EvAngelos, многу си паметен кога се фокусираш на тоа дека „не и кажал од прва на девојката дека е транс“ испуштајќи го делот каде што гадот е ПЕДОФИЛ од 53 години кој силувал 13 годишна девојка.
Ovoj neznam dali e aktivist, transgender healthcare doktor e. Pioner, velat. Ili beshe? Because... And just like that, after four years of painstaking work, Leibowitz, de Vries and the rest of their group were being called out as traitors by peers and the community they sought to care for. Nishto od procenka ne trebalo, aktivist valjda povekje znae, hm?
Дека е педофил е повеќе од јасно. Поточно трансродов педофил. А зошто ти не го ословиш со трансродов педофил? Или не ти е убо на ушите така м? Типот го намамил девојчето со помош на својата женска маска (она што вие го нарекувате трансродов). Да не изгледал типот на жена, најверојатно и девојчето немало да се одлучи да влезе кај некој постар чичко во кола.
Зошто зборуваш за него во машки род кога се чувствува како жена? Нели тоа беше доволно за некој да биде жена и сите да го сметаат за жена, да може да користи женски тоалети, да оди во женски затвор, да се натпреварува во женска конкуренција? Во каков затвор треба да оди транс женава?
Ок, знаеме дека полицијата спие. Не само за транс, и за геј, за семејно насилство и фемицид, за што не. Да не го утепаше Пале тој, ќе беше уште една бројка во статистика. Не ме изненадува ич што полицијава не си брка работа, уставно право е, без оглед на род, да не те тепа и малтретира никој.
Сега ќе глумиме дека апсолутно нема никаква врска сексуалноста и родовиот идентитет во непреземањето ништо од страна на полицијата? Демек се е исто, маж ли е, жена ли е, геј ли е, лезбејка ли е, транс ли е, исто се понаша полицијата? Смешки.
Полицијата искрено за никој кур не ги боли не дека ги дели геј стрејт транс туку за сите кур ги боли еднакво Само си дремат бескорисни.
Не знам по кој дел заклучи дека иницирам на дупчиња по тело? Зборам за терапијата како предмет. Доволно е на викенд да отидеш со некого за да му ги видиш сите предмети со лична сопственост. Ама да, инсулин ќе да е.
Нема, за никого не преземаат ништо. Не знам какво глумење е, али ок. Ни за биолошки жени не преземаат. Што секако, треба и за транс лице да преземат.
Искрена да бидам, малце ми е неудобно кога ја читам темава. Станува збор за вистински луѓе, со вистински емоции, а коментари како трансродов маж со top surgery е само осакатена жена без гради ми прават нагони на повраќање. Иако се мал број на лица во државава, стварно мислам дека и те како можат да дојдат во темава и да се издепримираат. Трансродовите жени кои напаѓаат и силуваат жени во затвор не се трансродови жени, туку се цис манијачишта што нашле како да го заобиколат законот и да извршат уште едно злодело. Секако дека ќе пробат да се пикнат под чадор на лгбт, исто како што педофилите пробаа. Затоа по 10000 пат го пишувам ова на форумов, 4 очи отворање на тоа кој и како сака да пристапи во таа заедница. Конкретно мажите што ги постираа страници наназад, не се трансродови жени и тоа се гледа од месечина. И за да нема ситуации каде се случува токму тоа, цис маж кој мисли дека ќе го заебе системот ако се пише жена и резултат само уште една жртва на силување и насилство, уште една капка во морето, мора да се пази. Немам ништо против да се пуштат трансродови жени во затвор, ама претходно да покажат документација каде транзицијата е почната или е во тек. А за тоа што е природно а што не е, мислам дека нема поента да се дискутира. Ниту филери во уста се природни, ниту силиконски гради, ниту коса ко на Бујар Османи е природна, иначе немаше да цвета бизнисот во Турција, ниту пак 10000 други операции се потребни за преживување само, па сега тука да се дига ука и бука. Ако некој сака својот полов орган да го промени, тоа е лично право и никој тука нема право да се меша. За терминологијата делумно се согласувам, делумно не, во друг пост тоа. А да, ништо не може да ме изнервира кога си прават тик токс мажи кај што се глупираат со тампони. И кога транс жени рекламираат влошки. Као, зошто?
За болдот пред неколку години имам напишано мислење дека сум за тоа фондот да покрива и овој тип на операции. Кај возрасни. Ич не сум ок со деца, да, пубертетот не може да се врати назад, но и органите не се враќаат назад. Ист принцип ми е тука и со се' што трајно менува детско тело, инсерт елективна циркумцизија пример. Пракса е, ама за мене не треба да биде.
Нека го покрива фондот кога ќе бидеме држава што покрива се останато. Дури сме во општество кај што срцето ми се кине кога треба да изберам за кое дете да се јавам да донирам, апсолутно е лудост да воведуваш транзиција покриена од фонд, сори нот сори.
Ова уште тогаш го дискутирав, не ја барам "вината" во транс лицата, туку во државата и криминалното и недомаќинското користење на фондот. Не е во ред да собираме пари за никого, сите вработени плаќаме големи суми во фондот. Постојат повеќе работи што се проблематични тука, но нели, не ги апсолвирав од проста причина што треба и офтопик да одам. 1. Фондот е краден. Прво од самата власт. Секоја до сега. 2. Фондот покрива фиктивни невработени. 3. Фондот се троши недомаќински. Се прават прекумерно непотребни испитувања (иако се чека со месеци за нешто, лекароодачка нација сме, таблетоманска исто така). Се' што користиме и често непотребно од фондот е недомаќинско трошење, тоа е веќе ствар на култура што мора да се решава исто така. Никаде не се пијат атб како кај нас, не се прават специјални испитувања како кај нас без индикација, по желба. И тоа е реалност, и може 10 души да ми се сипат сега како било потребно без индикација да проверуваш се' и сешто (имам другар што инсистира дека било потребно магнет на цело тело годишно - не, не е). Општо целиот здр. систем е хаос, нема никаква, нула логика за деца да собираме донации, затоа што е фондот должен и ИМА средства да покрие. Ама колку е нефункционално во пракса е секако, друг муабет. Но бидејќи е темава за транс лица, затоа се фокусирам на нив. За едно лице да транзиционира моментално е речиси невозможно освен ако нема ненормални суми на пари. И така ги ставаме сите реални 5 луѓе во една многу невозможна ситуација. За да ги сметаме за транзиционирани бараме да имаат целосна транзиција (односно гениталии да соодветствуваат на род), а истовремено не им даваме можност тоа да го изведат, немаат пристап до хормонска терапија, не пак хирургија. Факт е дека во реалноста во Македонија дали во просек двајца годишно би транзиционирале, едноставно вистински транс лицата се баш мало малцинство во лгбт заедницата. Голем дел од нив не ни сакаат да транзиционираат хируршки, што е апсолутно ок. Глуп пример ти е Џефри, многумина се едноставно геј, сакаат да се облекуваат како жени, шминкаат итн., не се суштински транс. Се враќаме на моментот со андрогинија и прифаќање дека е ок и маж да се шминка и шознам, да иде со фустан на работа. Сето ова е далеку полесно за фтм, односно транс маж, затоа што ние како жени одамна се изборивме да носиме пантолони, но мажите не се изборија за фустан (пошто нели, женски карактеристики се непожелни, не се ни борат за фустан). Од цела транс заедница што и онака е минорна, само мал дел навистина би транзиционирале - и токму тие се луѓето кои сакаме да ги заштитиме највеќе. А во реалноста живеат ноќна мора. Бидејќи интимното чувство навистина им е женско, не помалку им е непријатно да лежат во машка соба во болница, него што на мене и тебе би ни било. Како и да е, сите 5 кои би транзиционирале, не се виновни што државата е крш. И тие се жртви.
Не викам дека тие се виновни или не. И деца што чекаат инсулински пумпи, па и возрасни што немаат инсулин, и пациенти што немаат цитостатици не се криви што е таков системот, па еве, пак се молат некој од странство да им донесе лек, пак се молиме децата да ги пуштат да се лечат надвор преку фонд, пак креваат кредити за операција за животозагрозувачки состојби и сѐ останато. И ниеден да нема што ќе го искористи правото преку фонд, стварно е лудост да постои можност да менуваш пол преку фонд, а да не можеш да земеш инсулинска пумпа за дете преку фонд или лекови што ги нема на листа за лица кои значат живот или смрт. Едноставно од морален и човечки аспект е погрешно. И мене воопшто не би ми сметало да е транзицијата покриена преку фонд за возрасни доколку е ова средено општество каде секој има пристап до сѐ во здравство, ама ако веќе од нешто почнуваме да средуваме, сигурно треба да постојат приоритети.
Ова. И коментари како „трансица со кобасица“, „свиња од 190м со перика“ и така натаму... скроз понижување на друго човечко битие, не знам како некој може така да се обраќа, фуј.
Никаде не го реков спротивното. Само потенцирав дека сме во тема за транс лица, се фокусирам на нив. Транс лицето како и сите ние работи, плаќа здравствено. Тебе нема да ти е сеедно да ти кажат дека за мене има, ама за тебе нема. Никому не му е. И не е тоа нелегитимно воопшто. Мислам во САД ни рак не се лечи бесплатно, кај нас е 100% на товар на фонд, така и треба да биде, постулатите на фондот се дека е солидарен, користела јас или не, морам да плаќам, немаш опција. Овде не зборуваме за крив нос или мали цицки, зборуваме за вистинска дијагноза со вистински индикации и потреба.
Со ова 100% се согласувам. Насилни криминалци (особено силувачи) кои цел живот го живееле како мажи сѐ до нивното апсење за тие злодела, во никој случај не се транс жени. За вецињата, мислам дека и самите транс лица чекаат до некој степен на визуелно проаѓање (passing) пред да почнат да влегуваат во она што е за нивниот префериран род. Така е најкомотно за сите инволвирани. За спорт искрено немам конкретно мислење оти никогаш не сум била ни заинтересирана, ни доволно информирана за таа сфера. @staycalm, видов си прашал за радикален феминизам. Тоа е тема со доста поделени мислења, јас лично сметам дека радикалниот феминизам може и треба да ги вклучува транс луѓето. Мојот феминизам го сметам за *радикален* бидејќи продира длабоко во сите моќни институции. Транс луѓето не се ни институција, ни идеологија — туку угнетено малцинство со заеднички опресори со жените и ЛГБ луѓето. Во трансфобичниве (aka gender critical) средовечни привилегирани Британки тврдам дека нема ниедна феминистичка клетка, и трагично е што до тој степен успеаја да го осквернават поимот радикален феминизам. Еве и една одлична статија на темава од вистинска британска феминистка, адвокатка и активист против насилство врз жени: https://www.independent.co.uk/voices/terf-trans-feminism-gender-b2131456.html
Не можам да прифатам вакво угнетено малцинство. Треба да се постават граници и психијатри да им направат опсервација. Ова е болештина, да избереш да си 6 годишно девојче и крај. https://www.independent.co.uk/news/...t-new-life-as-a-sixyearold-girl-a6769051.html