Ако забрани перики, и тој ќе треба да го извади тупето Ако Трамп ти е репер за 'памет'... нема што повеќе да се дискутира.
Замисли идеш на ова тестирањево на Менса за IQ и првото прашање е најлесното и таму има нацртани машко и женско и ти вика заокружи го женското (чисто да видат дали си дебил) и ти оп го заокружуваш машкото. Толку од тестирањето, крај приче.
Во Унгарија, владата одлучи да престане да финансира родови студии на нивните универзитети. Тие одлучија дека јавното финансирање повеќе не треба да ја поддржува идеологијата која се спротивставува на здравиот разум и општото добро, и која го присилува општеството да се прилагоди на погрешна идеја за човечката природа. Ставот на владата е дека „луѓето се раѓаат или машки или женски“ - изјави портпаролот на премиерот за CNN - и ние сметаме дека не е прифатливо за нас да зборуваме за општествено-конструирани родови, наспроти биолошките полови. https://edition.cnn.com/2018/10/19/europe/hungary-bans-gender-study-at-colleges-trnd/index.html
И што сега, белосветски диктатори и нивните одлуки ќе ги величаме овде? Трамп, Орбан... кого следно ќе застапиш, Ердоган или Ким Јонг Ун можеби? Поддржуваш укинување на право на избор, некој да студира за нешто во што верува Како би реагирал ТИ да во некој квази-комунистички режим на пример, лидерот со закон укине теолошки студии? Срамота... Што ти е хуманиот и разумен изговор тука... родовите студии кому пречат, како преку нив биолошките припадници на двата рода се „дискриминирани“ од транс луѓето (пошто со таквата премиса во врска со спортот ја почна темата)?
Де прочитај го уште 2-3 пати постот па после реплицирај. Гледам ништо не си разбрала. Прво, не им е укинато студирањето, туку државата одлучува да престане да ги финансира. Второ, никој не им брани да си веруваат во родовата идеологија, ама не е во ред државата да им плаќа за они да ја шират таа идеологија. И не им е забрането да си ја шират таа идеологија, ама сами ќе да си обезбедат финансии за тоа. Трето, кога веќе спомнуваш теолошки студии, Македонија никогаш не финансирала теолошки студии за протестантите, ниту црковни објекти и сл. Ние сами си обезбедуваме финансии за тоа и немаме проблем со тоа. И не само протестантските цркви, туку државата не го спонзорира образованието на ниту една од верските заедници, со исклучок на МПЦ која е примена под капата на УКИМ.
Премногу е што не плаќате даноци... Родовата 'идеологија' е она што ја држи мајка ти дома и кога има добиено... да не спие в шупа
Сакате за спорт да зборуваме? Ова на личност од машки или женски пол ви личи? Се работи за 18 годишен тинејџер кој упорно бара да се натпреварува во машка категорија, ама во Тексас тоа не е возможно. Секој со својот биолошки пол, викаат. Плус под Трамп, ова е уште повеќе зацврстено. Нема отстапки. И така средношколецот 2 пати по ред победува во женска категорија затоа што не му дозволуваат да се натпреварува во машка.
Mack Beggs started his transition a few years ago with testosterone injections Од морални причини треба да се повлече од млатење девојчиња.
Спремни за Олимписките Игри во 2020? Ќe имаме прилика да гледаме како биолошки маж игра за женската одбојкарска репрезентација на Бразил! Типот кој сега се идентификува како жена, долги години играл во машката лига, а сега веќе руши рекорди во женската, од очигледни причини... Во прилог е отвореното писмо на четирикратна олимпијка, која објаснува зошто е дискриминација за вистинските жени да им се дозволи на биолошки мажи да се натпреваруваат во женска категорија. Лудило е што дојдовме до тука, да се објаснуваме за вакви нешта, ама ете, за жал мораме. https://fairplayforwomen.com/ana_pa...3S6yt6boiH5bNRoSH5sNpuHRZBoMKmw6X6MMPe-9ERYpk