Форумџика на годината

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    3.093
    Малку друг правец ќе фатам на темава.

    Реално искуство на реална девојка којашто сега се чувствува како транс-маж.
    Пренесено од моја другарка што е другар со него. Јбг. Не го знам ниту пак некогаш ќе го запознаам во УСА.

    Почнал веќе да зема хормони, ќе прави и операција, И викам добро не ми е јасно која е позадината на сево ова, ми вика бил сексуално злоупотребувана дома како дете, па има створено одбивност кон својот пол.
    Скрос ме асоцира на жени жртви на силување кои после силувањето скрос се запуштаат, се дебелеат, не сакаат веќе да се привлечни како жени (веројатно дури и се обидуваат да се одбивни) потсвесно или свесно за да се заштитат од истото... веројатно чувствуваат и вина дека некако го испровоцирале силувачот.

    Транс мажот во случајов веќе одамна не живее со силувачите и не е во опасност од повторување на истото трауматично искуство, посетува и психолог, но ете пак се дозволува да се изложува на толку голем ризик со хормонски терапии и операции. Ај што страдал во детство, сега се дозволува да страда и како возрасен и да си го уништува телото и здравјето.
    Исто како на жените што погоре ги спомнав да им купуваме секој ден мекдоналдс, наместо да им помогнеме да ја надминат блокадата... дури и полошо.

    - Ова е само еден пример, но сигурна сум дека добар дел од транс луѓето имаат трауми кои резултирале со родова дисфорија, а пак наративот е упорно насочен спрема нормализирање на истата.
    - Што е со влијанието врз децата? Зошто толку упорно се наметнуваат овие проблеми на возрасните на децата, зошто се инсистира да се застапени овие небитни за деца работи во школството?
    - Ако едно дете не може да одговара пред законот пред навршени 14 години (и само делумно до 18, како може да се дозволи одлучи да си нанесе непоправлива штета на организмот?
    - И уште многу други прашања што надолго и нашироко се дискутираат на темава.

    Дали општествата реално се спремни да одговорат на овие проблеми без да нанесат поголема штета?
    Сериозно ни треба кочница, да се видиме кај сме.
     
    На Biljarkata, EvAngelos и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.981
    Критичко мислење што? :drunk:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.627
    Пол:
    Женски
    Проблем e идеологијата што џендер идеолозите ја гураат во позадина.

    Се стремат да создадат цивилизација во која друштвото е непријател на поединецот, во која секој може да ги пресече темелите во друштвото и да стане што сака, произволно и по желба.
    А тоа е безумие.
    Човекот е резултат на биолошки и друштвени влијанија, комплексен сплет.

    Трансродноста има контрадикторност измеѓу својата природна биолошка одредница и психолошкиот став кој е неускладен со полот.
    А не славење триумф што некој се изборил за идентитет во злобниот друштвен систем.
    Процентот нема да остане што е сега.
    Зошто се гураат масовно џендер неутрал предшколски установи ?
    (Шведска со ваков план од ‘96)
    Зошто и кој сака да се ослободиме од досегашните родни идентитети?
     
    На jacqueline.s, Peanut Butter, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.981
    @Cosmi а зошто па да учиме деца на џендер определени улоги во општеството?

    Родот е улога. Која на се' повеќе луѓе не им одговара, врска нема тоа со транс. Мене не ми одговара идни ќерки да ми ги учат на "женски" улоги.

    Тоа е друга тема.
     
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас имам почит и кон спротивни ставови на темава и членки со кои не целосно се согласувам, ама кога ќе дадете некој пример ко Нон бајнри тужеле бла бла бла... Judge Judy левел ситуација clickbait наслов. Ко...?
    Како мислите дека ако дојде ден да се решава ситуацијата би победиле со вакви аргументи... Еве не знам.
    Bffr.
     
    На Scott Weiland, crimson, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.182
    Допаѓања:
    181.206
    Ако го чекавме патријархатот, уште дома ќе бевме и ќе си праевме манџи, неписмени, невработени. Ај доста се бламираш со небулози.
    Тоа второто го погоди конечно- измислено.
     
    На Amellie13, Peanut Butter, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа патријархатот нека ви даде од неговиот простор ондак.
     
    На Munchmallow20, Gosh, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.627
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги учиме на џендер улоги,туку да не измислуваме некаква неутралност и да негираме дека од мали се женски пол и род.
    Зошто џендер неутрал како родов идентитет?
    За да полесно одлучат да решат да сменат пол?
    Да го зголемиме%?
     
    На jacqueline.s, Gosh, Peanut Butter и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Едно непопуларно мислење, ниту некако научно поддржано, ама мислам дека родовите улоги може да имаат удел во дисфорија.
     
    На Angie1432, Gosh, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    3.093
    Како мислиш?
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.182
    Допаѓања:
    181.206
    :|
    Не знам за Шведска, ама во Норвешка станало интересно. Деца од 6 до 16, може да сменат легален статус, а.к.а матичен број.
    Мислам дека сеуште мешаат род и пол, оти убедена сум дека во личен документ нема поле за род (ќе проверам баш во понеделник, да не имаат норвежаните нешто екстра) . Ако ознаката е M, F, X, за пол збориме, нели?
    Како и да е, медиумите продаваат се.
    https://sciencenorway.no/forskningn...he-right-to-their-own-gender-identity/1442568
    Од прашања кои ме мачат- како можеш да сфатиш дека си транс, ако гледаш филм за транс луѓе на возраст од 8 години?!?
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Ако на дете од старт му ги посочуваш родовите разлики и истото не се пронаоѓа во тие што му се наметнати, ќе израсне со помислата дека треба нешто да промени.

    Еве ќе тргнам од себе пример. Јас ко мал само со барбики сакав да си играм, исто и шминки, коси, "женски работи". Ако мене дома ми забрануваа и ми потенцираа дека тоа се работи за женски, мене немаше да ми се изгуби желбата, туку само ќе пораснев со потреба да се променам затоа што се пронаоѓам во работи што се карактеристични за другиот пол/род.

    Биолошки разлики помеѓу половите не негирам, родот и родови улоги се треш и мислам дека сосема треба да се искоренат.
     
    На danichap, Nausicaa, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.981
    Пол не можат да сменат. Никако, нема начин.

    А родот ес ис е проблематичен и за нетранс луѓе, посебно за жените.

    Џендер неутрал односно "девојчиња се однесуваат вака, а момчиња вака" има во суштина еднаквост на родовите (и половите).

    Најбејзик пример ти е колички за момче, кукли за девојче.

    Колку повеќе ги учиме дека е ок и момче со кукли и девојче со колички, толку помалку транс луѓе ќе се оформуваат.

    Го гледаш патернот, белким. Транс се луѓе кои не можат најпрво и пред се' да се носат со улогите на родот кој им е доделен. И тоа е легитимно, ни мене не ми се допаѓаат родовите улоги.

    Минимизирање на тие улоги може само бенефит да има (најмногу за жените, искрено).
     
    На Gosh, crimson, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.182
    Допаѓања:
    181.206
    Скроз сум на пола со твојов став, ете пола лајк, заокружено на 1:D.
    Од една страна се сложувам. И јас да растев со родов стереотип, за да бидеш женско треба да носиш розево, или да изгледаш као треш певаљка од Гранд, може ќе развиев дисфорија. И мислам дека е сосем нормално да има женски што сакаат фудбал и машки што танцуваат, па дури и балет.
    Од друга страна, ко ќе се замислам, самата транс идеологија толку ги хипер-нагласува тие родови улоги, као едвај чекаат да не влегуваш во матрицата и да те класифицираат како трансродово. Велам трансродово, оти ние имаме среден род. Среден род е дете, деца. Ме наапа читањето за Шведска од преѓе, као не им се обраќале со момче и девојче, туку со другарче. А да пробате со деца на пример? |(
    Забегав малку, ама сакам да кажам, различностите отсекогаш постоеле, не измислија топла вода, го имавме Екрем Хусеин, балетан, имаме ваљда и женски фудбалски тим. Оваа идеологија не ми се чини дека остава баш толку простор за слободно изразување.
     
    Последна измена: 19 мај 2023
    На Ketchup, Gosh, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.981
    Другови и другарице :D

    Поентата е да се потиснат родови улоги, што не е лошо, добро е.

    Нема врска тоа толку со транс заедница колку што имаме општа корист :) Колку помалку постојат дефиниции за "девојче" и "момче" што прави, толку помалку ќе биде било кој присилен да конформира кај што не му чини.

    Мене лично преку метафоричкиот кур ми е од се' што треба да правам (изгледам) како жена. Нон бајнари може сум, а не знам.

    Енивеј, ок е родова неутралност за на сите деца се' да им е ок.

    Пошо еве има огромни (беспотребни) диспропорции во одредени професии, ден денес се смеат на "машка мед. сестра", тешко прифаќаат дека има соодветен назив - медицински техничар.

    Или што знам, во живот не сум видела воспитувач маж во градинка, ни па 1-4 одделение. Нема ни за тоа реална причина, освен - родова улога.

    Жените полицајки се понов тренд и се' уште се во огромно малцинство спрема мажите. Пилоти, машиновозачи... итн.

    Се' ова се примери на родови улоги што не ја засега (само) транс заедницата, не' засега сите заеднички.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.182
    Допаѓања:
    181.206
    Па да ти кажам, не ми изгледа како без реална причина оти нема маж воспитувач во градинка, ама тоа е скроз друга тема. Да ја најдеме соодветната па да продолжиме таму?
    A инаку затоа постои феминизам-дека девојче може да биде се што ќе посака, професионално :sun:
    И балетанов спомнат погоре, живееше во истата земја кајшто живееш ти Камелија. Уствари извини, друга земја беше тогаш, мхм, земја на другови и другарице:)

    Ах, кај отиде светов, Норвешка, кајшто Монтипајтон беше забранет, да овозможи менување на род на деца од 6:|
     
    На VDT2906 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.981
    Значи зборуваш за изолирани случаеви.

    Ни јас не сум ок со било какви промени (хормонски, хируршки) кај деца, поназад напишав. Ни со најобична циркумцизија не сум ок.

    Не знам што поточно Норвежаните прават, ама "џендер фри" растење не е лоша идеја.

    Иначе најди ја темата за мажи воспитувачи/негуватели; ме интересира.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Ебаго де, џендер фри ако се растеле децата, поубо било. Демек оти девојче е ќерка ми, готово заебана за цел живот. Демек не можите да ги нарекувате девојчиња без да им велите, вие треба да чистите, перите и воспитувачки да бидите? Толку ви е проблем зборот девојче и ве трауматизира што го сметате за коренот на сите проблеми?
    А наместо да барате да се искорени девојче/момче, да си ги прифатите дечињата и да си ги воспитувате дека и момчиња и девојчиња чистат, и момчиња и девојчиња готват, и момчиња и девојчиња возат коли итн.
    Мислам ту мач крап има во денешницава маскирано во политичка коректност. Ако сакате женските да ви израснат во цврсти, храбри, почитувани жени, кажете им дека се женски и дека со желба и труд можат да постигнат се што ќе сакаат во животот. Истото и со момчињата. Тоа е тоа, нема тајни рецепти.
     
    На Cherry333, *Amethyst*, christinnn и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    21.363
    Проблемот е што тие woke родители што растат џендер фри деца, воопшто ни полот не го рачунаат.
    Не користат зборови ко девојче и момче, не кажуваат кој каков полов орган има (нели објаснето во склад со возраста) него едноставно им викаат па некои луѓе имаат куре, некои дунде.
    А од ова нема стварно потреба.
    Што вика @jacqueline.s може да знаат дека се девојче или момче и пак да не мора да се наметнуваат родови улоги.

    Оти биолошкото не може и не треба да го скриеш. Девојчето ќе добие братче и што, ќе се тресеш случајно курето да не го види на братчето па да дознае дека не се исти?
     
    Последна измена: 20 мај 2023
    На Peanut Butter, VDT2906, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Може некој поупатен да ми каже каква е полезноста од џендер фри воспитувањето?
    Има некакви придобивки?
    Зошто бе вакви работи не искачаат од Јапанците, светлосни години пред нас. Се што ќе излезе од хамбургер озрачена нацијата прифаќате.
    Џендер фри родителство.
    Господ нека ни е напомош.
    И кога човековата глупост не може да отиде подалеку.

    Имаше на фејсбук еден клип. Седнале двајца на деца од 5 години им објаснуваат за трансџендери и останати несфатливи работи на таа возраст. Фацата на децата беше, како некој вас да ви објаснува матрици, синус, косинус, пред првото кафе, а претходната вечер си се направил купус.
    Оставете ги децата да бидат деца.
    Вашите верувања и сфаќања на себе применувајте си ги.
    Џендер фри родителство, мај ес.
     
    На *Amethyst*, christinnn и VDT2906 им се допаѓа ова.