Е арно де, ќе го нарекувам жена. Тоа што му го признавам родот, не значи дека му го признавам полот, оти полот не се менува, тоа е. Родот е социјална конструкција, важен во социјални кругови, онаму каде што полот игра поважна улога - се гледа полот. Нетранзиционирана транс жена не може да лежи на женски оддел, кога ќе транзиционира, вај нат.
Во здравство кое не дава лесно лек за цистична фиброза и други болести, не треба ништо бесплатно за транс.
Не, не му е. Пробуваш да направиш корелација каде што не постои корелација. И јас сум дебела и би било идеално фондот да ми финансира операција за дебелина, ама пошто постојат други начини и не е животно загржиувачка состојба, односно мојата депресија не е ПОРАДИ дебелината, јебига, или ќе гладувам малце или ќе си соберам пари за операција. Имам проблем и со самодоверба и ред други проблеми поради дебелината, но тоа е нешто каде што може на друг начин да се помогне. За дисморфија која трае долг низ години, единствено решение е операција. И треба да ти фали малце емпатија да го увидиш тоа.
Ако му го признаваш родот, тогаш зошто не ги признаваш и привилегиите кои би ги имал како припадник на тој род? Или признаваш се или сепак не ги признаваш.
Какви привилегии има родот жити ја? Род е перцепија, пол е биолошки факт. Не ги мешајте двата термини, не се исто.
Не е така. Затоа и тој со крив нос не е крив што се родил со крив нос. Сакал да има прав нос. Тој се чувствува дека треба да има прав нос. Транс лицето се родило со пенис наместо вагина. Ако остане со пенис наместо вагина, нема да умре. Од друга страна девијација на септум баш и не е симпатична состојба да ја имаш.
Да оди во женски затвор, да се натпреварува во боречки вештини за жени, во женски соблекувални и тоалети. Тоа е привилегија на жените, не на мажите. Ако веќе навистина се декларира како жена тогаш и мене логично ми е да ги користи овие простории.
Хмммм. Епа кога веќе е така, јас имам идеално решение. И за транс нека има, и за нас луѓето со крив нос нека има. И на крај сите среќни и задоволни.
Да де, фондот и општо сите други институции за ништо немаат пари, жално стварно. Милионите брзо се трошат.
Некои оперираат нос оти не можат да дишат правилно. На социјалните мрежи и на форумов во една тема имаше молење да се донира за болни мали девојчиња. Зошто на нив Фондот не им покрива сè?
Логично ти е оти не разликуваш род од пол. Само затоа. И мислам дека навистина си неука на темава, затоа нема да продолжам да ти објаснувам работи кои треба да ги исчиташ малце прво, пред да имаш мислење. @Bridget родот Е перцепција. Тие што не можат да дишат правилно, имаат операција покриена од фонд.
Фондот не треба да плаќа ни за крив нос ни за промена на полов орган. Фондот треба да плаќа за операции кои влијаат на здравјето на човекот. Луѓе болни од рак и други тешки болести, за кои што донираме, тоа треба фондот да покрие. А операции оти некој не бил задоволен од некој дел на себе, за тоа не е фондот должен.
Епа ајде нека има за транзиција, овие болниве од рак имаат време за чекање за лекови. Фондот е тој што е. И не се само лекови и оперативни зафати. Тука спаѓаат и боледувања. А од тебе знаеш колку двојат на месечно ниво? Ништо. А кај се шошонине што се на црно работат и се пријавуваат како социјалци. Уште за естетски корекции да се цица и нека крахира здравството. Ќе те лечи Баба Рада со чајчиња.
Каква здрава логика чоек? Доктори, психијатри и останати, самите препознаваат како перцепција дисморфијата, т.е. перцепцијата на полот. Постои шифра, поназад и ја напишав.
Леле Александрит, де прочитај ми ги мислењата на претходната страница, мислам ај истово 5 пати да го повторам и пак нема да ти биде јасно што е кажано.