Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.168
    Е каква е?
    Оти физичка па дефинитивно не е.
     
    На christinnn, fana, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.473
    Пол:
    Женски
    Зашто ич не е исто шизофренија и родова дисфорија. Различна основа имаат, различно се манифестира, овие што се транс не реагираат на антипсихотици, немаат други делузии за светот околу нив итн. Не треба да ги рамниме со луѓе ни шизофреничари ни транс?
     
    На CameliaMiller и Gosh им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Не ги рамнам, знам дека не е исто, само не ми е јасно малце ептен различниот третманот спрема двете групи , оти пример маж што смета дека е жена, е технички делузија... :|
     
    На Bitter-Sweet, *Amethyst*, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    12.064
    Пол:
    Женски
    Паметно би било да почнете да се занимавате со манијаците и педофилите што ги ставивте под ваша закрила заради извртените идеологии што ги пропагирате, дека маж ако се чувствува, облекува, и однесува како жена автоматски е транс жена и остали забеготини.

    Ќе се правиме сега слепи и глуви дека не се дешава мажи да влегуваат во женски простории и прават ршум внатре, зошто си земаат замав од идеологиите што се пропагираат. Мање битно што во вакви ситуации жените се најугнетени, само неговите "чувства" да не се дискриминирани.
    Како да ви кажам, ама со ова и правите голем проблем на лгбт заедницата, посебно на транс лицата што вистински сакаат да транзитираат.
     
    На VDT2906, Gosh, Alexandrite и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Не знам каква е, не била болест. Ќе ти објаснат експерти.
    Лично не мислам дека постои болест трансродовост. Може да постои дисфорија, може е нешто друго или трето, ете, решија да не се занимаваат со причините, битно е терапиите да се продаваат.
     
    На Peanut Butter и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.168
    Епа чим не е болест, нема што да го сметаме за животозагрозувачка ситуација и да им иде преку фонд (заради дискусијата поназад ова кажувам)
    Не може дијагноза да немаш ништо ама животозагрозувачка ситуација да е.
     
    На *Amethyst* и fbaby им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ама ќе се самоубијат, тоа не е животозагрижувачки? Паметиш колку масовни самоубиства имаше порано кога не им правеа операции за беспари? Не паметиш? Затоа што немаше.
    Ова ко дечко на кој си му раскинала и ти вели дека ќе се фрли низ прозор оти многу му е тешко и не може да живее без тебе. Чувствата му се реални и болни, дај да те клонираме за он да е здрав, жив и среќен.
    Оти болните од сериозни болести не се закануваат со самоубиство ако не им се даде најдобрата терапија што постои за нивната болест за малку или ич пари?
     
    На christinnn, Peanut Butter, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Пореметување.
    Со дијагноза Ф 64
     
    На *Amethyst* и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Јас имам нешто да кажам, малку подолго, и ова ќе биде последно мислење од мене на темава. Еве плукајте ме ако цитирам некого, оти преку глава ми е од непродуктивни затуцани балкански расправии со примеси на супериорен комплекс.

    Едно е да се дискутира за учество на транс луѓе заедно со цис луѓе во спортски натпревари, дали тоа е нефер, дали имаат предности или не поради биолошки предиспозиции, секој кажува свое гледиште на темата, независно дали се согласуваме или не, се додека е цивилизирано, не гледам проблем. Сечие мислење се менува, можеби моето ќе се смени, можеби туѓото ќе се смени, и признавам, поразлично гледам сега на оваа проблематика, не ми е баш црно бело како што ми беше порано. Но, демонизирање заради користење тоалети и други простории е страшно.

    Да се збори за транс луѓето како да не се човечки суштества туку предмети, дека се болни, гадни, манијаци, транс жените се потенцијални сексуални предатори, да се измислуваат смешни наративи и хипотетички ситуации, да се зборува за нив намерно во друг род, да се кажува како се трансици со кобасици, како имаат одвратни операциони дупки, како се унаказени од операции, како нивната болест треба да се лечи на друг начин, дека консензуален секс со транс лице било силување (wtf?). Пази, сево ова е уште јавно достапно на темава. Директно (и прикриено) исмевање, омаловажување и негирање на идентитет на транс луѓето е сосема во ред, нема ништо спорно. Слобода на говор де, јас пробувам да го цензурирам дехуманизирањето, срам да ми е. Фејк либерал.

    Ако не транзицираат - зошто не транзицираат, како очекуваат прифаќање ако не изгледаат како спротивниот пол, ако транзицираат целосно - зошто изгледале целосно како спротивниот пол, па ќе мамеле луѓе со тоа, психолошки трауми ќе предизвикаат на сексуалните партнери, ќе кријат дека се транс и ќе ги „силуваат“.

    Смешно е како во темава одеднаш сите се ЛГБ поддржувачи, никој никаков проблем нема со ЛГБ, ама ете Т е проблемот што не води во пропаст - а во реалноста па и не е баш ваква сјајна ситуацијата за ЛГБ луѓето.

    Смешно е што по автоматизам маж што ќе пише нешто во темава што контрира на мнозинството е мизогинист, како јас како маж се осмелувам да кажам нешто поврзано со жените, забрането е, иако никогаш на памет не ми паднало да омаловажам жена оти е жена. Ама затоа омраза кон мажите може, тоа не е проблем. Ќе си се пронајде членката тука сама.

    Смешно е да се тврди упорно дека род не постои, дека родов идентитет, трансфобија и хомофобија се пропаганда измислена од некоја таму ЛГБТ машинерија, дека пробуваат да конвертираат гејови во транс оти во минатото немало транс луѓе, сега се измислени за перење пари. Психолози, доктори, СЗО, кој ги ебе, шо разбираат они.

    Смешно е оправдување на проминентни и влијателни индивидуи за омразата што ја потикнуваат. Да за J.K. Rowling и сличните на неа зборувам.

    @RainBow извини вака, немам ништо лично против тебе, од тоа што прочитав, нормални мислења имаш пишано на темава, и честопати гледам дека не пишуваш за да навредиш туку легитимно поставуваш прашања оти сакаш да разбереш, ама многу е лицемерно тоа што едното мислење што го напишав и беше навредливо, инстантно ми го избриша. Намерно го напишав да биде навредливо, намерно го напишав општо без да споменам ниту еден член на форумов, пошто како што ми кажа ти, не можеш да бришеш се' се додека не се навредува директно некој член. Уствари испадна дека не е точно тоа, ама затоа другите навредливи мислења си стојат. Не знам, може и ова ќе ми го избришеш.

    rsz_1rsz_4596398.png Hard pill to swallow за некои: ЛГБТ+ правата се човекови права, поддржувале вие или не. Транс луѓето се дел од квир заедницата и секогаш ќе останат, дел од напредокот на ЛГБ луѓето е благодарение на храброста на транс лицата и нивните илјадници изгубени животи, дали од самоубиство или убиство од омраза.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    На Gosh, *Amethyst* и Medea. им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    И женските права се човекови права, со изгубени животи милиони, и ден денес фемицид ненормален, не ни е лесно на мажи да им веруваме, јебига.

    За мои мислења за ЛГБ можеш да најдеш и од кога сум зачленета 2015, не мора повеќе од тоа да објаснувам.


     
    На VDT2906, Nausicaa, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @staycalm
    Чао. Се гледаме по другите теми.
     
    На christinnn, *Amethyst* и Medea. им се допаѓа ова.
  13. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    12.064
    Пол:
    Женски
    Кога јас повеќе пати пишав на темава дека не сакам додатни термини како цис, зошто сум само жена, биолошка, другар ти продолжи да не нарекува цис жени, намерно.
    Двојни аршини, кој ги врти биолошките жени.
     
    На VDT2906, Nausicaa, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    На темата дијагноза ли е, состојба ли е.
    50 страни се испишале од пред некој ден:o

     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Види, психичките состојби не се забенција. Ама никој нема ексклузивитет над истите, ниту постои такво сценарио дека некој утре ќе се самоубие или не.
    Инаку приказната дека детето ќе ти се убие ако не му дадеш блокери веднаш, работи успешно. И родители се извадени од памет со право, па притисоци, чуда. И трагедии, и ова е без иронија кажано.
    А во меѓувреме фда издава предупредување за штетите од истите блокери, додека лепотицата на Бајден срцепарателно кажува- среќна сум што не транзитирав пред да имам деца, ама ќе направам се за децата да ја имаат таа можност.(wtf)
    И како бе да не се радикализираш?
     
    На Peanut Butter, CameliaMiller и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.168
    Да, психичките состојби знаат да се сериозни ама кај речиси сите ги лечиш така што делуваш на проблемот, гледаш да ги намалиш симптомите. Само кај ова дисфоријава се случува баш спротивното.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Многу работи не се заебанција, како на пример непоправлива штета на здравјето и телото и унаказување за цел живот за нешто што во иднина може да се предомислиш и да сфатиш дека си бил жртва како дете и тоа од луѓе на кои најмногу си им верувал - родители и доктори. И тука постои огромна шанса да пропаднеш психички и да завршиш трагично ама чекај...не сме дојдени уште дотаму целосно иако од ретки примери кои го завршиле процесот добар дел се вака.Ќе чекаме поголеми бројки за да го видиме резултатот.
     
    На INNERBEAUTY, Munchmallow20, Peanut Butter и 12 други им се допаѓа ова.
  18. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Не сте се бореле за тоа право. Патријархатот ви го дал тоа право бидејќи патријархатот сака да има социјална поделба помеѓу мажите и жените.
    Вие не го отстапувате тоа право со тоа што транс жените ќе го добијат. И вие сте жени, и тие се жени.

    Делузија би било ако се сметаат за биолошки жени, ама не се сметаат за такви. Родот е нешто измислено од луѓето и не е делузија твојот ум да има субјеткивно мислење за твојот род.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.168
    И овој е жена викаш?
     
    На MyMala и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Со самото тоа што користиш нивна наметната терминологија, не треба да те вреѓа реченицата ,,лице што менструира".
    Не сум цис, туку жена. А они меѓусебно може какви сакаат термини да користат.
    Да не коментирам за небинарните што треба да ги условиш во множина. Граматика шо?
    Светот оди во погрешна насока.
    Многу погрешна насока.
    Ќе да е од помфритот во Мекдоналдс што е прскан со најотровните пестициди. Секакви глупоштини искачаат од тие Американците.

    И ако ги прифаќаш во секоја сфера транс лицата, ќе ги прифатиш и во оние сфери што ја загрозуваат жената, затоа што според нив, нема ситуации во кои би ја загрозиле жената, бидејќи се сметаат за жени кои припаѓаат кај биолошките жени.

    Многу ми е биполарно твоето прифаќање.
    Или ги прифаќаш или не. Не до пола.
    Како ги поддржувам хомосексуалците, ама не ги поддржувам да посвојуваат деца. Значи не ги поддржуваш.