И тоа лично си кажа членот поназад Немал проблем маж да се соблекува пред ќерка му ако си кажел дека е жена. Абе еве не знам како не би те фатило језа како нормален родител од такво нешто Па и да не си родител.
Темава не е лингвистика за да се тупи за користење на зборот фобија. По кој основ ТЕРФ се хомофоби? Не дека не можат да бидат, ама како тоа тебе trans exclusionary те асоцира на хомофобија?
На трансфобија мислев цело време, сум помешала хомофобија. И очегледно терминот ТЕРФ е отворена трансфобија не прикриена како што сум мислела. Со терминиве нов јазик може да се измисли, комплетно.
Kako radikalen feminist nemas stav za ova?¿ wow na tolku osteteni zeni da nemas stav? Ja iako ne se smetam za nekoj feminist mozam da empatiziram i da ja pocustvuvam nepravdata nanesena na tie zeni.
Абе наука е ова Бриџо, не може туку така. Инаку сите ние сме трансфоби и тоа е. Никој уште не кажа кој е гуруто шо треба да го послушаме, за да не бидеме трансфоби. Или терфови. Пошто Роулинг е водечка ТЕРФ вештерка, Атвуд не смее да се произнесе, оние што се основоположници на медицинска грижа за транс лица, не се релевантни, деца во школо учат за род пред да научат за пол, итн, итн. За буџетските прашања во некој друг пост.
Ако тоа што не сакам мажи кои сеуште не почнале со транзиција да идат во женски затвор сум трансфоб така нека е Немам проблем со етикети јас, јас си знам колку се залагам за исти права на сите луѓе. Само имам проблем со луѓе кои се проблематични, а како солуција сакаат да се пикнат во веќе маргинализирана заедница, како не би сноселе одговорност за кривични прекршоци. Ќе земам паралела со Кевин Спејси. Човекот е геј. Јас тој човек не го сакам, затоа што проба на најподмукол начин да ја искористи заедницата. Цел живот иде со мажи, не е publicly out, го фаќаат дека иде со малолетни мажи, треба да одговара кривично и тогаш магично искача од плакар дека он е геј и дека сите сега треба да му простат пошто нели маргинализиран. Секако дека сите си се оградија од него, кога требало да биде амбасадор за тие луѓе од кои очекува да го бранат, никаде го немало. Тоа што не го сакам Кевин Спејси не ме прави хомофоб, туку ме прави човек што не сака лоши луѓе. Исто како што не сакам криминалци кои не почнале транзиција да одат во женски затвори. Ако имам критичко размислување како да се минимизираат немили настани, а при тоа не повредувам нечии други чувства, комфорна сум со било која етикета да ми ја залепат.
Паралелата не ти е на место. Ако не го сакаш Кевин Спејси оти прекршува закон, може да не сакаш транс особа што прекршува закон, толку едноставно, не сме глупи да не знаеме да посочиме криминалци во одредени групи и да направиме разлика. Но ако сметаш дека маж што транзитирал во жена е жена и дека треба да има обврски и привилегии на жена надвор од затвор, истото треба да е и во затвор. И таму за мажи и жени има посебни правила, и таму треба тие правила, обврски или привилегии да му следуваат. Толку. Ти уствари велиш -ок, фин и културен си, ќе се преправам дека си жена и ќе те почитувам. Во моментот кога ќе завршиш позади решетки ќе си го покажам вистинското лице и ќе ти речам -мрш мажу, еби се, не си жена. Тоа дали направил нешто криминално или е фин човек, не треба да има апсолутно никаква врска со твоето прифаќање или неприфаќање поточно сфаќање на поимот жена/маж.
Опресори станаа а замисли либерали, нели требаше сите да сме среќни и задоволни, слободно да си кажеме што мислиме, што чувствуваме, саншајнс енд реинбоус...и замисли горди се со тоа. Не се свесни дека копираат модел -да стигнам до фотеља па ќе видите сите...
Па проблемот е што баш и не е лесно да се нацрта линија во смисла - овие се транс и ок се, овие не се транс и не се ок. Имаш па транс жени (ако се воопшто тоа) што почнале хормонска терапија и/или операции ама серат дека биолошките жени си ја присвоиле менструацијата за женска (уау). Имаш автогинефилични мажи кои ќе се направат операции само зашто им е фетиш да изгледаат ко жена. Или такви што всушност к ги боли за жени него само за транс жени си се борат ама онака подмукло кажуваат жени само зашто се сметаат и тие тоа. Туку мене ме интересира дали ако родова дисфорија е проблемот, постои терапија која пробува да го оттргне тој проблем? Оти имањето пенис или вагина не е проблем само по себе, аверзијата кон тој дел од тебе е проблемот.
Па ги прифаќам бе Бриџо. Трансродова жена која почнала транзиција нека иде во женски затвор. Маж кој не почнал транзиција на лепе очи не може да оди во таква институција па да се прекрстиме и помолиме дека нема таму да ги напаѓа жените. Најмногу на цел свет сакам таа заедница да ја заштитам од луѓе кои се пробуваат да ја искористат за да наидат на симпатија од заедницата. Силувачи само може да и наштетат, ете гледаш какви ликови се постираа. Пак ќе речам, ликот што беше споделен не е трансродова жена, туку е цис маж кој ќе се пише жена за да може во затвор да го повтори делото. Мажот кој се облекува како 6 годишно девојче исто. Ама не значи дека треба фокусот да е врз нив и да не се обезбеди основно човечко право трансродовото лице да е еднакво со секој друг човек. Право на транзиција, обраќање како што милува, право на брак, отстранување на дискриминација, овозможување на работно место, интеграција во општество како секој цис човек. Кога ова ќе се реши прво, ќе се реши и проблемот со затвор како институција.
Transgender samo se identifikuva kako zena, i ne sakaat site transgenderi tranzicija a imaat pravo u zenski zatvor samo zatoa sto se cuvstvuvaat ko zeni.
Затоа што ти нема смисла прашањето. Ако не можеш да разбереш дека биолошко не е исто што и социјално, јас не знам навистина како да ти објаснам. За мене и моето поимање има јасна граница, ако за тебе нема, верувај, нема ни да успеам да ти ја доловам.
Пишав и претходно, не секоја транс особа минува низ хормонска транзиција и операции, доволно е да се чувствуваш и си транс. Не може да ги признаваш само оние што транзитирале. Ако се бориш дека треба да им се почитува полот кој си го замислиле, тогаш ќе е така насекаде. Не само на работно место или на шалтер. Во спотивно продаваш пуфки.
Биолошко никогаш нема да биде исто како социјалното. Тука се разбираме. Но, не знам зошто не ми го одговараш прашањето. Транс жена се чувствува како жена по род, не може и да сака по пол. И како таква сака да биде во сите сфери на женскиот пол, род, како ти милуваш да се изразуваш. Од друга страна, велиш дека не е во ред транс жена да учествува во натпревар по боречки вештини со биолошка жена. Зошто? Сепак е жена. Значи е дискриминација. Како може со нешто да се согласуваш, а со нешто не. Или прифаќаш дека е жена, или не.
За кој маж збориме? Пошто јас знам еден кој се облекува и понаша ко мало девојче и кој беше на разговор со Бајден, кој е редовно на насловни страни, избиран за жена на годината и слични срања...милионер стана, маскота, заштитно лице на транс заедницата. За Дилан Мулвени збориме? Или он може да се облекува ко 6 годишно девојче?
жена цис, жена транс, жена не знам што. Све ке ви текне само за да го заобиколите терминот “жена“. По автоматизам си трансфоб ако алудираш на тоа дека имаат проблем со психата и треба да се лечат. Претходно, твоите истомисленици тврдеа дека е доволно само некој да се чувствува како жена/маж. Дека Транс не бара транзиција сама по себе, се ослонува на некакво си чувство. Нешто што ти го објаснува Бриџит доле во цитатот кој не е изваден од неа самата туку од вашите истомисленици.
Месарката Ејми за која тврдиш дека е маж е во фаза на транзиција иначе (иако не знам точно во која фаза) и е сосема можно да заврши во женски затвор каде што дури со отстранет пенис ќе може да си силува, на пример со рандом предмет а притоа има физичка сила на маж. Како да разграничиме кој е цис маж што се преправа дека е жена, а кој е стварно транс жена? Пошо повеќе од очигледно е дека злоупотреби се сосема можни, дали да се добие пристап до традиционално женски простории од типот на тоалети и гардероби, дали полесно да се дојде до жртва (никој не очекува да биде силуван од жена), дали да се собори светскиот рекорд во женска конкуренција итн. Како да разграничиме која е вистинска, а која фејк транс жена пред да дојде до злоупотреба? Не може прво да се тепаш за нечие право да биде транс жена, да ги нарекуваш трансфоби и терфови сите кои имаат најмал сомнеж во тоа, и после коа ќе силува некое девојче, е пупу не важи, не е транс жена, цис маж е. (пошо нели транс жена по дифолт не може да е насилна)
Transgender i da tranzitira so operacija pak fizicki ke ostane posilen od zena i ke moze da ja siluva, da ja pobedi vo sport i da ja sovlada fizicki na bilo koj nacin.
Ах бе Като, па за ова влади паѓаат, знаеш или не. И крокодилски солзи се ронат како Англиското општество се трансфобизирало, јер лошите ТЕРФ вештерки некоја маџија напраиле. Почнал транзиција дури чекал судење за силување https://www.bbc.com/news/uk-scotland-638234 И шта чемо сад?