Па да бе Бриџ, брао. Не мислам дека има место во феминизам за жени кои не се биолошки жени. Зошто мислам така, објаснив наназад, затоа сум терф, затоа сум трансфоб, нели ТЕРФ везе нема со хомофобија, иако секако дека не ја исклучува можноста. Еве јас апсолутно поддржувам ЛГБ, пошто е сексуална ориентација и тотално не ми спаѓа транс во оваа приказна, затоа што допира нешто различно - а тоа е род. Не, прифаќам дека е транс жена. Затоа и го користат цис жена и транс жена како термин, за тебе Александрит да ти објаснат што е што. Затоа што постои жена, и постои транс жена. Не знам ни што ти е прашањето? Во секоја сфера ги прифаќам транс жените, секоја која можеш да ја замислиш, што не ја загрозува (цис) жената. Спорт, затвор, соблекувална итн. се места каде што цис жената е потенцијално загрозена. На шалтер во банка, не е.
На кого кажуваш? Не се мисли дека некои карактеристики не се менуваат со операција и дека пак се потенцијална опасност.
Ама никој до сега не рече дека на шалтер во банка не треба да одат, или е забрането.... или уатевер. Само не знам дали знаеш еден ненормален... транс жена... во фаст фуд го направи пепел детето што работи за минимум плата, го испоснима, на социјални мрежи го стави со најпогрдни зборови, оти му се обратил со господине. В кола седеше тој/таа/тоа (како да речиш ќе згрешиш), значи на прв поглед на дечкото ко маж му се виде, на драјв ин. Тешки драми направи, срам ме фати шо гледав. Не знам дали беше казнет/избркан дечкото од работното место, не ми текнува, да најдам треба. Значи ова шизење по социјални мрежи од транс лица е НЕПРИФАТЛИВО...
Како да ти објаснам дека секакви Каренс постојат? И тоа што е тој шупак не е пример за сите? Сите жени сме Карен пошто некои се? Не можеш ни да замислиш како се понашале со мене рандом луѓе, неврзано за род. Јебига, луѓето се гомна, мажи, жени, лгбт. Тој што сака да биде навреден, ќе биде и кога нема потреба од истото. Имав ситуација каде што на работа која врска немаше со образование, на пациент се обратив со господине. Он не бил господин, замисли, професор!!!!!!!!!!! бил. Требало така да се обраќам! Така што вакви сељачишта ништо не ми значат во целата слика. На шалтер во банка, сосема е легитимно да му пишува Трпана без оглед дали како Трпе е роден. На лекар мора лекарот да знае дека Трпе станал Трпана. Едит: ни сама не знам колку пати имам згрешено род. Оти има жени кои изгледаат како мажи, додека не им видам документи и сама не се изненадам дека е жена, прерцепирам маж. Од искуство неврзано со транс заедница, научив да не се обраќам во ни еден род, додека не сум сигурна
Дојдов само да кажам дека правото на жените за сопствени простори (пример тоалети) е право за кое жените се избориле, односно го немале, па го добиле. Оттаму прашањето, зошто се очекува од жените да го отстапат тоа право за кое се бореле некои претходни генерации во име на инклузија? И нека не станува збор за насилство или загрозеност, зошто се очекува жените да ги отстапат своите простори во име на друга група, не ми е јасно, и зошто борбата е секогаш за женските простори, а не за машките? Сакам да кажам, зошто секоја група не си се избори за свои простори, туку сака да се наметне во туѓите?
Не, ама на жените Каренс им се смееме сите колективно, и им превртуваме очи. Со транс Каренс треба да внимаваме, оти ќе сме трансфоби.
Се дополнив, извини. Ако е некој гомно, гомно е, независно од род, пол, возраст, професија. Секој може да е гомно. Тоа што е некој транс не го прави светец. И обратно.
Aма така е, и јас се сложувам со тебе, има секакви. Муабетот е, ако јас речам оваа е Карен, се глупира, претерува, шизи - никој не ме нарекува женомрзец. Ако речам оваа транс особа е Карен, се глупира, претерува и шизи - тогаш сум трансфоб. Така функционира денешницата.
Никаде не нареков никој трансфоб, ме мешаш со друг некој. Баш напротив, секое критичко мислење со проблем кој треба да се реши е добредојдено, за да не се случуваат ситуации како таа погоре што ја опиша. Проблемот што го презентиташ пак би рекла дека може да се реши само со медицинска документација. Пак ќе речам, ако некој не презентира доказ дека почнал да транзитира, нема зошто да му се верува на лепе очи. Ниту јас не сум да се пушти месарката Ејми во женски затвор. Ниту пак верувам дека месарката Ејми почнала било каква транзиција. Ниту пак дека има примено хормонска терапија или било каков доказ дека е трансродово лице. Не знам кој е тоа. Зборам за затвореник што беше постиран поназад. Да изгуглам и ќе пишам уште едно мислење. Не ги почитувам само оние што транзитирале. Баш напротив, некни во Саботата имав разговор со трансродов маж во еден од поокеј квир места во Скопје, кој сега за сега има земено само дел од терапијата (не би да навлегувам во детали пошто мислам дека не е океј према човекот). Најнормален муабет, како што и треба да биде. Доволно е од 2 реченици да сфатиш дека тоа е трансродово лице, а не некој што сака да направи злоупотреба. А инаку за да се решат проблемите што ги предизвикува оваа проблематика мислам дека треба да се отворат панели, места за дискусија, места каде ќе се кажат проблемите на трансродовите лица и грижите на биолошките жени. Освен со долги дебати и наоѓање на компромис не гледам како поинаку би се решиле суштински проблеми и би се поставиле граници.
@KateKane И што има врска типот со она што го збориме? Сега проценуваме карактери од 2 реда муабет? Сега ние сме тие што треба да проценуваме дали некој стварно е транс или се претвара? Што ако истиот тип после 5 години го фатат кола како кради? Ќе се појавиш на суд да кажеш како еднаш сте разговарале и сметаш дека е ок? Да те пратиме со сите по 2 реченици муабет да направиш па ти да кажеш кој во каков затвор треба да оди...??
Затоа што мтф групата се осеќа како да припаѓа кај "нас". Кај нас не припаѓа. Во секој рандом сегмент во животот, како се осеќа, така нека се обраќаме. Ама да ме едначат со транс жена, и да ми менуваат терминологија, оти не менструираат жените, туку "лицата" (имајќи ги на ум фтм транс мажите кои вел, менструираат, ама не се осеќаат како жени), едноставно тој шитшоу не сакам ни да го дискутирам. Апсолутно сум за нивна интеграција во општество, ама нека не чепкаат кај што не им е место. Посебно мислам на мтф транс луѓето.
Имаше едни нон бајнари што тужеа железничка компанија зашто пред тргнување, кондукторот им се обратил на патниците со ladies and gentlemen. Сериозно, никогаш не сум чула луѓе со други психолошки состојби олку да крекаат за дискриминација и навреди. А не дека се супер прифатени.
Е за ова се сложувам. Акомодации од секаков тип се потребни и кај многу други луѓе, не значи дека фокусот треба да биде само на потребите на транс луѓето. За тоа со железницата, такви ситничарења верувам дека постојат и во други ситуации, ама кој пати за внимание и драма ќе направи сѐ за да го добие, бил или не бил нонбајнари.
Па не е баш сеедно дали е за нон бајнари или не. Имав спомнато за онаа што фејкаше дека има Турет. Јавно ја изругаа луѓе дека уствари лаже. И никому ништо, и мене ми стана јасно зашто изгледа ептен фејк. Замисли што ќе се деси ако некој излезе и каже тој и тој не е транс заради тоа и тоа. Да, има луѓе што бараат внимание за било што ама никој не е толку креван на пиедестал како транс луѓе, реални или фејк. Оти големи пари се вртат од хормони и операции во тоа движење.
Well... Ова ако е ок, а очигледно е пошто е ѕвезда типот, зошто не и мажот од линкот? Каде е границата кои заблуди, сори, чувства ќе ги прифатиме а кои не, кога не повредуваат никого околу нас?
На крајот на краиштата, трансродноста е психичка болест, и само оти може да се ,, излечи,, со операции и хормони, е нормализирана. Зашто пример шизофреничари што мислат дека се реинкарнација на Хитлер не им тураме бркови и не им викаме Зиг Хајл, него ги лупаме у умноболници и не ги рамниме со луѓе? Понекад коа чоек ќе се замисли на најјакото, веќе ништо не му е јасно...
Вау, кое самоубиство од заседа еј. И после си била феминистка, па уше и радикална лол. ,, Немаш,, мислење, оти мислењето - да не речам целот твој живот како ЖЕНА, баш и не ти пасира со пропагандата со која ти го перат мозокот, сама себе се гаслајтуеш. Али типично за радикалци, а чим нешо не им одговара, а ја не знам, нисам одавде, не сум мислела на таа тема. А на тема сите жени што се плашат од мажи со мандала се трансфоби, а секој маж со мандало шо ќе рече жена сум, е ЖЕНА, си размислувала доволно за да ни пишуваш тука романчиња. Кое разочарување, еј... Каде оди овој свет, радикална феминистка не знае дали маж е посилен, побрз, од жена... Ој договори еден пријателски бокс меч со некоја од другарките, па врати се да ни каеш. Срамота.
Ниту е психичка болест, ниту може да се излечи. Дека има психичка позадина несомнено, ама да се решава таа позадина не е интересно. Има луѓе што доволно долго сметале дека живеат во погрешно тело, го модифицирале, живеат со тоа и ок се, пеки за нив. Има луѓе што сметале дека нешто не е во ред со нивното тело, го смениле, и пак ништо не се поправило. Греота за нив. А има и луѓе шо тролаат на најјако на тема трансродовост, најгласни се, највидливи се и никој не може да им го фати крајот. За нив не знам кој збор е соодветен. И @Gosh почна да ја чита темава од почеток. И јас богами, интересен развој гледам