Еве ти како начитана и докторирана на оваа тема, објасни ми по која логика признаваш маж за жена, а не признаваш да се бори со жени во спорт? Сега жена ли е нели е жена?
Леле дури сега видов дека темава е отворена од EvAngelos. Упорни се ова трансфобите, поддржувачите волку не се замараат.
Fun fact. Шпанија исто така воведе и денови за менструациско отсуство од работа. За кого ќе се однесува не знам, и дали треба да докажуваат дека менструираат, и која жена е жена? Колективна папазјанија Нигде во личен документ не постои ознака за род @CameliaMiller , ознаката за пол се менува.
Затоа што се пика во сива територија. Не сака да признае дека и е јасно што е маж а што жена и дека не може да се смени, од друга страна не сака ни под разно некој да ја нарече трансфоб пошто денес може за најмал коментар да си добиеш таков назив, и затоа врти и филозофира и тупи за на крај да сфатиме (исто како кај Ката) дека уствари и сами знаат што е што.
За одбиени си чула или не? Фондот треба да покрива третмани за тешки болести. За транзитирање не оти трансовите може подоцно да се покајат (што се случува). Предомислените може да се обидат да си посегнат по животот. Што да прави државава после? И кој ќе е крив оти дисфоријата не била приметена? Државата, нејзиниот систем или самите транс?
Тоа и го кажав поназад, дека треба да се смени/имплеметира систем кој јасно укажува на тие што треба да знаат (а тоа не е радном продавачка, службеник на шалтер, возач во автобус) кој е што. Со примена на соодветна документација, рецимо. Не е невозможно, но треба разглабање како да не се злоупотребува родот. Мене не ме плашат навистина транс лицата, премалку се, проблемот ќе настане кога рандом психопати би почнале да злоупотребуваат.
Па такви психопати се поддржани и примени од нив, и ако се пожали жена е наречена трансфоб. Ни тие самите не се трудат да си го заштитат името и угледот.
Ама колку што знам и ТЕРФ ги сметаат за хомофоби. Со тоа имаш проблем? И да имаш никој не те прашува, означена си.
Можат како сакаат да ме нарекуваат, со тоа немам проблем. 2 страни поназад трансфоб бев Не може да едначиме жена со транс жена. Тоа е неменлив факт без оглед на лична перцепција. Родот е, да се повториме, социјален конструкт. Не е исто што и пол. Како таков, да, може да се промени и може да се редефинира. Полот постои кога си тек оплодена јајце клетка. Род “добиваш“ кога ќе се родиш. Од таму да почнеме, што е што. За кој сум хомофоб, нека сум, за кој сум трансфоб, нека сум. Мислам, немам намера ништо слепо да следам, критичка и конструктивна мисла е секаде потребна. А глупи примери со мали цицки и криви носеви се глупи примери од неедуцираност никаква и носење заклучоци без ништо да знаеш за проблематиката.
Не ти објаснувам тебе ништо Бриџо. Ти донесе заклучок дека се секирам ако ме наречат трансфоб Не, не се секирам. Често сум нарекувана трансфоб. Или поточно - ТЕРФ. И никако не влијае на моето мислење за проблемот
Два термина кои се злоупотребуваат, што е спорно? Ок, ТЕРФ се хомофоби кои се трудат да ја рационализираат својата хомофобија.
@CameliaMiller Зошто не одговараш на моето прашање? Дали сметаш дека транс жена е жена? Еве ќе те насочам во кој правец да се движиш. Ако сметаш дека е транс жена е жена тогаш зошто имаш против да ги окупираат услугите за биолошки жени? Ако веруваш дека транс жената е жена и ако веруваш во концептот на род, тогаш треба да прифатиш дека транс жена треба и е местото помеѓу жените во боречки вештини. Само затоа што се чувствува како жена. А јас секој ден се чувствувам евентуално и не знам каде припаѓам. Но темата не е за мене.