Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    И личноста со крив нос и мали цицки плаќа здравствено. Зошто таков вид на операција да не спаѓа под фондот? И таа личност можеби има психолошки тешкотии поради одредени недостаци на телото.
    Не може фондот да покрива осакатување на телото на здрав човек. Без разлика на психолошката дијагноза.
    Не заборавај, транс лицата се физички здрави луѓе.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Сфаќаш дека овие хипотетички ситуации се толку нереални и врска немаат со реална дисморфија?

    Дури не знам ни од каде да почнам да ти објаснувам, еве пробај сама во ДСМ 5 најди некаква дијагноза, чисто за споредба на твоето “можеби“. Јас не зборувам за “можеби“ него за реални луѓе што навистина се евалуирани од куп стручњаци пред одлуката да “падне“.
     
    На Srckata28 и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Хелоуу! Нели на долго и широко се пишуваше дека за да си транс не е доволно само да се разбудиш еден ден со чувство дека си спротивен пол, отидеш на шалтер и изјавиш дека од денес сакаш да си маж/жена. Нели се потребни години и години чувство дека не припаѓаш во своето тело, па уште толку години проценка од стручни лица, за да знаеме нели дека не е само заблуда, каприц или ментална болест за која има терапија соодветна туку реално ја сфаќаме состојбава ко релевантна.
    И сега одеднаш, тие во затвори што оделе не биле транс, туку лажеле. Ако така лесно може да се лажи за да добиеш "транс привилегија" таму каде што можеш, тогаш зошто се сфаќаат сериозно сите што се декларираат ко транс ама немаат документација за транзиција? Може и не сакаат транзиција, не мора да транзитираш да си транс, не морало ни gender dysphoria да имаш. Кој е релевантниот доказ за транс што сите транс го имаат? Како сега само за тие во затвор се бара црно на бело?
    Пошто не ви одговара да го слушнете процентот на транс што завршуваат во затвор. Голем е, многу. Велиш -лажат? :o Како се осмелуваш да негираш нечии чувства?
     
    На green.eyes, christinnn, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.591
    Пол:
    Женски
    Ако некој не може да приложи документација дека почнал барем со првиот чекор на транзиција, не би го оставила да оди во женски затвор. Би сакала да верувам дека секој човек е честит и нема да прави глупости таму, ама ете скептик сум и не би го дозволила тоа. Безбедноста и здравјето на жената ми е најважно. За во било која друга установа што не е исклучително населена од женска популација немам проблем да одат и луѓе што не почнале со транзиција. Во места каде тоа може да се злоупотреби имам.

    Релевантниот доказ би била терапијата што почнуваат да ја земаат за да добијаат карактеристики на спротивниот пол. Вештак што може да потврди дека тој човек навистина транзитира кога се носи пресудата исто.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Проблемот е што не мора да транзитираш со хормонски терапии и операции за да си транс. Значи може со години да живееш како транс особа, да се декларираш нели и сите да те почитуваат ко транс, но, дошол момент си украла нешто, треба да одиш во затвор и сега одеднаш сите велат дека лажеш и ако не си почнала хормонска терапија -не си транс. Може тоа за сите да важи?
     
    На Gosh, Medea. и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.591
    Пол:
    Женски
    Пак не би дозволила во затвор со жени да иде. Надвор од затвор секако дека ќе се обраќам како што личноста сака, максимално ќе ја почитувам и никогаш не би направила да се осеќа неудобно. Ниедно човечко право не би го негирала. Ама во затвор не. Затоа што пак ќе кажам, безбедноста на жената ми била и ќе ми биде секогаш приоритет.
     
    На nextredstyle, crimson, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Значи не веруваш дека е жена. Трансфоб. Крај.
     
    На Gosh, Medea., *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Не треба да верувам на некој за едноставно да го почитувам во деј-ту-деј живот.

    Да речеме доаѓа странка што е очигледно жена, но сака да ѝ се обраќам во машки род, ќе ѝ се обраќам во машки род.
    Ако некоја без оглед на брачен статус сака да биде ословувана со госпоѓа, ќе ѝ викам госпоѓа.

    Не гледам потреба да одам против нешто толку едноставно, ти се викаш Бриџит, ама сакаш Џити да те викаме, ок, Џити ќе те викаме.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Со Ката си зборам, ако сакаш да се вклучиш во муабетот пази што збориме, не улетувај со работи што врска немаат со последните наши постови.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    На форум си збориш. Нема врска трансфобија со тоа што ти се обидуваш да доведеш некој да каже.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Мислам дека голем дел од нас што коментираме немаме проблем за почитување на сите луѓе воопшто, во секојдневни ситуации, нормална комуникација и обраќање. Коментарите се дека не може да се рачунаат за жени и да ги има во женски спортови, во женски тоалети, пресоблекувални... и на жени да им мавтаат со тампони и да им кажуваат тие што е жена.
    Срце ми се кине за девочјиња чии спортски кариери се уништени за навек, па и спортскиот дух, и згора на тоа да се нарекувани трансфоби. Цел живот вежбале, од малечки, граделе планови, соништа, и доаѓа некој со пенис, што се осеќал како жена, и ги уништува тие соништа некому. Кога девојките ќе се пожалат - трансфоби. Не е фер и не е фер, и не постои нешто што може да ме разубеди дека не сум во право.
     
    На LiquidLuna, green.eyes, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    За тоа и јас се согласувам, како што е напишано во мислењата поназад.
    Не може биолошки маж да се рамни со биолошка жена, никогаш, 6 пати нека направи хируршка транзиција, она што биолошки и генетски го носи и го прави маж нема да се промени.

    Може да сакаат женски спортови, може да сакаат да раѓаат и дојат, јебига природата не е фер кон никого, тоа е.
     
    На Gosh, Medea., *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    И јас зборувам за реални луѓе. Се работи за чувство нели, барем вие така тврдите.
    Не може врз база на чувство фондот да двои средства за физички корекции на телото. Фондот им овозможува достапност на стручни лица од областа на психологијата. Затоа што чувствата се негуваат и лекуваат на психијатар, а не кај хирург.
    Нема инсулин, ама ќе има пари за хормонска терапија. Тоа е недозволиво во секој поглед.
    Нивната состојба не е живото загрозувачка.
    Така што не гледам зошто и како би се одвојувале средства за нивна транзиција.
    Како што не гледам зошто и како би се одвојувале средства за крив нос.
    Во двата случаи се работи за нарушена самодоверба.
     
    На fana, MyMala и Medea. им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    21.186
    Касно враќам ама сега тек можам.
    Го спомнав оној законот во Шпанија каде што транс лица можат да сменат ознаката за пол само со административно барање. Не мора воопшто да имаат направено операција нит хормони да примале. И погоди кој го имаше споделено и пофалено тоа? Ирена Цветковиќ. Нели најаката феминистка.
    А баш со вакви закони ќе си мењаат кој стигне ознака за пол и ќе се бутаат во затвори. Ама според Ирена ваљда бидувањето транс те прави добар човек.
    Туку еве се вратив од болница каде бев во иста соба со жени. И требаше секоја од нас на неколку прилики да покрене блуза, да се пресоблече и притоа случајно може да се види нешто ама ништо страшно, сите од мака сме таму. Пред маж што ни на ж од жена не личи не ми било ИЧ удобно. Сега немав проблем. А според членот со кого највеќе се карав јас, ако маж рече дека е жена, автоматски треба да ми биде сосема пријатно цицка или патка да ми се види. А не би ми било, еве ти кажувам.
    Во веце да, ајде мочаш у посебни кабини.
    Ама тука и во соблекувалната е друго. Тек да има помладо девојче.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Прво закон да почне да разликува род од пол, после се останато.

    На одделение со целосно транзиционирана транс жена, како пациентка, нема да имаш поима за нејзината историја и секако не ни треба да имаш поима за историите на останатите пациентки со тебе. Како што ни сега си немала, затоа што, гуес ват, доверливи информации се.

    Целосно транзициониран мтф нема теоретски шанси воопшто да знаеш дека транзиционирал за да ти биде неудобно.

    Барем после 10 години на урологија, ако нешто знам, пациентите не си ги гледаа меѓусебно пенисите.
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Ама немаш поима што збориш човече, споредуваш неспоредливи работи.
    Затоа ти реков, де сама прочитај, пошто овде навистина не знам дали треба да одржиме цел семинар за да ја сфатиш ти лично разликата.
    И да, нивната состојба Е живото загрижувачка, ти немаш желба тоа да го видиш.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    21.186
    Ја не зборев за целосно транзиционирани.
    Него членот поназад и одредени активисти еве и некои закони дозволуваат и бараат било кој што се идентификува како жена, да го нарекуваат жена. И тоа е она што го мрчам од самиот почеток како дојдов на темава.

    И тоа е тоа што пречи во целото движење. Бараат и јаре и паре. И зашто голем дел кои поддржуваат лгб, не поддржуваат Т.
     
  18. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А на тој со крив нос не му е живото загрозувачка?
     
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Мене лично ептен ми е животозагрозувачка ситуацијата оти носот ми е крив. Ајде да ми уплатиш пари на сметка да се оперирам.
     
    На crimson, buba4e89 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Ти па што се наоѓаш прозван, згора глупости тресеш.
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.