За мене лично ми се свиѓа машкиот стил, се чувствувам удобно во машко тело со типичен машки излед. За некој друг маж одговорот би бил различен најверојатно.
Yeah sorry, ама тој заклучок дека транс жените се опасни врз база на некој што не е транс жена е... хаос. Ова е личност која се обидела да изгледа безбедно на некое дете, со тоа што се облекол како жена. И како што видите, не отишол во женско ВЦ или женски простории туку возел и прашал дете дали му требало помош пошто тоа му била целта. Потоа на суд се изјаснил дека сака да му се обраќаат во машки род и нема да оди во женски затвор. И како е фер да се донесуваат заклучоци според ова за транс жени? Дали озбилно сметате дека личност која изгледа како транс женава на сликава треба и добро ќе помине во машко ВЦ? Не е фер бе да очекувате такво нешто. „Шуњаат по женски вециња“ Тоа е според заклучок дека секоја транс жена е маж кој е силувач и манијак. Искрено уморна сум од овие муабети за ВЦња, затоа уште еднаш ќе кажам, нема начин како да се спречи транс луѓе да влегуваат во она ВЦ во кое сакаат освен ако не стои полиција пред ВЦ и проверува што имаш меѓу нозете. А, не зборувам за тоа дека секоја транс жена ќе изгледа како женава погоре, зборувам најмногу за тоа што нема начин како да се контролира, јавно ВЦ е со разлог, кој сака ќе влегува и најдобрата опција е да останат ВЦњата делени на мажи и жени, пошто веќе ТАКА најголемиот процент од предаторите нема да влезат во женско ВЦ туку мажите си одат во машко.
На многу транс жени исто им се свиѓа машкиот стил и си се чувствуваат удобно во машко тело ( немаат дисморфија и не сакаат операција), а сепак се чувствуваат како жени. Како тоа едни исти особини дефинираат некого како маж, а некого како жена? Како можете да зборувате за родови идентитети без никаква дефиниција за истите, само со некој лаички коментар од типот "па секој сам си одредува што е за него маж, а што жена, тоа е различно за сите?" Ако 9 годишно девојче отиде на психолог и каже дека се чувствува како маж и сака да транзитира, како тој психолог ќе утврди дали е тоа така? Пошо субјективно е нели, девојчето си има право на нејзина дефиниција, нека ја наклукаат со хормони, нека и напраат кур, па после неколку години коа ќе сфати дека тоа што не сакала розе боја не значи дека е маж, нека се чуди што со себе. @Srckata28 ништо не те разбрав, сакаш да кажеш дека месарот не е транс жена или?
Врз база на чувствува . Јас почнувам да чувствувам дека сум маж, сакам машка плата, подобро ја работам работата од тројца мажи заедно. Кај треба да се обратам?
Ми го игнорираш тврдењето дека одговорот е различен за секоја личност. Тоа што го кажав за мене не ме дефинира како маж, туку е мојот субјективен поглед на зошто мојот идентитет е маж. Тоа што ме дефинира мене како маж е тоа што јас се идентификувам како маж и ништо друго. А зошто е тоа така не е битно. https://www.psychiatry.org/patients-families/gender-dysphoria/what-is-gender-dysphoria Овде ти е објаснето кои критериуми психијатрите ги користат за да го одредат тоа. Не е толку просто само девојче да каже „се осеќам како машко“. Има голем број на конкретни критериуми.
Јас отсекогаш сум велела, и многу транс луѓе се согласуваат со ова, дека дисфорија е услов за некој да биде транс. И истата да биде дијагнозирана од професионално лице за некој да може да дојде до хормони или операции. Ако немаш дисфорија, не си транс. И јас сум слушала многу „транс жени“ како зборат дека се океј со нивниот пенис и не сакаат операција и тоа не го менува фактот дека се жени ама... го менува. Пошто се губи целата поента зошто транс луѓето се валидни. Е сега, точно да се дијагнозира дисфорија, наместо обична телесна дисморфија, одбивност која може секој да ја чувствува за своето тело е нешто што треба да се истражи и подобро да се спроведува од страна на професионалци. Ни јас го немам одговорот тука. Но никако не смее да е субјективно, како што е сега искрено. Прелесно е во поразвиените држави да се дојде до хормони. Секоја будала одлучува дека е транс пошто поминува превише време на твитер.
Нема пензија на 62, треба до 72 да работиме, буџетот е празен јер спонзорираме транс активизам меѓу другото. Поарно транс маж, не може да те отпуштат ради бременост, менопауза, хистерија...
Yeah, за тебе одговара оној израз chronically online. Никој кој има трошка памет не би се согласил дека род и пол се едно исто, пошто не се, тоа јас и на факултет го учам. Но, тој факт не е докажан за да вие американски либералци смислувате 100 рода, туку едноставно да потенцираме дека за разлика од животните, кај нас луѓето, за поимите маж и жена се поврзани милион социјални норми и тие социјални норми НЕ се биолошки определени. И скроз си во право, секој различно осеќа што е да си маж или жена... само што не можеме да правиме нов род од секое различно чувство. Според тоа што ти го кажа, да си станал на лева нога, би можел денес да се идентификуваш со некој нов род кој ти си го смислил. Што, звучи како многу плиток и чуен аргумент, ама вистина е. Затоа не, не е доволно само ти да се идентификуваш како маж, туку доволно е што си роден како маж и што немаш биолошко пореметување које би те сместило во категорија на транс личност.
Како бе Срцка нема да оди во женски затвор, кога ни таму тој министерот појма нема дали ќе оди во женски затвор. Ете, моментално транзитира особава, барем според вести од завчера. https://news.sky.com/story/transgen...ting-and-sexually-abusing-schoolgirl-12883405 Појма немав кој е, не дека сите ги знам. Втф се дешава во Шкотска уствари, сексуални предатори нашле дупка во законот? Настрана вецињата и легитимните транс жени, шо праиме со соблекувални и останати женски простори, in the light of дупката во законот? Дупка во мозокот ми се напраи од информацииве и некои ,,авторитети,, овде, ќе треба да одморам од темава ради психичко здравје и добробит.
Со векови мажите ги угнетувале жените, таман сме се ослободиле од стегите и сме добиле еднакви права...сега мажи облечени како жена ( или само се чуствувале жена) не враќа векови наназат. Двојни арашини трансовите бараат нивните чуства да бидат валидирани на сметка на биолошките жени. Битни е само транс жените како се чуствуваат, небитно е биолошките жени како се чуствуваат. Ако ова го протуркаме како што бараат, многу болни умови како педофилите може да го искористат ова во грозни работи.
Живо ме интересираше дали доаѓаш на протести за 8ми Март. Дали и по другиве теми се замараш кога некоја жена ќе се пожали за неправда. Дали коментираш за ужасни ситуации низ кои некоја жена поминува. Ти отворив профил. Секако дека не. Затоа ти паѓа во вода секој аргумент. Затоа што се секираш само за транс жени. Затоа што за да сфатиш што ти зборат жените треба да го отвориш форумов малку пошироко, да видиш со што си имаме работа секој ден, па дури тогаш можеби ќе разбереш зошто на жени не им е сеедно доколку биолошки маж кој не транзитирал им се пикне во сејф спејс. Смалете малку доживљај и слушајте што ви зборат тие од кои барате прифаќање.
Јас не знам зошто мене ми реплицираш. Се согласувам дека родот не е биолошки определен и нема врска со полот. И јас не правам дискусија за останатите родови. Останатите родови не ни бараат да има посебни вециња за нив, не знам зошто воопшто ги вмеша тука. Најбитно е транс луѓето сега за сега да добијат еднакви права. Останатите родови не трпат дисфорија.
А како знаеш дека не трпат? Нели све си е тоа индивидуално, субјективно? Како знаеш што имаат тие во главата. Инаку за права како пристап до женски простории со мушки фаци нема никогаш да поддржам. Еве ти кажувам
Цис,мис,дис,кис, терф, мерф, алооо дали сте нормални? “Жена” со кур, со мене во тоалет, соба, не фала.
Туку поназад што се начна дискусија за трансплантација на матки. Ако има транс жени што толку сакаат да бидат родители, можат уште одма да почнат постапка за посвојување дете. И тогаш си родител, не само ако го износиш и родиш. Пресадување на матка може тек за 100 години да видиме, а дете (зависно од процедури) можеш за побрзо да посвоиш. Ама уствари тоа дека и цис мажи го можат. Џабе ќе се мајки у душата ако не го родиле како жени. И сфаќаш дека со ова што сакале да се мајки уствари не им е битно и мерак и желба да израснат дете него само да се осеќаат исполнето и поблиску до биолошките жени со бременост и раѓање. Детето после мање битно. Зашто сите се тепаат да имаат матка, да посвојат или згрижат дете не.
Не знам зошто толку одите во екстрема. Треба да се разграничи трансфобија од лични преференци и чувство на безбедност. Во однос на WC, немам проблем транс жена со “вагина” да оди во женски тоалет. Немам проблем транс маж со вагина да оди во женски тоалет. Имам проблем транс жена која се уште има пенис да оди во женски таолет, како и транс маж со пенис. Трансфоб сум? Во однос на лажењето за биолошкиот пол, не верувам дека и сами си верувате на тоа дека е “океј”. На крај краева, зошто некој транс, би сакал да биде со потенцијален трансфоб, ако веќе има толку добри намери? Кажи си, ако бидне-бидне, ако не, секој по свој пат. Така и транс лицата се побезбедни, и ние “цис” не сме изманипулирани или практично речено силувани. Тоа не е трансфобија, лична преференца е. Ако некоја лезбејка да речеме, што сака жени(читај вагина), се најде изманипулирана од транс жена со пенис, и она ли е трансфоб, што самата е на “спектарот” на ЛГБТ+? Многу е едноставно, почитувај ги моите чувства, за да ги почитувам твоите.