаење и согласност. Некој лаже дека е стрејт па си во врска, може и брак дури партнерот фантазира за свој пол. Некој лаже дека те сака а е со тебе за пари ...и така можеме до утре. Сега уште од транс треба да се плашиме. Тоа е. Отварајте сите 4.
That's not a cute look on you. Ама ако ми е за еднаш, нема да бидам тука два пати за да дознам шо е. Башка шо педофил или сериски убиец не е исто ко транс личност. Напротив, многу посериозно е. И не е слатко ко ќе се клат како споредба. Ако го прашаш и те излажи - значи те излажа. Налути се. Личи ко едноставна равенка. Дел од мене го интересира уште колку хипотетички сценарија ќе опфатиме. Дел од мене само се спрема за на работа.
Ова е валидно и има ситуации кога е силување. Пример кога некој ве лаже дека ставил кондом, а уствари сака да ве затрудни. Тоа е силување затоа што партнерот има во глава да ви наштети со тој однос и со лажење ве наведол нс тој однос. Транс особа која нема задна намера и сака да се впушти во однос како секоја нормална особа не е силување.. Не би се сексале со дечко ви да знаете дека цело време ве вара, но откако дознаете дека ве варал нема да кажете дека ве 50 пати силувал зар не? Значи не држи дефиницијата за секој пример, прочитајте малку.
Па секоја чест, после милион невалидни хипотетички ситуации, конечно најде некоја кај шо до негде е апликабилно то шо велиш. Не целосно да се разбериме. Оти не е силовање и долу ќе цитирам зошто ама јбг јас би тужела секој шо ме лажи пошто сум екстра Убо објасна.
За таа транс особа не е силување, но за мене е. Што е со моите чувства во ситуацијата? Битни се или само на транс лицето? Што ако тоа ми остави трауми и последици? Тоа во ред ли е, или битни се чувствата на транс лицето?
Тоа е можно само и само ако немале секс, или ако дечкото имал фетиш да го бута таму од каде што типов сере. Пластични хирурзи можат и на грбот да ти направат дупче и да го обликуваат да излгеда како вагина. Не е поентата во тоа. Проблемот е дека тоа не е и не може да биде вагина. Проблемот е во лажењето, манипулативноста, измамувањето на партнерот, а откако ќе го фати типот во лага, па уште и обвинување за некакви фобии. Во Америка, кутрите американци кои паднаа на оваа пропаганда, мораа да смислуваат нов термин за сексуална ориентација „super straight“ за да назначат дека ги привлекуваат само луѓе кои навистина се од спротивниот пол. Но и тоа не помага, пак се нападнати дека се трансфоби Да не му се верува на човек до каде забега светов.
Попрво ќе дознаете дека партнерот е транс, отколку дека е манијак, насилник и ред други работи што ги набројавте. Ко, колку долго може да ги криеш иглите и шприцовите за хормони? Ама да, сега тука очекувам да кажете дека попрво ќе излажат дека се на хероин, за да не кажат дека се транс.
Dude, буквално реши си го проблемот во глава со транс луѓе. Мислам, ова се се хипотетички ситуации и среќа нема транс особа да се доближи до личност како тебе, но ти се гадиш на самата помисла некој да е транс, не во романтична или сексуална смисла туку самата помисла дека постои таква особа. И тоа е дискриминација. Така да, не се битни твоите чувства кои доаѓаат од погрешни место. Какви трауми, какви драми. Get over it.
Моментот може и друга паралела да има. Одиш со маж, живеете заедно, имате деца и утре дознаваш дека те изневерил. Не е инает, ако инстантно ти стане не-секси, нели?Очекувања вс реалност. За дејтање збориме, не за уаннајт. Од една страна, мислам проблемов е реален за транс мажи ваљда во милипроценти. Ако сум лезбејка, може да стане заебано, појма немам. Имало и лезбејки што нејќеле жени со пениси, боже свашта, сигурно и за нив има некој специјален фоб термин.
Каде напишав дека се гадам од постоењето на транс лицето. Се гадам од помислата на секс со транс лице. Не туку ми ги формулирај постовите како што тебе ти чини да ги разбереш.
Битни се, не треба да го прави тоа. Никој не вика дека само затоа што е транс некој е добар човек. Ама ти викаме, стои ризикот кога имаш секс за една ноќ дека партнерот може да те излаже за што било. Прво викаш нема шанси дечко и на Ники да не приметил дека е транс, па после дека пластичен хирург може да ти направи вагина и на грбот. Одлучи се